feature

Лазаров ги избра адутите за Светското првенство

Македонскиот селектор Кирил Лазаров денес го објави поширокиот список ракометари за Светското првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. На списокот на Лазаров се најдоа 35 ракометари, од кои поголемиот дел играат во домашното првенство.

Единствените тројца повикани интернационалци се Мартин Томовски од германски Потсдам, Филип Талевски од Бенфика и Мартин Карапалевски од Ваљадолид. Македонија на СП 2025 е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја.

Избраниците на Лазаров ќе го отворат Мундијалот на 15 јануари против Унгарија, по што следуваат дуелите со Холандија (17 јануари) и Гвинеја (19 јануари). За македонската ракометна репрезентација, која натпреварите од групната фаза ќе ги игра во Вараждин, ова ќе биде деветто учество на светските првенства, а седмо едноподруго.


GIVEAWAY “СО ЕВРОТИП НА СВЕТСКО“!

Подготви се за бодрење на најдобрите македонски ракометари од трибините во Хрватска. Патувај со Евротип на светско и биди дел од навивачката еуфорија за ракометниот мундијал.

Добитникот од giveaway-от за себе и за тагнатиот пријател добива пакет аранжман со влезници за следење на трите натпревари на македонската репрезентација во групната фаза, со вклучен автобуски превоз и хотелско сместување. Патувањето на првенството е во соработка со туристичка агенција ЈК Травел.

Правила за учество:

Заследете го Евротип Инстаграм профилот: https://t.ly/Ov_71 и Фејсбук профилот: https://t.ly/p7jfB
Во коментар тагнете пријател со кој заедно ќе патувате на Светско.
Тагнатиот пријател исто така треба да ги има заследено Инстаграм и Фејсбук профилите на Евротип.
Право на учество во giveaway-от имаат само полнолетни лица со важечка патна исправа (пасош).Добитниците ќе бидат избрани со апликација за случаен избор и објавени на 31.12.2024.


Заврши сезоната за Колмбиецот Кабал од Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Хуан Кабал, ги искина лигаментите на коленото и ќе мора да оди на операција. Тоа значи дека „старата дама“ остана без уште еден значаен дефанзивец до крајот на сезоната.

-Денеска играчот Хуан Кабал беше подложен на дијагностички тестови кои открија кинење на предните вкрстени лигаменти на левото колено“, се вели во соопштението на италијанскиот состав.

23-годишниот фудбалер кој набрзо ќе биде опериран, практично ја заврши сезоната.


Тареми даде три гола, Иран со многу проблеми ја совлада Северна Кореја

Фудбалерите на Иран ја задржаа лидерската позиција во А групата, во квалификациите за пласман на Светското првенство откако ја совладаа Северна Кореја со 3-2 (3-0).

Централна фигура на натпреварот одигран во Лаос беше фудбалерот на Интер, Мехди Тареми, кој имаше хет-трик со асистенции, но за малку ќе се претвори од херој во трагичен.

Иран одигра совршеното прво полувреме и ужасно второ полувреме. Натпреварот долго ќе го памети Тареми.

Напаѓачот на Интер најпрвион му асистираше на Гаједи во 29.минута, а потоа забележа уште две асистенции во 41. и 45.минута кога стрелец беше Мохеби

Кошмарот за Tареми и Иранците започна во 52. минута кога останаа без Кализаде, кој беше исклучен, а во 56. минута Тареми си постигна автогол и ги врати играчите од Северна Кореа во натпреварот.

Три минути подоцна веќе беше 3-2, стрелец беше Ким и победата на Иранците веќе беше сериозно загрозена.

Во 67. минута, беше досуден пенал за Иран, топката ја зеде Тареми и промаши.Во преостанетите 25 минути одбраната на Иран успеа да издржи, ги одби сите налети на Северна Кореја.

Иран во групата е прв со 13 бода, Узбекистан со натпревар помалку има 10 бода, следуваат со по четири Обединетите Арапски Емирати и Катар.


Бруно Фернандеш: Аморим во вистински момент доаѓа во Јунајтед

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека новиот тренер Рубен Аморим доаѓа во вистонско време за да внесе нова енергија во клубот. .

Аморим официјално го презеде Јунајтед во понеделникот, претходно клубот го напушти Ерик тен Хаг поради лошите резултати.

„Направи нешто посебно во Спортинг. Ги гледав скоро сите натпревари на Спортинг, Аморим е некој кој ја врати возбудата во клубот, им донесе многу добри работи и се надевам дека ќе може да го направи истото и овде. По речиси 20 години ја освоија титулата“, изјави за Фернандеш на клупската телевизија.

Тој рече дека Манчестер има различни играчи и дека поради тоа може да игра на неколку начини.

„Сигурен сум дека идејата што ја има ќе ни донесе успех, без разлика на тоа како ќе играме. За мене е важна врската што ја има со играчите. Видовме како се простија од него, начинот на кој го третираат доволно зборува за тоа колку го почитуваат. Одеше на конференции и ги бранеше по лошите резултати“, изјави Фернандеш.

Португалскиот фудбалер не постигна гол на 13 натпревари оваа сезона во кои Тен Хаг го предводеше Манчестер, а потоа погоди четири пати во пет натпревари додека Руд ван Нистелрој привремено го водеше тимот.

Аморим на 24 ноември ќе дебитира на клупата на Манчестер Јунајтед во 12. коло од Премиер лигата против Ипсвич.

Манчестер се наоѓа на 13. место на табелата во Премиер лигата со 15 бодови, додека во Лига Европа е на 15. позиција со шест бодови.


Барса го пикира Квича за прво засилување следната сезона

Крилниот напаѓач на Наполи, Квича Кварацелија, може да го напушти италијанскиот состав иако има договор до 2027 година.

Според медиумите на „Чизмата“, претставниците на Барселона стапиле во контакт со 23-годишниот фудбалер за да ги дознаат условите за евентуален трансфер.

Грузиецот во сезонава има 12 натпревари на кои постигна пет голови и направи две асистенции.


Милевски: Честитки за моите фудбалери за истрајноста и трпението

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Летонија со 1-0 во петтиот натпревар од Лигата на нации и дефинитивно го обезбеди првото место во Лигата Ц, а направи и уште еден чекор кон дополнителен мундијалски бараж.

Стрелец на единствениот гол за триумф беше Никола Серафимов во 57. минута.

Селекторот Благоја Милевски уште еднаш порача дека за триумфот се заслужни фудбалерите кои уште еднаш го дадоа максимумот во националниот дрес.

„Честитки за фудбалерите, за истрајноста, за решителноста и за трпението, една тешка, но заслужена победа. Дефинитивно ја заслуживме, затоа што момците го вложија својот максимум и тоа на крајот даде резултат. Нова победа, без примен гол, тоа може да нѐ радува, затоа што имаме континуитет и сега веднаш ќе се насочиме кон последниот натпревар против Фарски Острови. Жал ми е што Елиф Елмас не можеше да продолжи, но горд сум што Македонија има таков фудбалер, затоа што презема ризик и стартуваше, самиот инсистираше, иако беше неизвесен“, изјави селекторот Благоја Милевски.


Мусиала доби огромно зголемување на платата за да остане во Минхен

Челниците на Баерн Михен, Макс Еберл и Кристоф Фројнд до крајот на годината ќе ги завршат сите формалности околу новиот договор на Џамал Мусијала. Актуелниот договор на Мусијала со Баерн истекува во јуни 2026 година.

Мусијала е означен како главен играч во новиот проект на клубот, поради тоа ќе добие договор до 2030 година и зголемување на платат за 140 отсто.

Според актуелниот договор, годишната бруто плата на Мусијала изнесува околу 9.000.000 евра, со новиот договор клубот му нуди бруто плата во износ од 22.000.000 евра.

За споредба, повеќе од Мусијала во моментов заработуваат: Хари Кејн (24.000.000), Мануел Ноер, Лерој Сане, Џошуа Кимих (по 20.000.000), Кингсли Коман, Серж Гнабри (по 19.000.000), Леон Горецка (по 17.000.000), Ким, Дајо Упамекано, Жоао Палиња (по 16.000.000), Мајкл Олис (13.000.000) и Алфонсо Дејвис (11.000.000).

Баерн може ова да си го дозволи бидејќи од наваедените играчи, петмина сигурно од наредната сезона нема да бидат во Минхен. Станува збор за Ноер, Сане, Коман, Горецка и Дејвис.

Мусиала со овиот договор ќе стане вториот најплатен играч на Баерн, веднаш зад неприкосновениот Кејн.

Германските медиуми пишуваат дека во новиот договор на Мусијала нема да има откупна клаузула.


Куртоа не сака да игра за Белгија додека Тедеско е селектор

Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид се уште не сака да се врати во белгиската репрезентација.

Питер Вилемс, извршен директор на Белгиската фудбалска асоцијација, отпатува во Мадрид за да се обиде да го убеди голманот повторно да застане на голот на Белгија.

Сепак, голманот на Реал остана на својот став. Тој одби да се врати се додека селектор е Доменико Тедеско.

Куртоа го пропушти ЕП поради несогласувања со германскиот стручњак, а неговиот последен натпревар за Белгија беше во 2022 година.

Поради повреда на мускулот ги пропушти и последните четири натпревари за Реал.

Во последните две кола од овогодинешната Лига на нации, Белгија вечерва на домашен терен игра со Италија, додека во недела гостува кај Израел.


Македонија ја совлада Летонија и врза четири победи по ред во ЛН

Фудбалската репрезентација на Македонија го продолжи својот успешен настап во Лигата на нациите, обезбедувајќи го првото место во групата 4 по минималната победа од 1-0 над Летонија на „Тодор Проески“ арената во Скопје.

Со овој успех, Македонија врза четири последователни натпревари без примен гол, што е ретко постигнување во историјата на репрезентацијата.

Следниот натпревар ќе биде можност за македонските фудбалери да продолжат со добрите резултати и да го одржат високото ниво на форма.

Оваа победа значи многу за македонскиот национален тим, кој во текот на квалификациите прикажа стабилност во одбраната и креативност во нападот, што им овозможи да го освојат првото место и да ја зацврстат својата позиција во европскиот фудбал.