feature

Осака се раздели со својот тренер Вим Фисет

Поранешната број еден во женскиот тенис Наоми Осака објави дека соработката со тренерот Вим Фисет заврши.

„Четири години, две Гренд слем титули и многу спомени. Благодарам на Вим што беше одличен тренер и уште попрекрасна личност. Ти посакувам се најдобро!“, напиша Јапонката на социјалните мрежи.

Фисет беше тренер на Осака од 2019 до 2022 година и продолжи да работи со неа откако таа се врати на терените во јули 2023 година по породилното отсуство.

Под водство на белгискиот тренер, Осака освои две од нејзините четири Гренд слем титули – Отвореното првенство на САД во 2020 година и Австралија опен во 2021 година.


Тринкиери доби нов договор во Жалгирис

Италијанскиот кошаркарски тренер Андреа Тринкиери го продолжи договорот со екипата на Жалгирис, а оваа вест ја потврди првиот човек на тимот од Каунас, Паулиус Јанкунас.

„Точно е, договорот на Андреа е продолжен на уште една година и продолжуваме да работиме заедно“, изјави Јанкунас.

Според новиот договор, Тринкиери ќе остане до летото 2026 година, по преговорите кои започнаа уште во април, додека по речиси пет месеци беше постигнат договор на двете страни.


Бердих нов селектор на Дејвис Куп репрезентацијата на Чешка

Томаш Бердих е новиот селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Чешка, соопшти денеска Тенискиот сојуз на оваа земја.

Бердих го замени Јарослав Навратил како селектор на Чешка.

Чешка не успеа да се пласира на завршниот турнир од Дејвис купот, откако на турнирот во Валенсија забележа порази од Австралија, Франција и Шпанија.

-Во Дејвис купот доживеав незаборавни моменти од мојата тениска кариера. Ниту еден момент не се двоумев да ја прифатам понудата, изјави Бердих по тој повод.


Нови грижи за Анчелоти, Брахим Диаз сериозно повреден

Се чини дека на повредите во Реал Мадрид им нема крај, откако Браим Дијаз стана последниот играч на Лос Бланкос кој ќе паузира. 25-годишниот играч, кој се одлучи да игра за Мароко, стартуваше синоќа на гостувањето кај Реал Сосиедад, но почувствува болка во бутот и беше принуден да го напушти мечот во 25. минута.

Според шпанските медиуми, повредата на Дијаз е тешка и тој ќе биде надвор од терените речиси три месеци. Се очекува да биде во комбинација дури на крајот на ноември.

„По денешните тестови направени врз нашиот играч Браим Дијаз од страна на медицинските служби на Реал Мадрид, констатирана е повреда на десната нога. Се чека развој на настаните“, стои во соопштението на „кралскиот клуб“.


Компани ја спушта еуфоријата по убедливата победа во Кил

Фудбалерите на Баерн Минхен вчера го прегазија новакот во Бундес Лигата, Хоштен Кил со 6:1 и го запоседнаа првото место на табелата. Иако Баварците засега се супериорни, нивниот тренер, Винсент Компани, не дава големо значење на тој податок.

„Тоа се само три натпревари. Знам дека секогаш е важно Баерн да биде на првото место но, во моментов има само три натпревари“, рече Компани, кој е во првата сезона на клупата на гигантот од Минхен.

Баерн води на табелата со максимални  9 бодови пред екипите на Борусија Дортмунд и РБ Лјапциг.


Ламин Јамал: Никогаш нема да ја напуштам Барса

Младата фудбалска шпанска сензација Ламине Јамал гостуваше во програмата Ел Хормингуеро во живо, каде откри многу интересни работи за неговиот живот, и колку се му се променил по освојувањето на титулата европски првак.

„Никогаш нема да ја напуштам Барселона бидејќи сакам да станам легенда на клубот. Споредбата со најдобриот во историјата Лионел Меси е неверојатна, но сакам луѓето да ме паметат како Ламине Јамал“, изјави младиот фудбалер и откри што друго што му се допаѓа во каталонскиот клуб:

„Во клуб како Барселона те учат за животот. Имаме психолози и тие ме подготвуваат за живот“, додава Јамал.

Младата ѕвезда на Барселона откри и како шпанската репрезентација го прославила европскиот трон.

„Сите заедно славевме, вклучувајќи ги и нашите семејства и пријателите. Најмногу ме воодушевија Унаи Симон и Алваро Мората, бидејќи мислев дека се сериозни луѓе. Најтешко ми беше што требаше да се разбудам во 9 часот следниот ден. Делував пијано“, додаде Јамал.


Ешли Кол доби перманентен договор со англиската репрезентација

Легендата на фудбалскиот состав Челзи и на Англија, Ешли Кол, целосно ќе се посвети на новата улога како помошник тренер на селекторот на „Гордиот Албион“, Ли Карлси, откако денеска официјално се повлече од клупата на Бирмингем Сити.

Кол и Карсли работеа заедно на чело на младата селекција на Англија до 21 година која го освои Европското во 2023.

Сега двајцата добија шанса да работат во сениорската селекција на „трите лава“ по заминувањето на Герет Саутгејт и неговиот стручен тим.


Тен Хаг искажа целосна доверба во Касемиро

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, се осврна на лошата форма на Касемиро на стартот на сезоната.

„Дефинитивно ми треба. Секако, разговарав со него за моменталната ситуација,  секој може да има лош ден“ – вели Холанѓанецот.

„Тој е искусен играч и верувам дека знае како да се носи со тоа. Секој има подеми и падови“, изјави Тен Хаг за клупскиот сајт на „црвените ѓаволи“.


Веспрем преговара со Дика Мем

Францскиот ракометен репрезентативец Дика Мем од следната сезона би можел да го облече дресот на унгарскиот шампион Веспрем.

Од таборот на Веспрем се подготвени да платат оштета за да го донесат десниот бек во своите редови.

Мем од сезона 2016/17 е член на Барселона и со каталонскиот гигант трипати ја освојуваше титулата во ракометната Лига на шампиони.


Интер и Милан сакаат заеднички да градат нов стадион

Медиумите во Италија објавија дека Интер и Милан, поради недостиг од финансиски средства, сепак заеднички ќе го реконструрираат “Сан Сиро“ или “Џузепе Меца“, но градоначалчникот на Милано го тврди спротивното.

„Имав состанок со првите луѓе на двата клуба и ми беше кажано дека тие не сакаат да го реконструираат сегашниот стадион туку заеднички да градат нов и тоа во близина на „Сан Сиро“. Тие доставија детална анализа за одржливоста на овој проект и кажаа дека дека со оглед на тоа дека екомонмски е неисплатливо затоа немаат намера да се ангажираат за реновирање на досегашниот стадион. Да повторам, ми беше кажано дека планираат да изградат нов и то во близина на сегашниот „Сан Сиро““ истакна првиот човек на градот Милано, Џузепе Сала.