feature

Еурофарм Пелистер слави во Бутел и останува лидер во плеј-офот

Бутел победен во добра игра, Еурофарм Пелистер слави четврта победа во плеј-офот

Екипата на Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога и славеше сигурно на гостувањето кај Бутел Скопје со 22-34 (9-15) во рамки на четвртото коло на плеј-офот во македонскиот ракометен шампионат. Битолчани немаа милост за противникот и првото полувреме го добија со 15-9. Во вториот дел Еурофарм Пелистер продолжи да го полни голот на Бутел до конечна победа од 34-22.

Најефикасен на мечот беше Дејан Манасков со шест голови. Единствена лоша вест за Раул Алонсо е поведата на Цветан Кузманоски на средината од вториот дел.

Во следното петто коло од плеј-офот Еурофарм Пелистер го пречекува Вардар 1961 во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.


Баерн спремен да го украде Вирц на премиерлигашите и Реал

„Баварците“ зад сцената водат преговори со таткото на Флоријан Вирц и се надеваат дека ќе ги победат Манчестер Сити и Реал Мадрид до засилувањето од 150 милиони.

Флоријан Вирц важи за еден од најперспективните фудбалери во Европа, па офанзивниот фудбалер е во бележникот на гиганти како Баерн Минхен, Манчестер Сити, Ливерпул и Реал Мадрид.

Последните информации велат дека „баварците“ тајно преговараат за ангажман на 21 годишниот Германец и во неколку наврати разговарале со неговиот татко Ханс Јоаким Вирц.

По овие состаноци, Баерн Минхен верува дека има предност во однос на конкуренцијата.

Баер Леверкузен нема лесно да се откаже од својата млада ѕвезда и се шпекулира дека ќе бара трансфер сума од 150 милиони евра.


Бетис, Фиорентина и Челзи се чекираа во полуфиналето на КЛ

Бетис и Фиорентина први изборија пласман во полуфиналето во Конференциската лига. Бетис, по 2-0 во првиот меч одигра 1-1 во Полска против Јагиелонија. Единствениот гол за Јагиелонија во овој двомеч го постигна македонскиот реорезентативец Дарко Чурлинов. Фиорентина се мачеше со Целје, одигра 2:2 на „Артемио Франки“, понатаму мина благодарение на победата од 2-1 во првиот натпревар.

Јаггиелонија одигра добра натпревар против Бетис, екипа која се бори за место во Лигата на шампионите оваа сезона. Постигнаа гол домашните во 45.минута кој беше поништен поради офсајд.

И покрај иницијативата што ја имаа домашните, Бетис го постигна првиот гол на мечот, преку Бакамбу во 78.минута. Сепак три минуит подоцна Чурлинов ја спаси честа на својот тим.


Јунајтед во лудо продолжение го елиминира Лион

Манчестер јунајтед, Атлетик Билбао, Тотенхем и изборија пласман во полуфиналето во Лига Европа.

Три од четирите натпревари останаа во сенка на она што се случуваше на „Олд Трафорд“ во Манчестер. Веројатно вечерва го видовме најдобриот натпревар оваа сезона во Европа.

Неверојатен ролекостер, Јуннајтед до 71.минута имаше водство 2-0, Лион успеа да се врати во интервал од седум минути, во 89.минута Толисо го доби вториот жолт картон, но и со играч помалку играчите на францускиот тим во продолженијата постигнаа два гола.

И тогаш се случи чудо, во периодот од 114. до 121.минута Манчестер јунајтед постигна три гола Бруно Фернандеш од пенал, Мејну и Мегваер за пласман на „црвените ѓаволи“ меѓу најдобрите четири екипи во Лига Европа.

Манчестер јунајтед во полуфиналето ќе игра против Атлетик Билбао на чии стадион сезонава ќе се одигра финалниот меч.


Хорхе Мартин го чека пауза од три месеци

Актуелниот шампион во кралската класа, Хорхе Мартин најверојатно ќе мора да остане во болница во Доха најмалку две недели поради скршеници на ребрата со кои се здоби за време на ГН на Катар. Шпанецот најверојатно ќе отсуствува од патеките околу три месеци.

Возачот на Априлија се врати на патеката минатиот викенд, откако ги пропушти првите три трки поради бројните повреди кои ги претрпе уште пред почетокот на сезоната.

Мартин прво се здоби со скршеници на раката и стапалото за време на првиот ден од предсезонското тестирање во Сепанг, а една недела пред првата трка ја скрши другата рака.

Шпанскиот мотоциклист се врати минатиот викенд, но имаше тежок пад, откако во спринтот го освои 16-тото место, на осум круга пред крајот на главната трка на патеката „Лусаил“.


Ван Дајк потпиша нов договор и стана најскап дефанзивец во Европа

Вирџил ван Дајк потпиша нов двегодишен договор со Ливерпул. Ова е уште една добра вест за фановите на „црвените“, бидејќи минатата недела нов договор потпиша и Мохамед Салах.

Ван Дајк веќе седум години е во Ливерпул, а оваа сезона со „црвените“ ќе ја освои втората титула во Англија, доколку до крајот на сезоната не се случи чудо. Холанѓанецот ќе заработува 400 илјади фунти (466 илјади евра) неделно, што го прави најплатениот дефанзивец во Европа, пренесува „Атлетик“.

„Многу сум среќен, многу горд. Чувствувам гордост и радост. Патувањето што го поминав досега во кариерата, ќе го продолжам за уште две години во овој клуб, тоа е неверојатно и многу сум среќен. Мојот план отсекогаш бил да останам во Ливерпул“, рече Ван Дајк.

Ван Дајк пристигна во Ливерпул од Саутемптон во јануари 2018 година и брзо стана еден од најдобрите дефанзивци во светот. Неговата дефанзивна моќ беше клучна за освојување на седум големи трофеи во тој период. Одигра 314 натпревари и постигна 27 гола.

Холанѓанецот ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство на ФИФА, Суперкупот на УЕФА, ФА Купот и два пати Лига купот. Ван Дајк беше прогласен за играч на годината во Премиер лигата во 2019 година и четири пати беше избран во тимот на годината во Премиер лигата.


АБА лигата одобри проширување од следната сезона

На седницата на Собранието на АБА лигата е донесена важна одлука, ќе се менува форматот на АБА лигата.

Како што пренесува „Меридијан спорт“, потврдено е дека АБА лигата во иднина ќе може да брои најмногу 20 клубови, а усвоен е и предлог според кој најмногу 50 отсто од учесниците можат да доаѓаат од една земја.

Ваквата одлука би можела да има директни последици врз структурата на лигата со оглед на тоа што во моментов учествуваат 16 екипи, а најголем број доаѓа од Србија – дури шест клуба.

Интересно е што предлогот не беше едногласно прифатен. Како што се наведува, Задар и Цибона гласале против, а од Крка биле воздржанани.

Ваквата одлука на раководството на регионалното натпреварување го наметнува прашањето кој ќе ги пополни четирите места следната сезона, бидејќи интерес за приклучување на регионалниот караван имаше од Абу Даби, Клуж, МЗТ и австриска Виена.

Јасно е дека едно место ќе му припадне на освојувачот на АБА 2 лигата. Во финалето Илирија (Словенија) ќе игра против победникот од дуелот меѓу Војводија (Србија) и Босна (БиХ).


Ѓорѓиев: Горди сме на ова полуфинале, Рунар е одлична екипа

Капитенот на Алкалоид, Игор Ѓорѓиев, ги изнесе размислувањата пред првиот меч со Рунар Сандефјорд во полуфиналето на Европскиот ракометен Куп на ЕХФ.

„Не очекува меч од огромно значење. Прво европско полуфинале за нас. Голем момент како за Алкалоид, така и за македонскиот ракомет. Како екипа горди сме што успеавме да се пласираме во оваа фаза и да играме за финале.

Рунар е екипа која игра типичен брз скандинавски ракомет, првиот меч ни е дома. Затоа сакам да ги повикам сите љубители на ракометот да бидат наша поддршка и да се бориме за историски момент и европско финале“, изјави Ѓорѓиев.


Ѓорческа со победа започна во Копер

Mакедонската тенисерка, Лина Ѓорческа со победа го започна својот настап на ИТФ фјучрсот турнирот кој се игра во словенечкиот град Копер.

Ѓорческа во првото коло на турнирот вреден 60.000 американски долари славеше против Мари Беноа од Белгија со максимални 2:0, по сетови 7:5 и 6:2.

Во осминафиналето Лина Ѓорческа ќе игра со подобрата од мечот меѓу Французинката Селена Јаничевиќ и Екатерине Горгодѕе од Грузија.


Младинците на Еурофарм Пелистер го декласираа Киелце во Букурешт

Еурофарм Пелистер го декласира Киелце и ќе се бори за Ф4 на младинската ЛШ!

По одличниот настап на сениорската екипа на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, сега блескаат и младинците. Избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски се на чекор до голем успех и пласман на „фајнал-фор“ турнирот во Келн во првото издание на младинската Лига на шампионите. Младите ракометари на Еурофарм Пелистер триумфираа со 37-29 против Киелце во полуфиналето од групата 4 во Лигата на шампиони (ЛШ). Најдобар стрелец во редовите на Пелистер беше Хаџиќ со 14 погодоци.

Младинска Лига на шампионите 2024/25
Четвртфинална група

Еурофарм Пелистер – Киелце 37-29 (22-11)

Спортска сала „Динамо Арена“ – Букурешт
Гледачи: 500
Судии: Милис Кармон и Јасмин Диар

Еурофарм Пелистер:
Т. Фехми, Ан. Трсунов, Хаџиќ 14, Лозановски 5, Буторац 7, Марковски 2, Л. Ѓорѓиевски 2, С. Ѓорѓиевски 1, Ѓорѓиев 2, Симоновски 2, Лазаревски, Трајчевски, Спировски 1, А. Фехми. Ар. Трсунов, Велевски 1
Седмерци: 7/6
Исклучувања: 6 минути

Киелце:
Печкович 6, Јануш 4, Адриан 4, Виадерни 2, Радек 4, Ткачик 3, Грден 3. Фогиел, Кулеша 1, Моравски, Вишњевски, Осуч 1, Степиен, Јанушек 1, Адријан, Лапот
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер во финалето од групата ќе се бори против победникот од мечот меѓу Динамо Букурешт и Висла Плоцк.