feature

Лени Јоро се повреди на дебито за Јунајтед

Манчестер Јунајтед загуби од Арсенал на пријателскиот дуел во САД, но остана и без двајца важни играчи кои заработија повреди.

Хојлунд погоди за водство на Јунајтед, но потоа се повреди и мораше да ја напушти играта, а потоа се повреди и засилувањето од 60 милиони евра, Лени Јоро.

18-годишен Французин, Лени Јоро пред десет дена потпиша договор со Манчестер Јунајтед и важи за најталентираниот стопер во својата генерација.


Рафиња не е во плановите на Ханси Флик

Барселона е незадоволна од понудата на клубот од Саудиска Арабија за играчот од средниот ред Рафиња, пренесува „Мундо Депортиво“.

„Каталонците“ сакаат ова лето да ги ангажираат во пакет Нико Вилијамс и Дани Олмо, па поголем дел од тие рансфери треба да ги финансираат со продажбата на Рафиња.

Поради тоа Барселона не е задоволна од понудата од 65 милиони евра која прстигнала и бара повеќе.

Во меѓувреме инетрес за Рафиња има и од Премиер лигата, а Барселона сака што побрзо да го продаде Бразилецот.


Швеѓанецот Ѓекереш интересен за многу премиерлигаши

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба
на Арсенал, Ливерпул и Тотенхем. Сите три тима се
заинтересирани да го ангажираат шведскиот репрезентативец на
лето, пренесуваат медиумите на Островот.
25-годишниот напаѓач пристигна во португалската престолнина од
англискиот второлигаш Ковентри Сити и одигра фантастична
сезона.
Во изминатата сезона Ѓекереш постигна 36 гола на 44
натпревари, а Арсенал важи за фаворит за неговиот потпис и
веќе ги започна преговорите.
Ѓекереш има ослободителна клаузула која е 100 милиони евра,
но Арсенал ќе се обиде со преговори малку да ја намали таа
сума.


Варан потпиша за Комо

Францускиот стопер Рафаел Варан официјално е претставен како
нов играч на новиот италијански прволигаш Комо.
Варан летово го напушти англискиот гигант Манчестер Јунајтед и
оттогаш е во потрага по нов клуб. Во Комо пристигна како
слободен играч без обештетување.
Според информациите на Фабрицио Романо, Варан се согласил
да дојде во Комо и одбил побогати понуди од Саудиска Арабија.
Причината е што сака да игра под водство на шпанскиот тренер
Сеск Фабрегас, кој играчката кариера ја заврши во Комо, а потоа
седна на клупата.


Милан го договори Страхиња Павловиќ од Салцбург

Италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо објави
дека српскиот дефназивец, Страхиња Павловиќ е пред трансфер
во Милан.
Милан покажува сериозен интерес за дефанзивецот и веќе има
договор со Павловиќ, а од неодамна почна преговори со
Салцбург.
Павловиќ има договор со Салцбург до 2027 година, а Милан за
неговиот потпис ќе плати 20 милиони евра.
Останува да се договорат последните детали и трансферот ќе
биде комплетиран наредните денови.


Доделени наградите од наградната игра „Евротип Милионер“ на Евротип спортски обложувалници

Во петокот на 26-ти јули во луксузниот амбиент на Голд Фелициа во Битола со свечена церемонија беа доделени наградите од наградната игра „Евротип Милионер“. Модератор на настанот беше Зоран Мишевски.

Наградната игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР” траеше од 02.05.2024 до 15.07.2024 и имаше награден фонд од над 2 милиони денари. Се доделија вкупно 25 парични награди од кои главната награда изнесуваше еден милион денари. Играчот во кој “отпатува” главната награда е Александар од Кичево.

Со добитникот на милионот се направи кратка анкета со прашања за тоа како се стигнува до главна награда, како се чувствува после добивањето на милионот и кои совети би му ги дал на играчите на наградните игри на нашите спортски обложувалници.

На свеченото доделување на наградите покрај добитниците беа присутни и менаџерите од групациите каде отпатуваа наградите како и дел од менаџерскиот тим на Евротип Спортските обложувалници.

Евротип му честита на сите 25 добитници на наградите и им посака среќа на сите играчи кои ќе учествуваат во наредните наградни игри на Евротип спортските обложувалници.

Ви најавуваме бројни изненадувања набрзо, следете не на социјалните медиуми за повеќе информации.


Реал сака да го врати Ашраф Хакими

Шпанските медиуи пренесуваат дека Аштраф Хакими не е среќен во ПСЖ и сака да го напушти клубот ова лето.

Офанзивниот бек пристигна пред две години од Интер, но не успеа да ги повтори игрите кои ги прикажуваше во италијанскиот тим.

Негов сон е да се врати во Реал Мадрид, каде ја започна кариерата, но никогаш не доби вистинска шанса.

„Кралевите“ се во потрага по десен бек кој ќе биде замена за Карвахал и прв на листата желби е токму Хакими.


Серхи Роберто преговара со Ајакс

Фудбалерот на Барселона Серхи Роберто е слободен играч и својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во холандски Ајакс.

Интерес за искусниот фудбалер освен од Ајакс има понуди од клубови од Саудиска Арабија и САД.

Роберто може да остане и во Шпанија каде го чекаат Севиља и Валенсија.


Карабатиќ на чекор до апсолутен олимписки рекорд

Никола Карабатиќ со својата репрезентација по рекорден шести пат настапува на Олимписките Игри.

Карабатиќ ги игра последните мечеви во својата кариера и ќе се пензионира веднаш по завршувањето на Игрите во Париз.

Против Данска го одигра 33. натпревар на Олимписките игри и му недостасуваат уште само два за да го надмине рекордот на советскиот и руски голман, Андреј Лавров, кој освојуваше златен медал во 1988, 1992 и 2000 година.

Карабатиќ со Франција освои три златни медали и еден сребрен и има скор од 47 победи на вкупно 62 одиграни натпревари.


Рекорден ТВ-договор на НБА лигата

НБА лигата се согласи да ги продаде телевизиските права во следните 11 години на ЕСПН во сопственост на Волт Дизни, Ен-би-си Универзал во сопственост на Комкаст и Амазон за 77 милијарди долари. Овој нов договор важи од сезоната 2025/2026.

Лигата ја одби и понудата на ТНТ, која е во сопственост на Ворнер Брос Дискавери, бидејќи била пониска од понудата на Амазон, па по повеќе од четири децении ќе престане соработката меѓу НБА и ТНТ.

„Овој нов глобален договор за медиуми со Дизни, Ен-би-си Универзал и Амазон ќе ја зголеми достапноста на НБА натпреварите за навивачите во САД и ширум светот. Овие партнери ќе ја дистрибуираат нашата содржина низ широк спектар на платформи“, рече комесарот на НБА, Адам Силвер.

Според новиот договор, Дизни ќе емитува 80 натпревари од регуларниот дел дел од сезоната, Ен-би-си Универзал 100 натпревари и Амазон 75 натпревари.