feature

Партизан продаде луда бројка на сезонски билети

Кошаркарскиот клуб Партизан од Белград потврди дека досега се продадени над 14.500 сезонски билети за натпреварите кои ќе се играат во „Штарк Арена“.

„Благодариме на сите оние кои одвоија пари да купат сезонски билети за нашите натпревари. Финансиската стабилност на која со години работиме во голема мерка зависи од приходите кои ги остваруваме. наскоро ќе ја известиме јавноста за многу убави работи кои се поврзани со работењето на клубот. Армијата на наши навивачи ни дава најголема сила“, порача претседателот на КК Партизан, Остоја Мијаиловиќ.


Јанис и Далас заедно од 2025 година

Како што објавија медоиумите во САД, Далас Маверикс од 2025 година може во своите редови да го добие Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс.

Доколку успеат да го донесат Јанис во Далас, тогаш тимот ќе има страшен ростер за титула. Можете да замислите во еден тим да играат Јанис Адетокумбо, Лука Дончиќ, Кајри Ирвинг, Клеј Томпсон и Даниел Гафорд.


Сериозно повреден младиот бек на Баерн

Фудбалерот на Баерн Минхен, Саша Бој ќе отсуствува неколку недели поради повреда на менискусот на левото колено, соопшти најтрофејниот клуб во Бундеслигата.

Играчот ја заработил повредата за време на тренинг во неделата и веќе успешно минал низ операција, потврдија од раководството на Баерн.

Бој беше дел од почетниот состав на Баерн во два од трите натпревари од Бундеслигата оваа сезона, вклучувајќи ја и убедливата победа со 6-1 над Холштајн Кил.


УЕФА сериозно им се закани на Англичаните да не ја мешаат политиката во спортот

УЕФА ја предупреди владата на Обединетото Кралство дека Англија ризикува да го пропушти кодомаќинството  на Евро 2028 доколку премиерот Кир Стармер продолжи со плановите за формирање регулатор во машкиот фудбал, објавија британските медиуми.

Во писмото до министерката за култура Лиза Нанди, добиено од Тајмс и Би-Би-Си, генералниот секретар на УЕФА, Теодор Теодоридис, рече дека не треба да има „владино мешање во водењето на фудбалот“.

Според писмото, Теодоридис предупредил на плановите наведени во говорот на кралот да му се даде на новиот регулатор овластување да ги надгледува клубовите во најдобрите пет лиги во Англија, велејќи дека независноста на играта е „фундаментален услов“.

„Една посебна област на загриженост произлегува од едно од основните барања на УЕФА, а тоа е дека не треба да има мешање на владата во водењето на фудбалот“, рече генералниот секретар на УЕФА.


Баерн демантира договор со Џонатан Та

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, негираше дека клубот има договор со дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џонатан Та.

Германскиот репрезентативец има договор до крајот на сезоната со екипата на Баер Леверкузен и веќе најави дека нема да го продолжи. Баварците сакаа да го ангажираат Та ова лето, но одбија да ја платат трансферната сума што ја бараа шампионите.

„Немаме договор со Та. Тој е германски репрезентативец и има голема улога во Баер Леверкузен. Многу сме среќни со Кимих и Упамекано“, изјави Еберл за „Спорт 1“.


Дани Олмо надвор од терените еден месец

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо ќе пропушти четири до пет недели како последица на повреда на бицепсниот мускул на десната нога, добиена на натпреварот од 5. коло од шпанската Ла Лига со Џирона (4-1), соопшти прес-службата на Барселона.

Да потсетиме, Шпанецот влезе во игра во стартниот состав и постигна гол во 47. минута. Потоа Дани Олмо се повреди и беше заменет во 61. минута, на негово место влезе Ерик Гарсија. Откако се пресели во Барселона, Олмо има три гола на три натпревари за својата екипа во Ла Лига оваа сезона.
По пет кола, Барселона води во Ла Лига со 15 од 15 можни и е четири бода пред Реал Мадрид.


Олимпик Марсеј пред потпис со Рабио

Адриен Рабио е без клуб откако во јуни го напушти Јувентус како слободен агент, а веќе е септември и европските првенства се во полн ек.

Французинот ја одбил богатата понуда од Саудиска Арабија, бидејќи сака да остане во Европа, а се чини дека конечно најде нов клуб.

Според последните информации Рабио ќе се врати во родната Франција и ќе потпише договор со Марсеј.

Марсеј предводен од Де Зерби оваа сезона игра одлично и има големи амбиции, а му понудил двегодишен договор на Рабио, кој е спремен да го прифати.


Осака се раздели со својот тренер Вим Фисет

Поранешната број еден во женскиот тенис Наоми Осака објави дека соработката со тренерот Вим Фисет заврши.

„Четири години, две Гренд слем титули и многу спомени. Благодарам на Вим што беше одличен тренер и уште попрекрасна личност. Ти посакувам се најдобро!“, напиша Јапонката на социјалните мрежи.

Фисет беше тренер на Осака од 2019 до 2022 година и продолжи да работи со неа откако таа се врати на терените во јули 2023 година по породилното отсуство.

Под водство на белгискиот тренер, Осака освои две од нејзините четири Гренд слем титули – Отвореното првенство на САД во 2020 година и Австралија опен во 2021 година.


Тринкиери доби нов договор во Жалгирис

Италијанскиот кошаркарски тренер Андреа Тринкиери го продолжи договорот со екипата на Жалгирис, а оваа вест ја потврди првиот човек на тимот од Каунас, Паулиус Јанкунас.

„Точно е, договорот на Андреа е продолжен на уште една година и продолжуваме да работиме заедно“, изјави Јанкунас.

Според новиот договор, Тринкиери ќе остане до летото 2026 година, по преговорите кои започнаа уште во април, додека по речиси пет месеци беше постигнат договор на двете страни.


Бердих нов селектор на Дејвис Куп репрезентацијата на Чешка

Томаш Бердих е новиот селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Чешка, соопшти денеска Тенискиот сојуз на оваа земја.

Бердих го замени Јарослав Навратил како селектор на Чешка.

Чешка не успеа да се пласира на завршниот турнир од Дејвис купот, откако на турнирот во Валенсија забележа порази од Австралија, Франција и Шпанија.

-Во Дејвис купот доживеав незаборавни моменти од мојата тениска кариера. Ниту еден момент не се двоумев да ја прифатам понудата, изјави Бердих по тој повод.