feature

Садио Мане се враќа во европскиот фудбал?

Сенегалецот, Садио Мане би можел да се врати во Европа и тоа во турски Бешикташ пренесуваат медиумите во оваа земја.

Мане го носи дресот на Ал Наср во Саудиска Арабија, меѓутоа во клубот не се најзадоволни од неговите настапи. Тоа сака да го искористи Бешикташ кој наводно е во напредни преговори, меѓутоа се треба да биде завршено до вечер кога завршува преодниот рок во Турција.

Со заминувањето на Мане, иако тој е критикуван, веројатно ќе се намалат и шансите за титулата во Саудиска Арабија, а тоа сигурно нема да му се допадне на Кристијано Роналдо.

Португалецот веќе е скоро две години во Ал Наср, меѓутоа се уште неговиот клуб е без трофеј.


ПСЖ мора да му го исплати бонусот на Килиан Мбапе

Капитенот на француската репрезентација бара од клубот 55 милиони евра за неисплатени плати и бонуси

ПСЖ не му ги исплати последните три плати на францускиот голгетер, како и одредени бонуси, по што Мбапе најави тужба.

ПСЖ како клуб имал право да го одбие барањето од правната Комисија на Франција, потенцирајќи дека и фудбалерот не исполнил дел од барањата кои ги имале од него во изминатите седум години.

„Ги слушнавме аргументите на комитетот која постојано инсистираше на договор меѓу ПСЖ и фудбалерот. Комитетот имаше лимитиран поглед на работите и затоа правдата ќе ја бараме на суд каде што ќе ги презентираме нашите докази“, соопштија од ПСЖ.


Реал го сака Мајк Мењан за следната сезона

Реал Мадрид ја следи ситуацијата со голманот на Милан и француски репрезентативец Мајк Мењан, пренесуваат шпанските медиуми.

Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа.

Милан му понудил нов договор до 2028 година со зачително зголемување на платата, но двете страни се уште не постигнале договор, а Реал е спемен да ја искористи ситуацијата.

Доколку Мењан не го продолжи договорот во Реал се спремни да му понудат да биде прв голман на „кралевите“.


Два кандидати за испразнетото место српски селектор

Кошаркарскиот тренер Светислав Пешиќ нема повеќе да ја води селекцијата на Србија со која се збогуваше со бронзен медал на Летните Олимписки Игри во Париз.

Популарниот Кари реши да се повлече, а наследникот на Пешиќ ќе се бара меѓу две имиња, Александар Ѓорѓевиќ и Саша Обрадовиќ.

На Ѓорѓевиќ не му е непозната оваа позиција затоа што истата веќе ја извршуваше и е слободен откако ја заврши приказната со Кина.

Обрадовиќ пак го води Монако, клуб со големи амбиции и останува да се види дали ќе може да се дојде до договор.


Бенасер сериозно се повреди, се враќа на терените во 2025 година

Екипата на Милан доживеа шок за време на репрезентативната пауза, бидејќи посериозна повреда на листот на десната нога доживеа Исмаел Бенасер.

Алжирскиот репрезентативец одново се повреди играјќи за својот национален тим. Тој се врати во Милано на дополнителни прегледи, а вестите не беа добри.

Повредата е посериозна од тоа што се очекуваше, Бенасер го скинал мускулот на листот и го очекува пауза од три-четири месеци.


Доделени наградите од наградната игра “Топ тикет за Топ одмор”

Во текот на оваа недела беа доделени наградите од наградната игра “Топ тикет за Топ одмор”. Наградната игра траеше од 01 до 31 август и им нудеше на учесниците шанса да освојат една од трите награди:

  1. Ваучер за годишен одмор од 90.000 денари
  2. Електричен велосипед и
  3. Sony PlayStation + FifaC 24

Среќниот добитник на главната награда – ваучерот за годишен одмор е Мојсе М. од Враниште.
Електричниот велосипед “отпатува” во рацете на Стојче С. од Неготино, а на третата награда и се израдува Шули П. од Крушево.

Доделувањето на наградите помина во весела атмосфера. Претставници од компанијата им честитаа со чаша шампањ на тројцата добитници и им порачаа и понатаму да учествуваат во наградните игри на Евротип Спортските Обложувалници.
Следете не на социјалните медиуми и бидете во тек со изненадувањата што следат.


Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо, Рома мора во ЛШ

Франческо Тоти ја коментираше актуелната ситуација во клубот и не е импресиониран од засилувањата кои пристигнаа ова лето.

Тоти верува дека неговиот пријател Де Роси може да ја има судбината на Мурињо доколку „волчицата“ не успее да избори пласман во Лигата на шампиони.

„Со оглед на лудите летни вложувања, тие мора да се пласираат во Лигата на шампионите. Ако инвестирате 100 милиони евра и не стигнете таму, тоа е тотален неуспех. Без Лигата на шампионите, Де Роси ќе си замине порано, нема да го дочека крајот. Тој е единствениот кој може да биде тренер на Рома во моментов. Меѓутоа, ако работите не одат добро, целата вина ќе биде на Даниеле. Токму тоа му се случи на Мурињо. Застана пред проектот, но никој не му помогна и не разговараше со него. Ако не


Реал го сака Салиба за следната сезона

Реал Мадрид е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал и француски репрезентативец Вилијам Салиба, пренесува „Марка“.

Приоритет на „кралевиет“ следното лето ќе биде да доведат врвен дефанзивец, а прво име на списокот на Перез е токму Салиба.

Салиба веќе две сезони игра фантастично во дресот на Арсенал и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата.

Французинот неодамна стави потпис на договор до 2027 година, но е отворен за преселба во Реал Мадрид.


Галатасарај сака да го позајми Елмас од РБ Лајпциг

Турскиот гигант Галатасарај влезе во трката за Елиф Елмас, пишуваат турските весници. Повикувајќи се на германски извори, информациите велат дека Галатасарај се обидува да го врати нашиот репрезентативец во Турција, каде Елмас претходно го носеше дресот на Фенербахче.

Галатасарај разговарал и со РБ Лајпциг околу можна позајмица во период од една година. Останува нејасно каков е ставот на „биковите“, но со оглед на тоа што Елмас тешко успева да се избори за минутажа во составот на бундестимот, позајмица до крајот на сезоната во екипата на Галатасарај и не изгледа како невозможна опција.


Канаѓанецот Бирч потпиша за Фенербахче

Канадскиот кошаркар Кем Бирч потпиша едногодишен договор со Фенербахче, соопшти клубот од Истанбул.

Бирч вториот дел од минатата сезона го мина во шпанска Џирона, а претходно играше за Торонто, Орландо, Олимпијакос и Ушак. Тој имаше просек од 8,8 поени и 5,7 скока по натпревар за Џирона.