feature

Клоп: Ливерпул плати премногу пари за Вирц

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека сумата што неговиот поранешен клуб ја инвестираше во трансферот на Флоријан Вирц е претерана.

„Црвените“ го срушија рекордот во Премиер лигата со тоа што платија 116 милиони фунти на Баер Леверкузен за германскиот репрезентативец.

„Без сомнение, тоа е претерана сума, а играчот на Ливерпул знае дека ако работите не одат добро во два или три натпревари… Сите се согласуваме дека зборуваме за одличен играч. Знам дека еднаш реков дека ако платиме 100 милиони евра за играч, ќе си заминам. Но, светот се менува. Тоа е пазарот“, рече Клоп.


Хрватот Бојан Богдановиќ објави крај на кариерата

Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ одлучи да се пензионира. Богдановиќ ја објави својата одлука на социјалните мрежи.

„Понекогаш во животот не го избирате моментот. Тој ве избира вас. По 14 месеци борба со повреда на стапалото, две операции и безброј обиди да се вратам на теренот, време е да се затвори едно поглавје. По повеќе од две децении поминати на паркетот, дојде моментот да се збогувам со кошарката. Не само како спорт, туку и како дел од мене. Тешко е да се опише во неколку реченици сè што ми донесе кошарката. Ме обликуваше како спортист, но уште повеќе како личност“, напиша меѓу другото Богдановиќ.

Бојан Богдановиќ пристигна во НБА лигата во 2014 година. Ги бранеше боите на Бруклин, Вашингтон, Индијана, Детроит, Јута и Њујорк. Просечно постигнуваше 15,6 поени во 719 натпревари. Пред тоа, играше во Европа за Зрињски, Реал, Цибона, Мурсија и Фенербахче.


Зенит испрати понуда за Абрахам

Зенит упатил понуда од 20 милиони евра за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам, објави Џанлука Ди Марцио.

Руските гиганти, исто така, подготвиле тригодишен договор за Англичанецот, со плата од 5 милиони евра по сезона, но според информациите, самиот играч нема желба да замине во Санкт Петербург и најверојатно ќе одбие таков трансфер.

Абрахам е во сопственост на Рома, но минатата сезона ја помина на позајмица во Милан, кој нема да го задржи трајно, иако одигра 45 натпревари со 10 гола и 7 асистенции за „росонерите“.


Ди Марија заврши со европскиот фудбал и се врати во Аргентина

Аргентиската фудбалска легенда, Анхел ди Марија, со вчерашниот настап на Светското клупско првенство се прости од европскиот фудбал.

Ди Марија кој беше стрелец за единствениот гол на Бенфика од пенал, по што следуваа продолженија во кои Челси успеа да даде уште 3 голови во рок од 9 минути, за конечен резултат од 4:1.

Поразот во осминафиналето го означи и последниот меч кој Аргентинецот го одигра во боите на дресот на португалскиот клуб. Неговата следна дестинација ќе биде клубот од детството – Росарио Централ.


Кејн го уништи Фламенго и закажа четвртфинале со ПСЖ

Најтрофејниот германски клуб; Баерн го елиминираше Фламенго, клуб со најмногу регистрирани навивачи во светот и резервира место во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА: Баерн го победи Фламенго со 4-2 (3-1) пред 60.000 навивачи во Флорида.

Фламенго официјално има 46,9 милиони регистрирани навивачи, што го прави најпопуларниот клуб во светот. Пресметано е дека 21,9 проценти од населението на Бразил го поддржуваат овој клуб.

Во битката за полуфиналето, Баварците ќе се сретнат со европскиот шампион, Пари Сен Жермен, кој во првиот натпревар од денот го декласираше домашниот тим Интер Мајами со резултат од 4:0.

Фламенго го реши најдобриот стрелец на Баерн, Хари Кејн. Англичанецот постигна два гола во деветтата и 73.минута. Баерн до предност дојде со авто голот на Пулгар во шестата минута. Еден гол за Баварците постигна Леон Горецка.

Головите за Фламенго ги постигнаа Жерсон во 33. и Жоргињо во 55.минуута.


Се разделија Милан и Лука Јовиќ

Милан денес ја потврди и разделбата со Лука Јовиќ, српскиот напаѓач ќе си бара нов клуб.

Јовиќ не се прослави во редовите на „росонерите“, па поради тоа ќе мора летово да бара нов тим за иднината.

Србинот оваа сезона настапи на 15 натпревари во Серија А, при што постигна само два гола и играше под сите очекувања.

За услугите на српскиот напаѓач покажаа интерес неколку екипи, но засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.


ПСЖ го декласира Интер Мајами и прелесно обезбеди четвртфинале на СКП

Европскиот шампион, ПСЖ многу лесно се справи со Интер Мајами во осминафиналето од Светското клупско првенство, победија со 4-0, сите погодоци беа постигнати во првото полувреме.

Во првото полувреме имаше само еден тим, ПСЖ уште од самиот почеток на мечот ја воспостави доминацијата и покажа кој е кој.

Со гол на Невес во шестата минута ПСЖ поведе со 1-0, а истиот фудбалер во 39. минута зголеми на 2-0.

Во 44. минута Авилес си постигна автогол, а во судиското продолжение од првиот дел Хакими погоди за конечни 4-0.

Второто полувреме беше сосема поинакво, ПСЖ не сакаше да притисне за повеќе голови, ги штедеше силите и речиси и не се обидуваше да дојде до нов погодок.

Таквата игра му овозможи поголема активност на Интер Мајами кој создаде неколку полушанси, но не успеа да постигне почесен гол.

ПСЖ во четвртфиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Фламенго и Баерн Минхен.


Ник Волтемаде по секоја цена сака во Баерн Минхен

Новата ѕвезда на германскиот фудбал, Ник Волтемаде, утрово ги отфрли понудите од Челзи и Наполи, тврди „Билд“. Напаѓачот на Штутгарт сака да се пресели само во Баерн Минхен ова лето.

Од Челзи и Наполи контактирале со претставниците на 23-годишниот голгетер, но тој бил категоричен во својата одлука. Волтемаде постигнал договор со Баварците претходно оваа недела. Тој се согласил на петгодишен договор со плата од околу 10 милиони евра по сезона.

Се очекува Баерн да започне преговори со Штутгарт во наредните денови. Информациите се дека тие ќе бидат тешки и долги. „Швабите“ сакаат 100 милиони евра за својата ѕвезда, додека Баварците се подготвени да дадат околу 40 милиони евра.

Ник Волтемаде веќе го информирал својот сегашен клуб дека сака да се пресели во Баерн сега. Тој ја отфрлил понудата за нов договор од Штутгарт.


Имобиле се врати во Серија, но не го одбра Милан – туку Болоња

Напаѓачот на Бешикташ, Чиро Имобиле, се враќа во Италија. Италијанецот се договори со Болоња, но договорот сè уште не е финализиран, бидејќи сè уште е под договор со истанбулскиот гигант.

Имобиле има договор со Бешикташ до јуни 2026 година и турскиот клуб сака да добие обештетување за трансферот на играчот во Болоња.

Во моментов се водат преговори за висината на обештетувањето што треба да го добие Бешикташ.

Самиот Имобиле веќе го договорил својот однос со Болоња, каде што ќе потпише договор за 2 милиони евра годишно. За споредба, играчот моментално добива годишна плата од 6 милиони евра во Бешикташ.


Мекларен слави двојна победа во Австрија

Ландо Норис ја освои Големата награда на Австрија со импресивен настап, оставајќи го зад себе својот колега Оскар Пјастри. Двајцата возачи на Мекларен доминираа во текот на целата трка и во ниту еден момент нивната победа не изгледаше загрозена. Конкуренцијата – предводена од Шарл Леклер и Луис Хамилтон – остана далеку зад нив и не успеа да се замеша во борбата за првото место.

Првиот сериозен инцидент се случи веднаш на стартот – Артуро Антонели и Макс Верстапен се судрија во третата кривина и ја завршија трката. Контактот меѓу двајцата доведе до излегување на безбедносното возило на патеката.

Карлос Саинц Јуниор исто така имаше проблеми и беше оставен во кругот за загревање поради дефект на менувачот. Откако стартуваше, автомобилот на Вилијамс се запали при влегувањето во боксот поради прегревање на задните сопирачки.

По денешната трка во Австрија во генералниот пласман води Оскар Пјастри со 216 бода пред Ландо Норис кој има 201, а Макс Верстапен е трет со 155 бода.