feature

Леброн најави дека наскоро доаѓа пензија од кошаркарскиот спорт

Леброн Џејмс, полека го најави своето пензионирање. Кралот игра во одлучна форма, против Мемфис оствари нов трипл-дабл (35п, 12а, 14с), со што докажа дека годините се само бројка за него.

По натпреварот против Гризлис, во разговор со новинарите, тој изјави дека е свесен дека наскоро му се ближи 40-тиот роденден и дека не верува дека уште долго ќе игра кошарка на професионално ниво.

„Нема да играм уште долго време, да бидам искрен, една-две години. Ќе играм додека не испаднат тркалата“, изјави Џејмс.


Македонија без Елмас на дуелот со Фарски Острови

Македонската фудбалска репрезентација денеска го одработи последниот тренинг пред утрешниот меч со Фарски острови во последната рунда во Лигата на нации.

Мечот со Фараните ќе биде одигран в недела од 15.00 часот на Арената – „ Тодор Проески“ во Скопје. Македонија го обезбеди првото место во групата и се избори за пласман во погорениот сегмент.

Според селекторот, Благоја Милевски, на утрешниот меч поради повреда да настапи нема Eлиф Елмас додека сите други ќе му бидат на располагање.


Трајковски: Победа е нашата единствена цел против Фарски Острови

Нашиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, очекува со победа против Фарски острови да го заокружиме циклусот во Лигата на нации.

„Како што рече и селекторот, постои тој мал замор кај фудбалерите бидејќи играме во три дена два меча но, тоа не е прв пат. Секогаш сакаме да го дадеме најдоброто. Треба да бидеме фокусирани и доколку го дадеме максимумот мислам дека може да освоиме три бода“ – вели Трајковски.

„Тоа ќе биде шанса да го завршиме максимално успешно овој циклус во Лигата на нации и тоа на домашен терен. Треба сите да го ставиме во втор план заморот и да одиграме на победа“ – порача напаѓачот, Трајковски.


Тајсон: Ова не беше мојата последна борба

Поранешниот апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија, Мајк Тајсон, ги сподели своите емоции по поразот во борбата со блогерот Џејк Пол ноќва во Арлингтон.

Борбата имаше официјален статус и траеше осум рунди. Дваесет и седумгодишниот Пол победи со едногласна одлука (80-72, 79-73, 79-73).

– Не сум изненаден што се случи ова. Не се обидував никому ништо да докажам, само мило ми е што успеав да се борам. Пол е добар борец. Дали е ова крај на кариерата? Зависи од ситуацијата. Мислам дека ова не е мојата последна борба, изјави Тајсон по мечот.

Педесет и осумгодишниот боксер го претрпе седмиот пораз во 57 меч во професионалната кариера.


Демар Дерозан го чека долга пауза од терените

Koшаркарот на Сакраменто, Демар Дерозан, поради здравствени проблеми, не се појави на ноќешниот меч во НБА лигата против Минесота кој заврши во продолжение со победа на „волците“ со 130 -126.

Ѕвездата на „кралевите“ се повреди во средата на мечот со Феникс и засега не се знае кога ќе може да се врати на терените.

35-годишниот ветеранот во текот на сезонава за неговиот нов клуб реализираше во просек 24,8 поени.


Португалија без Роналдо, Бернардо Силва и Бруно Фернандеш во Сплит

SOCHI, RUSSIA – JUNE 15: Cristiano Ronaldo of Portugal embraces team mate Bruno Fernandes during the 2018 FIFA World Cup Russia group B match between Portugal and Spain at Fisht Stadium on June 15, 2018 in Sochi, Russia. (Photo by Dean Mouhtaropoulos/Getty Images)

Португалија го осигура првото место во Групата 1 од А сегментот од Лигата на нации на коло до крајот по убедливата победа од 5-1 против Полска.

Затоа селекторот Роберто Мартинез реши да ги одмори четворицата најдобри играчи и да не ги однесе на последниот меч против Хрватска.

Дозвола да се вратат во своите клубови добија Кристијано Роналдо (Ал Наср), Бернардо Силва (Манчестер Сити), Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед) и Педро Нето (Челси).

Ова значително ќе и ја олесни работата на Хрватска на која и е потребен само еден бод за да обезбеди пласман во четвртфиналето. Натпреварот е закажан за понеделник, 18 ноември во 20.45 часот на стадионот Пољуд во Сплит.


Угарте во 96. минута ја сруши Колумбија во Монтевидео

Уругвај во трилер завршница успеа да ја победи Колумбија со 3-2 во 11.коло, во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Колумбијците изедначија во 96. минута, а пет минути подцна Угарте погоди за победа на Уругвај.

По завршеното 11. коло, Аргентина е лидер со 22 бода, Уругвај и Колумбија имаат по 19, Бразил 17…


Јутјуберот Пол заработи двојно повеќе од Тајсон по борбата во Тексас

Мајк Тајсон по пауза од 19 години имаше професионален меч. „Челичниот Мајк“ загуби на поени, со едногласна одлука на судиите од јутјуберот Џејк Пол.

Шоуто се одржа на стадионот AT&T во Арлингтон, Тексас, пред 80.000 навивачи.

Во текот на целиот меч Пол беше подобар, имаше повеќе удари од Тајсон и јасно ја покажа разликата во годините меѓу двајцата боксери. Тајсон дури и добро се држеше во првите две рунди, но од третата рунда беше видливо дека е 30 години постар од противникот.

Иако конечната заработка од натпреварот ќе се знае дури откако Нетфликс ќе ја објав сумата (борбата се прикажуваше на таа платформа), и двајцата борци објавија колку пари треба да добијат.

Пол ќе добие околу 40 милиони долари или двојно повеќе од Тајсон кој би требало да заработи 20 милиони долари.

Според „Форбс“, Тајсон во кариерата заработил околу 430 милиони долари. Најдоходовната борба ја имаше против Ленокс Луис, кога заработи над 103 милиони долари, а според „Форбс“ уште четири пати во кариерата заработил повеќе од 20 милиони долари.

Пол во кариерата се борел 11 пати (сооднос 10-1), а се проценува дека досега има заработено околу 15 милиони долари.


Тајсон загуби на поени од јутјуберот Џејк Пол

Јутјуберот Џејк Пол го победи Мајк Тајсон (58) во професионална борба што се одржа во Далас.

Пол славеше со едногласна одлука на судиите на стадионот „Далас каубојс“ со 80:72, 79:73, 79:73.

Долгоочекуваниот спектакл пред околу 80.000 гледачи го пренесуваше „Нетфликс“, а борбата се одржа под покровителство на Атлетската комисија на Тексас.

Тајсон доста добро ја започна борбата, беше брз и агилен, но дека е човек во години се покажа на почетокот на втората рунда кога почна да го губи здивот.

Пол беше видно посвеж, поактивен во продолжението и по осум рунди од две минути славеше.

Ова беше прва професионална борба на Тајсон од јуни 2005 година, кога загуби од Кевин Мекбрајд.

Сега има биланс од 50 победи и седум порази, додека Пол има скор од 12 триумфи и еден пораз.


Лион условно исфрлен во Втора лига

Францускиот национален комитет за контрола и управување (ДНЦГ) одлучи условно да го исфрли фудбалскиот клуб Лион од Лига 1 доколку не ја стабилизира финансиската состојба до крајот на сезоната.

Како што пишува „Монд“, ДНЦГ му забрани на Лион да реализира трансфери во зимскиот преоден рок и ќе има целосна контрола врз финансиската состојба на клубот.

По состанокот со претставниците на ова тело, сопственикот на Лион, Џон Текстор изјави дека е уверен дека се е во ред и дека не знае како регулаторот гледа на ситуацијата во клубот.

„Верувам дека ДНЦГ е независен од некои притисоци што ги гледате. Имаме многу непријатели во раководството на лигата, како и голем клуб од Катар“, рече Текстор, мислејќи на Пари Сен Жермен, кој е во сопственост на катарското кралско семејство.

Текстор е еден од косопствениците на Кристал Палас и најголем акционер на бразилски Ботафого.

Претходната сезона Бордо испадна од француската втора лига во четврта поради лоша финансиска состојба.

Лион е на петтото место на табелата во Лига 1 со 18 бодови, додека во Лига Европа е на деветтото место со седум освоени бодови.