feature

Дин Хујсен се повлече од репрезентацијата поради мускулна повреда

Frontview of Dean Huijsen playing for Spain

Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Дин Хујсен, го напушти кампот на шпанската репрезентација поради мускулни проблеми и се врати во Мадрид на дополнителни медицински прегледи. Повредата се однесува на солеус мускул, која Хујсен ја доби уште за време на октомвриската репрезентативна пауза. Иако успеа да се врати на терен за Ел Класико, непријатноста повторно се јави за време на сегашната, ноемвриска пауза, по што шпанските лекари одлучија да го испратат назад.

Хујсен ќе го пропушти последниот квалификациски натпревар против Турција, но бидејќи Шпанија веќе обезбеди пласман на Светското првенство, неговото отсуство нема да влијае на кампањата.

Враќањето на Хујсен во Мадрид доаѓа во момент кога клубот се соочува со сериозни проблеми во дефанзивата. Младиот централен бек е еден од клучните играчи оваа сезона со 18 настапи во сите натпреварувања, а неговото отсуство дополнително ја оптоварува одбраната пред наредните натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите.

Медицинскиот тим на клубот ќе игра клучна улога во следење на: кондицијата на играчот, балансот помеѓу опоравувањето, и натпреварувачките обврски.


Осимен, Салах и Хакими: Финалисти за Африканската Златна топка 2025

Osimhen, Salah and Hakimi

Виктор Осимен беше еден од најсјајните напаѓачи во дресот на Галатасарај и на Нигерија во 2025 година. Од јануари до средината на октомври, тој покажуваше извонредна способност за постигнување голови, вклучително и спектакуларен хет-трик против Бенин во октомври, кој им обезбеди на Нигеријците место во плејофите за Светското првенство. Неговите клучни настапи продолжија со два гола против Габон во ноемвриските плејофи, потврдувајќи ја неговата важна улога во потрагата на Нигерија по пласман на СП. Во Суперлигата, Осимен постигна 26 гола во 30 натпревари, со прецизност на шутирање над 50%, демонстрирајќи клиничка ефикасност пред голот.

Мохамед Салах продолжи со доминантните настапи за Ливерпул оваа година. Познат по брзината, прецизноста и креативноста, Салах заврши во Премиер лигата со 29 голови и 18 асистенции, кршејки го рекордот за најголем број на гол-контибуции во сезона со 38 натпревари. До октомври 2025 година, иако формата од минатата сезона забележливо е згасната, Египќанецот сеуште знае да ја пронајди мрежата и да му помогне на клубот од Мерсисајд .

Во ПСЖ, Ашраф Хакими продолжи да импресионира и оваа сезона. Тој беше клучен за стабилноста на одбраната, но и за офанзивната игра на тимот. Хакими редовно се појавуваше во Лига 1, со значајни асистенции и солидни дефанзивни перформанси, како и во во Лигата на шампионите. Со својата брзина, прецизни центрирања и дефанзивна способност, Мороканецот му помогна на ПСЖ да ја освој престижната тројна круна минатата сезона. Според многу аналитичари и фанови, овие признанија го прават главен кандидат за наградата.


Алварез или Кејн се најпосакуваните опции во Барса за замена за Левандовски

Според „Мундо Депортиво“, Барселона сака да купи врвен напаѓач кој ќе го замени Роберт Левандовски, чиј договор истекува следното лето.

Клубот верува дека неговите финансиски можности дозволуваат скап договор. Се очекува заминувањето на Левандовски да му обезбеди на клубот 40 милиони евра за трошоците за екипата, кои Барселона би можела да ги искористи за да го потпише играчот. Дополнителни приходи се очекуваат и по враќањето на тимот на „Камп Ноу“.

Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид е претпочитаната опција на клубот. Барселона е заинтересирана и за Хари Кејн од Баерн Минхен, Серху Гираси од Борусија Дортмунд и Виктор Осимен од Галатасарај. Карл Ета-Ејонг од Леванте се смета за „буџетска“ опција, додека Ерлинг Халанд од Манчестер сити се смета за прескап.


Познати 32 учесници на Мундијалот

По вчерашните натпревари во квалификациите, пласман на Светско фудбалско првенство 2026 во Канада, Мексико и САД изборија Португалија и Норвешка. Тие се 31-от и 32-учесник на Мундијалот 2026.

Во Европа, квалификациската рунда, вклучувајќи го и плејофот, трае од март 2025 година до март 2026 година.

Пласман на СП 2026 досега изборија: Канада, Мексико, САД, Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Аргентина, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, Бразил, Еквадор, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Мароко, Тунис, Египет, Алжир, Гана, Зелен ’Рт, Јужна Африка, Катар, Англија, Саудиска Арабија, Брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Франција, Хрватска, Португалија, Норвешка.


Алаба и Рудигер ќе го менуваат Реал со Саудиска Арабија

Иднината на двајца од дефанзивците на Реал Мадрид е под знак прашалник. Според „АС“, Антонио Рудигер и Давид Алаба се на чекор да се разделат од кралскиот клуб и веројатно ќе се упатат кон Блискиот Исток.

Понудите за Алаба вклучуваат исклучително висока плата. Сепак, самиот играч сè уште чека на позицијата на Реал Мадрид и се очекува да донесе конечна одлука за својата иднина во следните неколку месеци.

Според изданието, раководството на Реал Мадрид има одредени двоумења околу задржувањето на Алаба и Ридигер. Главната причина за ова е нивната подложност на повреди.

Договорите на двајцата играчи со мадридскиот гигант истекуваат во јуни 2026 година.


Ален Рустемовски е освојувач на „Златниот гонг“

Боксерсот на Пелистерски јунак, Ален Рустемовски го освои Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје.

Рустемовски ја прикажа најдобрата борба на турнирот и успеа да ја запали публиката во „Борис Трајковски“ и на нозе да го дочека крајот на мечот. Битолчанецот славеше со едногласна одлука против англискиот бокеср Џозеф Тарнер.

Со извонредна техничка подготвеност, борбен дух и атрактивен стил, осбено разорни беа неговите аперкати.

55 кг Емануел Коцо (Албанија) – Кристијан Коцо (Албанија) 0-5 ТКО Р2
60 кг Ален Рустемовски (Македонија) – Џозеф Тарнер (Англија) 5-0
60 кг Стефан Петрушевски (Македонија) – Адријан Рустемовски (Македонија) 0-5 ТКО Р2
65 кг Ибрахим Мезани (Албанија) – Амардип Синг (Англија) 0-5
70 кг Емин Јилдиз (Австрија) – Лехцун Антон (Молдавија) 5-0
70 кг Наум Стојаноски (Македонија) – Рио Гордон (Англија) 0-5
75 кг Алперен Јилмаз (Турција) – Даврон Бозоров (Молдавија) 0-5
80 кг Никола Кисковски (Македонија) – Лаки Аимуфуа (Австрија) 0-5
85 кг Кристијан Иванов (Бугарија) – Дивин Омојор (Англија)0-5
90 кг Патрик Плантич (Храватска) – Андреј Заплинај (Молдавија) 0-5

Најдобар македонски боксер е Адријан Рустемовски, додека Даврон Бозоров е најдобар странски боксер, а најдобар техничар е Џозеф Тарнер од Англија, Рио Гордон од Англија и Наум Стојаноски се најборбен пар. Михал Мунетан од Моладавија е најдобар тренер, Роберт Винеман најдобар судија.


Рекордите на Халанд: Голови на осум репрезентативни меча по ред

Напаѓачот на Манчестер Сити и Норвешка, Ерлинг Халанд, постигна два гола во победата од 1-4 над Италија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година, со што ја продолжи својата серија голови во квалификациските натпревари за Светското првенство на осум натпревари.

Според „Mister Chip“ , ова е втората најдолга серија голови во историјата на квалификациите за Светското првенство во Европа. Рекордот му припаѓа на Португалецот Педро Паулета , кој постигна голови во девет последователни натпревари помеѓу 2001 и 2004 година.

Вреди да се напомене дека норвешката репрезентација обезбеди директен пласман на Светското првенство во 2026 година со освојувањето на првото место во групата со Италија, Молдавија, Израел и Естонија, победувајќи на сите осум натпревари со гол-разлика од 37-5.

Покрај тоа, 25-годишниот Халанд е огромен лидер во трката за најдобар стрелец во квалификациите за Светското првенство во УЕФА 2026 година со 16 гола, осум повеќе од неговите најблиски ривали.


Синер го победи Алкараз во финалето на Завршниот АТП турнир

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои завршниот АТП турнир во Торино. Во финалето, вториот светски тенисер го победи првиот рекет Шпанецот Карлос Алкараз со 7-6 (7-4) и 7-5.

Мечот траеше 2 часа и 4 минути. Италијанецот сервираше 8 аса, направи 5 двојни грешки и реализираше 2 од 2 брејк топки. Шпанецот погоди 5 аса, не се соочи со двојни грешки и реализираше 1 од 3 брејк топки.

Дваесет и четиригодишниот Синер го освои Завршниот турнир втора сезона по ред, победувајќи го Американецот Тејлор Фриц во финалето во 2024 година. Италијанецот сега има 24 АТП титули во поединечна конкуренција.

Дваесет и двегодишниот Алкараз е исто така победник на 24 АТП турнири. Тој го играше своето прво финале на Завршниот турнир./


Касемиро: Нејмар треба да игра за Бразил како што Меси играше за Аргентина

Фудбалерот на Бразил, Касемиро, апелира неговиот соиграч Нејмар да се користи во репрезентацијата на „кариоките“ на истиот начин како што Аргентина го искористи Лео Меси на Мундијалот во 2022 година.

„Можете да го оставите Нејмар и да играте околу него. Не е како тој само да стои таму а ние да трчаме наоколу – не, не функционира така.

Аргентина играше така: Хулијан Алварез се спушти длабоко, а Меси играше како лажна деветка. Тимот се бранеше со низок блок а Меси стоеше напред“, потенцираше играчот на Бразил.


Линекер не верува премногу во шансите на Англија на Мундијалот

Легендарниот напаѓач на Англија, Гери Линекер вели дека „трите лава“ ќе имаат тежок период на Светското првенство.

„Шпанија е меѓу главните кандидати. Тие имаат фантастичен тим. Англија има многу добри играчи и шанси но, како што знаеме, многу е тешко за нашата земја да го освои Светското првенство.

Исто така мислам дека Франција и Аргентина имаат шанса“ , потенцираше некогашниот репрезентативец на „Гордиот Албион“.