feature

Јуве нуди пари и Даглас Луиз за Сандро Тонали

Сандро Тонали би можел да се врати во Серија А ова лето откако Јувентус го направи играчот од средниот ред на Њукасл своја главна трансфер цел, објави „Газета дело Спорт“.

Италијанскиот репрезентативец, кој се врати во фудбалот откако ја отслужи суспензијата за учество во нелегално обложување минатата сезона, се етаблираше како клучна фигура во средниот ред на Њукасл, каде што игра заедно со Бруно Гимараеш и Жоелинтон. Неговата одлична форма повторно го привлече вниманието на Јувентус, а клубот од Торино е подготвен да го понуди бразилскиот играч од средниот ред Даглас Луиз како дел од договорот.

Луиз, кој минатата година се приклучи на Јувентус од Астон Вила, не успеа да се адаптира во Торино. Серијата повреди му го нарушија ритамот, а гласините за можно враќање во англиската елита се засилуваат. Во Премиер лигата, тој постигна 20 гола и имаше 18 асистенции, а неговото познавање на темпото и стилот на игра таму го прави привлечна опција за Њукасл.

Сандро Тонали има богато искуство во италијанското првенство – ја започна својата професионална кариера во Бреша, а во 2021 година се пресели во Милан, со кого стана шампион на Италија. Во летото 2023 година се приклучи на Њукасл за 60 милиони фунти.

И Јувентус и Њукасл се борат за место во Лигата на шампионите следната година. „Бјанконерите“ се четврти во Серија А, но конкуренцијата со Рома, Лацио и Болоња останува жестока. Њукасл, исто така, се наоѓа на четвртата позиција во Премиер лигата, а во недела ги очекува директен дуел со петтопласираниот Челзи.


Антони би можел да стане првиот играч со две освоени европски првенства во една сезона

Во четвртокот, Јунајтед го резервира своето место во финалето на Лига Европа против Тотенхем Хотспур, откако импресивно го победи Атлетик Клуб со 7-1 на вкупен резултат во полуфиналето. 
 
Во меѓувреме, Бетис извојува тешка победа над Фиорентина, со гол во судиското продолжение обезбеди пласман во финалето на Конференциската Лига, каде што ќе се сретне со Челзи. 
 
Имајќи удел во европските кампањи и на Јунајтед и на Бетис, Антони ќе биде официален победник за едната или за двете страни, доколку победат во нивните финалиња на крајот на месецот. 

Антони ужива во Бетис откако го напушти Јунајтед во јануари за да му се приклучи на тимот од Ла Лига на краткорочна позајмица до крајот на сезоната.  
  
Оттогаш, напаѓачот повторно ја откри формата што доведе до неговата преселба на Олд Трафорд во 2022 година, постигнувајќи осум гола на 21 настапи и играјќи битна улога во битката на Бетис за освојување на европски трофеј.   


Јуве спремен да плати 85 милиони евра за Осимен

Јувентус е подготвен да плати повеќе од откупната клаузула на Виктор Осимен но Саудиска Арабија им ги мати плановите со богат предлог за напаѓачот.

Во договорот на Виктор Осимен има откупна клаузула од 75 милиони евра, но таа важи само за клубови надвор од Италија.

Па за Јувентус да го примами Наполи на продажба, „старата дама“ е подготвена на маса да стави 10 милиони евра плус, односно предлог кој сосе бонуси ќе изнесува 85 милиони евра.

Но дури и да го убедат лутиот ривал да прифати една ваква зделка, трансферот останува комплициран поради Саудиска Арабија.

Ал Хилал е подготвен да ја активира откупната клаузула на Виктор Осимен од 75 милиони евра и на напаѓачот да му даде богат договор со фантастична плата од 30-35 милиони евра по сезона.

Јувентус не може да конкурира на вакви бројки, па последниот збор би го имал Виктор Осимен, кој ќе треба да реши дали ги одбира парите или фудбал на високо ниво.


ФФМ ги исфрли Гостивар и Воска во најнизок ранг

Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлуки за нови казни за екипите на Воска спорт и Гостивар.

ФК Воска Спорт АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра за неодигрување на натпреварот од 29. коло во Прва МФЛ;

– За неодигрување на натпреварот од 30. коло, ФК Воска Спорт добива казна, одземање на дополнителни 9 (девет) бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра;

– ГФК Гостивар АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра за неодигрување на натпреварот од 30. коло, како и со идентична казна за неодигрување на натпреварот од 31. коло во Прва МФЛ;

Напомена: По правосилноста на овие одлуки, екипите на ФК Воска Спорт АД и ГФК Гостивар АД ќе бидат исфрлени во најнизок ранг на натпреварување со забрана за учество во натпреварувачката сезона 2025/2026.

Исто така од ФФМ истакнаа и дека ќе ги искористат сите механизими за Воска Спорт да ја врати сумата од 150.000 евра која ја добила на 10 април преку солидарната шема за тековната сезона.


Ливерпул фаворит за потписот на Аргентинецот Алварез

Англискиот гигант Ливерпул покажува сериозен интерес за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварес. Според информациите на шпанското издание

„Фишајес“, Црвените разгледуваат неколку опции за ангажман на аргентинскиот голгетер, а меѓу нив се споменува и можноста за размена со уругвајскиот напаѓач Дарвин Нунез.

Алварес има силна сезона во дресот на Атлетико Мадрид, со бројни голови и асистенции во сите натпреварувања.

Со своето претходно искуство во Премиер лигата, тој би бил одлично засилување за Ливерпул, кој се наоѓа во фаза на реконструкција под водство на новиот менаџер Арне Слот.


Челзи може да ги обедини сите меѓународни трофеи на УЕФА

Три англиски и по еден италијански, шпански и француски тим ќе играат во финалните пресметките за титулите во Лигата на шампиони, Лигата на Европа и Конференциската лига.

Во финалето на Лигата на Европа на 21 мај на „Сан Мамеш“ во Билбао ќе играат екипите од англиската Премиер лига Манчестер Јунајтед и Тотенхем, на 28 мај во Вроцлав ќе се соочат Челзи и Реал Бетис во финалето на Конференциската лига, додека во финалето на Лигата на шампиони на 31 мај во Минхен ќе играат Интер и ПСЖ на „Алијанц Арена“.

Меѓу шесте финалисти, лондонски Челзи може да се пофали со најмногу освоени европски трофеи – по двапати ја освојуваше Лигата на шампиони (2012, 2021), Лигата на Европа (2013, 2019), Купот на победниците на куповите (1971, 1998) и Европскиот Суперкуп (1998, 2021).

Интер ќе се бори за својот седми европски трофеј. Досега италијанскиот клуб три пати беше европски шампион (1964, 1965, 2010), а три пати го освои Купот на УЕФА (1991, 1994, 1998).

Манчестер Јунајтед, исто така, шест европски трофеи. Тимот од „Олд Трафорд“ три пати беше европски шампион (1968, 1999, 2008), а по еднаш ги освои Лига Европа (2017), Купот на победниците на куповите (1991) и Европскиот Суперкуп (1991).

Тотенхем има три европски трофеи – два Купа на УЕФА (1972, 1984) и Купот на победниците на куповите (1963).

ПСЖ досега го освои само Купот на победниците на куповите, во 1996 година, додека Бетис сè уште чека на својот прв европски трофеј.


Ѓоковиќ доби „вајлд-карта“ за учество во Женева

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ доби посебна покана за учество на АТП турнирот во Женева и ја прифати. Ова значи дека тој ќе се бори за својата 100-та титула во кариерата во швајцарскиот град.

Настанот е закажан за неделата пред Ролан Гарос, од 17 до 24 мај.

За потсетување, Ѓоковиќ претходно се повлече од Мастерсот во Рим, без многу објаснувања, по неколку неочекувани порази во првите кола на големите турнири.

Минатата година, Новак стигна до полуфиналето во Женева кога беше елиминиран од Томас Махач. Оваа година, Ѓоковиќ ќе се соочи со Тејлор Фриц, Каспер Руд, Григор Димитров, како и со Махач и други како негови конкуренти за титулата.

Србија ќе има уште еден претставник, бидејќи Миомир Кецмановиќ, исто така, ќе биде во главниот состав.


Познати групите на Меморијалниот турнир во Охрид

Одредени се групите и финалниот распоред за годинешното четврто издание на Меморијалниот меѓународен ракометен турнир „Крсте Андоновски“ што ќе се одржи од 19 до 23 август во Охрид.

Во групата А се ГРК Охрид, Киндил Торшавн (Фарски Острови), Партизан (Србија) и Нексе (Хрватска). Во групата Б се екипите на Вардар 1961, Динамо Панчево (Србија), Еурофарм Пелистер и АЕК (Грција).

Распоред на натпреварите:
19.08.2025 (вторник)
16:00 часот – Вардар 1961 – Динамо Панчево
18:15 часот – ГРК Охрид – Киндил Торшавн
20:30 часот – Партизан – Нексе

20.08.2025 (среда)
16:00 часот – Киндил Торшавн – Нексе
18:15 часот – Еурофарм Пелистер – АЕК
20:30 часот – ГРК Охрид – Партизан

21.08.2025 (четврток)
16:00 часот – Партизан – Киндил Торшавн
18:15 часот – Динамо Панчево – АЕК
20:30 часот – Еурофарм Пелистер – Вардар 1961

22.08.2025 (петок)
16:00 часот – Динамо Панчево – Еурофарм Пелистер
18:15 часот – АЕК – Вардар 1961
20:30 часот – ГРК Охрид – Нексе

23.08.2025 (сабота)
11:00 часот – натпревар за седмо место
13:00 часот – натпревар за петто место
17:45 часот – натпревар за трето место
20:00 часот – финале


Алексис Мак Алистер прогласен како најдобар играч на месецот во Премиер Лигата

„Мислам дека најбитното нешто за мојот успех се моите соиграчи. Секогаш велам дека без нив ова не би било можно“, изјави Аргентинецот одкако за прв пат беше избран за најдобар играч на месецот во дивизијата. 

Алексис го заслужи признанието по незаборавниот месец во кој им помогна на Црвените да ја освојат англиската титулата за 2024-2025 година. 
 
Мек Алистер се запиша во листата на стрелците со одлични удари од далечина против Фулам и Тотенхем, а исто така даде асистенција за победничкиот гол на Вирџил ван Дајк против Вест Хем. 

„Сега кога ја освоивме Премиер Лигата, знаеме дека овој тим има менталитет да оди и да освои повеќе трофеи“, изјави тој. „Лигата на Шампионите ќе биде нашата цел следната сезона, заедно со Премиер Лигата. Ќе се обидеме да го направиме тоа, и верувам дека ќе успееме“, самоуверно изјави аргентинецот. 


Чаби Алонсо спремен да стане нов тренер на Реал Мадрид

Според „Marca“, Карло Анчелоти по крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид, а нов тренер ќе биде Чаби Алонсо, кој веќе ги избира своите тренерски асистенти и преговара за засилувања што можеби ќе им бидат потребни на Галактикос во текот на летото. 

По елиминацијата од Лигата на Шампионите против Арсенал, Реал Мадрид се фати за работа во обид да го подобри тимот за следната сезона. Кралскиот клуб се согласи со Анчелоти дека неговото збогување ќе биде на крајот од шпанската лига, за која сè уште има надеж да ја освој, сè зависи од победата на Ел Класико овој викенд. Чаби Алонсо секогаш беше првиот избор, но немаше ништо конкретно од разговорите за да се разбере каде стои секоја страна. 

Покрај пристигнувањето на Александар-Арнолд, планот е да се доведат уште најмалку двајца играчи, одбрана и средина. Дин Хујсен, со ослободителна клаузула која се приближува до 60 милиони евра, е многу веројатен избор. Изборот во средина ќе зависи од тактичката шема што ја има на ум Чаби за овој нов Реал Мадрид. 

Леверкузен веќе ја започна својата потрага по нов тренер. Се зборува дека поранешниот репрезентативен соиграч на Алонсо, Сеск Фабрегас, е преферираниот кандидат за германскиот клуб. Ерик тен Хаг, Алваро Арбеола и Сандро Вагнер се други имиња кои се споменуваат како можни наследници на успешниот тренер.