Отказот на Постекоглу најбрз во премиерлигашката историја
Нотингем Форест денес го отпушти тренерот Ангелос Постекоглу, 39 дена по неговото назначување.
Ова е најбрзото отпуштање на тренер во историјата на англиската Премиер лигата.
Претходниот неславен рекорд му припаѓаше на Франк де Бур, кој го водеше Кристал Палас 77 дена.
Шеестегодишниот Постекоглу беше на чело на Нотингем Форест од 9 септември. Тимот одигра осум натпревари под негово водство, претрпувајќи шест порази.
Тиквеш поразен и во вториот дуел со Бешикташ
Македонскиот претставник во Европскиот ракометен куп, Тиквеш е елиминиран во второто коло. Кавадарчани денес го загуби реваншот со турски Бешикташ на домашен терен со 21-23.
На првиот натпревар Бешикташ победи со убедливи 3-:20.
Вториот македонски претставник во третото по квалитет ракометно континателно натпреварување, екипата на Охрид избори пласман во третата рунда по двете убедливи победи над Баки со 44:11 и 38:21.
Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на САД
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го постави најбрзото време во квалификациите за Гран При на САД во Остин. Тој со време 1 минута и 32,51 секунди стигна до пол-позицијата.
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, заврши втор (1:32,801), а Шарл Леклер од Ферари заврши трет (1:32,807).
Квалификации за ГН на САД:
Макс Верстапен (Ред Бул) — 1:32.510 минута
Ландо Норис (Мекларен) — 1:32.801
Шарл Леклер (Ферари) — 1:32.807
Џорџ Расел (Мерцедес) — 1:32.826
Луис Хамилтон (Ферари) — 1:32.912
Оскар Пјастри (Мекларен) — 1:33.084
Кими Антонели (Мерцедес) — 1:33.114
Оливер Берман (Хас) — 1:33.139
Карлос Сајнц (Вилијамс) — 1:33.150
Фернандо Алонсо (Астон Мартин) — 1:33:160
Главната трка во Остин е вечер во 21:00 часот по македонско време.
Синер убедлив во финалето со Алкараз на турнирот во Ријад
Јаник Синер му се одмазди на својот голем ривал Карлос Алкараз за двата порази во низа и го освои „Сикс кингс слем“ во Ријад, Саудиска Арабија.
Финалето меѓу најдобрите тенисери на денешницата мина во знакот на освојувачот на Вимблдон, кој по два сета (6-2, 6-4) го совлада Алкараз и заработи големо богатство.
Секој од учесниците на овој турнир доби по еден и пол милион евра, а играчот што го подигна трофејот ќе заработи дополнителни 4,5 милиони.
Ембид подготвен за стартот на сезоната
Џоел Ембид најверојатно ќе биде подготвен за првиот натпревар од новата НБА сезона, против Бостон Селтикс следната среда.
Ова е огромно охрабрување за тимот кој минатата сезона, без својот најдобар играч, доживеа вистински колапс. Сепак, како што велат добро информираните НБА-инсајдери, неговото враќање доаѓа со еден добар потег.
Расел Вестбрук потпиша за Сакраменто
Aмериканскиот кошаркар Расел Вестбрук, кој следната недела ќе ја почне својата 18. НБА сезона, потпиша едногодишен договор со Сакраменто, објавија денеска неговиот нов клуб.
Вестбрук, кој идниот месец ќе го прослави својот 37 роденден, ја смени клупската средна, откако не го продолжи договорот со Денвер во чиј дрес играше минатата сезона.
Најдобриот играч (МВП) во НБА лигата во 2017 година ќе ја продолжи својата богата кариера со седмата франшиза откако беше драфтуван во 2008 година од Сиетл, односно Оклахома (2008-2019). Потоа играше за Хјустон (2019-2020), Вашингтон (2020-2021), Лос Анџелес Лејкерс (2021-2023), ЛА Клиперс (2023-2024) и Денвер (2025-2025).
Вестбрук има девет настапи на Ол-стар натпреварите, рекордни 203 трипл-дабл ефекти, беше водечки стрелец во НБА две сезони (2015 и 2017 година), а ја освои и олимписката титула во 2012 година со САД.
Новата сезона во НБА започнува на 21 октомври, а Сакраменто ќе го игра својот прв натпревар на 22 ноември во Феникс.
Трапановски херој на Данди во дербито со Миовски и Ренџерс
Кристијан Трапановски го постигна првиот погодок во новата сезона, откако се врати од повредата и стрела во ремито на Ренџерс и Данди Јунајтед (2-2). Македонското крило само што влезе во игра и буквално погоди од првиот контакт со топката.
Трапановски испрати одличен удар, неодбранлив за домашниот голман на „Ајброкс“ за израмнување во тој момент (1-1). За него ова беше прв гол на вториот настап, бидејќи се повреди во подготовките и паузираше повеќе од два ипол месеци.
Ова беше македонска пресметка во Шкотска, бидејќи на спротивната страна стартер беше Бојан Миовски кој одигра цел натпревар, но немаше учинок.
Премиерлигашкит гиганти се распрашуваат за Семењо од Борнмут
Крилниот напаѓач на Борнмут и репрезентативец на Гана, Антоан Семењоо, привлекува внимание од најголемите англиски клубови.
Според извештаите од “talkSPORT”, Ливерпул и Тотенхем сериозно размислуваат да го донесат Семењо веќе во претстојниот трансфер период.
Семењо оваа сезона блеска во дресот на Борнмут. Неговите игри, голови и пробиви на крилото го направија еден од највозбудливите фудбалери во Премиер лигата. До сега има постигнато неколку важни голови и покажал дека е подготвен за поголема сцена.
Борнмут е свесен за големиот интерес за нивниот играч, па во медиумите се говори дека поставиле цена од околу 75 милиони фунти. Тоа би можело да ги обесхрабри помалите клубови, но за Ливерпул и Тотенхем, доколку веруваат дека Семењо е вистинска инвестиција, ова не е пречка.
Умтити предвремено замина во пензија, па почна тренерска кариера
Поранешниот француски интернационалец и некогашен играч на Барселона, Самуел Умтити, никогаш не го достигна својот целосен потенцијал поради повредите кои му ја ограничуваа кариерата. Сепак, тој не сака целосно да се оддалечи од светот на фудбалот.
По завршувањето на професионалната играчка кариера, Умтити започна нов предизвик – да се пробие како тренер. Од почетокот на оваа недела тој собира искуство во Париз, каде што работи во Лига 1.
Неговата цел е да ги стекне сите потребни тренерски лиценци и еден ден да седне на клупата на некој тим. Со оглед на долгогодишното искуство како врвен играч, Умтити верува дека може да биде успешен и како стратег на теренот.
Манчини се пофалил дека преговара со Манчестер Јунајтед
Поранешниот менаџер на Манчестер Сити, Роберто Манчини, им кажал на своите најблиски соработници дека би можел да го преземе Манчестер Јунајтед доколку Рубен Аморим биде отпуштен , објави „Сан“.
Според изворот, италијанскиот менаџер, како и ко-сопственикот на „Црвените ѓаволи“, Џим Ратклиф , живее на југот на Франција. Тие се сретнале неколку пати на разни социјални настани.
Манчини беше главен тренер на Манчестер Сити од 2009 до 2013 година. Под негово водство, „Граѓаните“ ја освоија англиската Премиер лига во 2012 година. Последниот ангажман на 60-годишникот беше со репрезентацијата на Саудиска Арабија, која ја напушти во октомври 2024 година.