feature

Рајо го потврди трансферот на Хамес Родригез

Шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано официјално го објави потписот со колумбискиот играч за врска Хамес Родригез.

„Клубот потпиша договор со играч ѕвезда во една најспецијална сезона бидејќи славиме 100 години историја. Хамес ги почитува вредностите на клубот и инсистира дека има „желба да сонува и да прави големи работи“. Ова е вашиот дом, добредојде, Хамес!, стои во соопштението на прес-службата на официјалниот сајт на клубот.

Да потсетиме, фудбалерот минатата сезона ја мина во бразилски Сао Паоло, со кого на почетокот на август го раскина договорот, образложувајќи ја својата одлука со желба да се врати во Европа и да игра на високо ниво. 

Хамес Родригез претходно играше за Реал Мадрид во Шпанија.

Родригез беше прогласен за најдобар играч на овогодишниот Копа Америка 2024 година, каде Колумбија стигна до финалето, каде што загуби од Аргентина.


Аврамовски двоен стрелец за Болуспор

Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски продолжува со својата блескава игра во дресот на Болуспор. Имено, Аврамовски постигна два гола и му ја донесе победата на Болуспорт против екипата на Ерокспор.

Аврамовски првиот погодок го постигна во 45-тата минута од првото полувреме. Гостите, преку Фаје израмнија во 72-та минута, а конечниот резултат од 2-1 и победа за домаѓините ја обезбеди нашиот фудбалер Аврамовски во 81-та минута од натпреварот.

Аврамовски е еден од најдобрите поединци во екипата на Болуспор, откако пристигна во Турција од екипата на Сараево оваа зима.

Болуспор во моментов во рамки на тетото коло од Турската 1 лига се наоѓа на 7-тата позиција од табелата со вкупно 4 бода, а досега екипата на Аврамовски има една победа, еден нерешен резултат, и еден пораз.


Нојер: Сакам да играм уште најмалку две сезони

Голманот на Баерн Минхен Мануел Нојер пред само неколку денови објави крај на својата репрезентативна кариера, но во разговор со германските медиуми откри дека нема намера да се пензионира од клупскиот фудбал.

„Не би сакал да прогнозирам, но знам дека телото уште ме служи и можам да бидам активен уште најмалку две години. Договорот со Баерн ми завршува во 2025 година, а потоа ќе ги разгледам сите опции. Се повлеков од репрезентацијата на Германија, иако ќе беше феноменално да настапам и на Светското првеенство во 2026 година.

На 40-годишна возраст не би заминал во Саудиска Арабија или во друг азиски клуб. Би сакал да завршам во Европа, а најубаво ќе биде ако се простам од фудбалот во родната земја. Тука ги доживеав сите најголеми успеси во кариерата, моето срце е секогаш во Германија“, рече искусниот голман.


Фаје ја замени Барса со француски Рен

Барселона конечно најде нов клуб за Микаел Фаје и младиот дефанзивец ќе ја продолжи кариерата во Рен

20-годишниот дефанзивец се сели кај Французите за околу 10,3 милиони евра, а неговиот договор вклучува клаузула за иден откуп од Барса во износ од 25 милиони евра, како и дека 30% од неговата идна продажба.

Барселона има финаниски проблеми па мора да продава и свои таленти, со цел да може да го регистрира новото засилување Дани Олмо.


Мектонимеј се согласи да го засили Наполи на Конте

Наполи и Манчестер Јунајтед постигнаа договор за трансфер на Скот Мектомини, пренесуваат италијанските медиуми.

Антонио Конте бара квалитетен играч за врска и многу ги цени квалитетите на Мектомини, кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“.

Наполи првично понуди 25 милиони, Јунајтед бараше повеќе, па двете страни постигнале договор за трансфер од 30 милиони евра.

Мектомини е спремен да ја промени средината и ја прифатил понудата на Наполи, па се очекуа трасферот да биде комплетиран наскоро.


Алисон ги одби клубовите од Саудиска Арабија за да остане на „Енфилд“

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер нема желба да го напушта Ливерпул. Бразилецот призна дека ги одбил понудите од Саудиска Арабија.

„Чест е да играм овде. Би сакал да потпишам нов договор по истекот на овој. Многу сум среќен во Англија и моето семејство се чувствува добро“, изјави тој за клупската телевизија.

Бразилецот доби неколку понуди од Саудиска Арабија, но ги одби бидејќи не сакаше да игра надвор од Европа.

„Добив понуди од Саудиска Арабија. Не сум зборувал за платите, но тие плаќаат навистина добро таму. Сите слушнаа за сумите што ги заработуваат моите колеги таму. Тоа објаснува зошто има толку голем интерес за лигата. Нормално е, но немам желба да го напуштам Ливерпул“, додаде Алисон Бекер.


Лион го стави цел ростер на продажба

Францускиот гигант Лион треба до крајот на преодниот рок да собере уште 75 милиони евра за да избегне финансиски проблеми.

Еден од најпознатите француски медиуми „Л’Eкип“ пренесува дека Лион ги ставил на продажба скоро сите фудбалери од тимот.

„Управата на Лион испрати порака до скоро сите фудбалери дека се на продажба, ако некој за нив плати адекватна цена“, пишува „Л’Eкип“.

Лион во последните два месеци потроши 134 милиони евра и поголем дел од сумата беше од клубот и тоа е најмногу во Франција. Само во јули потрошија 34 милиони евра за договор Муса Никате од Нотингем Форест.

Минатиот лесец Лион ги убеди луѓето во Лига 1 дека ќе собере 100 милиони евра од продажба и ќе избегне санкции за финанискиот фер плеј, но немаат уште многу време.


Борнмут е новиот клуб на Кепа

Шпанскиот голман Кепа Аризабалага оваа сезона ќе ја мине на позајмица во премиерлигашот Борнмут, објавија англиските медиуми.

Минатата сезона Кепа беше позајмен во Реал Мадрид поради повредата на Тибо Куртоа, но по враќањето во Лондон веднаш стана јасно дека тренерот Енцо Мареска нема да смета на неговите услуги.

Договорот со Борнмут е постигнат и голманот веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Андони Ираола.


Кристенсен се повреди, ќе паузира два месеци

Данскиот фудбалер Андреас Кристенсен ја повреди Ахиловата тетива и би можел да биде надвор од терените во следните два месеци поради проблеми со тетивата на ногата.

Данскиот интернационалец ќе го пропушти и натпреварот против Жирона во следното коло, а Барселона би можела да биде без него и во првите натпревари во Лигата на шампионите.

Од претходно Барселона е без Роналд Араухо кој се повреди на Копа Америка и негово враќање се очекува во ноември.


Меси спремен за враќање на терените по повредата на Копа Америка

Тренерот на фудбалскиот клуб Интер Мајами, Тата Мартино, потврди дека Лионел Меси е блиску до враќање на целосните тренинзи по незгодната повреда, но не објави конкретен датум.

Меси продолжува да се опоравува од повредата на зглобот што ја заработи за време на финалето на Копа Америка.

Се очекува Лео да ги пропушти следните неколку натпревари на Интер Мајами во регуларниот дел од сезоната на МЛС.

Напаѓачот исто така не беше вклучен во составот на Аргентина за претстојните септемвриски светски квалификации против Чиле и Колумбија заради повредата.