feature

Калафиори магнет за премиерлигашите ова лето

Италијанскиот дефанзивец и член на Болоња, Рикардо Калафиори е не мета на неколку клуба од Премиер лигата.

22-годишниот стопер беше повикан во репрезентација после одличната сезоната и изненадувачи се најде во стартниот состав на трите меча.

Притоа, Калафиори беше еден од најдобрите поединци во италијанскиот тим, па дополнително го привлече вниманието.

Јувентус од поодамна го следи, но сега во трката за неговиот потпис се вклучија уште Тотенхем, Ливерпул и Манчестер Јунајтед, кои се спремни да испратат богати понуди.


Белинели и следната сезона ќе го носи дресот на Виртус

Марко Белинели и во следната сезона ќе го носи дресот на Виртус Болоња откако постигна договор со раководството на клубот за активирање на клаузулата за продолжување на соработката.

Тоа воедно на 38-годишникот му носи и побогат договор согласно со договорот што значи и дека ќе биде еден од најплатените кошаркари во „црно-белите“ редови.

И покрај сериозната годишна возраст, Белинели изминатата сезона блескаше во дресот на Болоња бележејќи просек од 14.1 поен, 1.7 скокови и 1.7 асистенции по натпревар.


Гираси пред вратите на Борусија Дортмунд

Голгетерот на Штутгарт, Серху Гираси според последните најави ќе го напушти клубот ова лето.

Германските медиуми пренесуваат дека тој ги информирал челниците на Штутгарт за намерата да замине.

Најверојатно Гираси ќе биде нов член на Борусија Дортмунд кој е силно заинтересирана да го доведе како замена за Себастијан Халер кој според последните најави ќе замине. За Халер има интерес од Милан и Арсенал.

На себе вниманието Гираси го сврте со одличните настапи во последната сезона која постигна 28 гола и беше еден од најзаслужните што се пласираше Штутгарт во Лигата на шампионите.


Ѓорческа загуби во квалификациите за Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата квалификациска пречка на Грен Слем турнирот Вимблдон кој се игра на трева во Лондон.

Ѓорческа загуби од Американката Саша Викери по два тај-брејка, со резултат 6-7, 6-7. Мечот против 138. рангираната тенисерка траеше час и 45 минути, а Македонката одлично парираше и во двата сета на повисокорангираната ривалка.

Во првиот тај-брејк, Викери успеа да слави со 7-1 во поени, додека во вториот тај-брејк мечот заврши со резултат 7-5.

Ѓорческа оваа сезона настапи и на Австралијан Опен и Ролан Гарос, но не успеа да ги мине првите квалификациски пречки.


Кимих отвора простор за трансфер во Англија

Џошуа Кимих ќе биде на летната трансфер листа на Баерн Минхен, тврди германски „Ску Спорт“.

Џошуа Кимих е заинтересиран за нова авантура, а бидејќи влезе во последната година од договорот, Баерн е спремен да го продаде ова лето за да не го загуби без пари.

Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал се клубовите кои покажуваат најголем интерес, а Германецот е отворен за преселба во Премиер лигата.

Кимих е отворен и за преселба во Барселона, но Каталонците немаат финансиска моќ за овој трансфер.


Рекорд на Шпанија на Европските првенство: Без примен гол во групната фаза

Репрезентацијата на Шпанија ја победи Албанија (1-0) во натпреварот од третото коло од групната фаза на Евро 2024 година. Така, шпанската репрезентација со стопроцентен резултат ја заврши групната фаза на ЕП 2024 и стана првата селекција што не примила ниту еден гол во групната фаза на турнирот.

На ова ЕП, Шпанците ги совладаа Хрватите со резултат 3-0. Во натпреварот од 2. коло на Евро 2024, Шпанија се покажа посилна од селекцијата на Италија благодарение на автогол – 1-0.

Шпанскиот тим освои девет поени и го освои првото место во групата Б. Италија го зазеде второто место. Тимот на Лучијано Спалети освои четири поени. Репрезентацијата на Хрватска е на третото место со два бода. Албанскиот тим освои еден бод


Коман се враќа во ПСЖ?

Иднината на Кингсли Коман во Баерн Минхен е неизвесна и ова лето би можел да се врати во ПСЖ.

Коман неодамна потпиша нов договор до 2027 година, но Баварците се спремни да го продадат на лето, а и самиот е спремен да испроба нова авантура.

Коман поникна во академијата на ПСЖ од каде се пресели во Јувентус како тинејџер, а потоа веќе осум сезони е дел од Баерн Минхен.

ПСЖ е спремен да плати 50 милиони евра колку што бараат Баварците бидејќи веруваат дека би бил идеална замена за Мбапе.


„Пукна тиквата“, Мората заминува од Мадрид

Атлетико Мадрид ова лето ќе прави реконструкција на тимот и најверојатно ќе се ослободи од Алваро Мората.

Според Фабрицио Романо, Мората ова лето меже да го напушти Атлетико Мадрид за само 12 милиони евра. Тој влезе во последната година од договорот и неговата откупна клаузула изнесува толку. Тоа е ситница за врвен напаѓач кој се уште е шпански репрезентативец, па неколку европски гиганти покажуваат силен интерес.

Мората сака да се врати во Серија А, каде интерес за неговите услуги покажуваат Милан, Јувентус и Наполи.


Рудигер се повреди, ќе го скокне осминафиналето на ЕП

Антонио Ридигер се повреди на натпреварот од третото коло од групата А против Швајцарија (1-1), кој се одигра синоќа во Франкфурт. Ридигер го повредил грбот.

„Не изгледа драматично, но мали се шансите Антонио да игра во сабота“, изјави за „Билд“ спортскиот директор на германската репрезентација Руди Фелер.

Натпреварот од осминафиналето ќе го пропушти уште еден стопер на Германија, Џонатан Та, кој ќе паузира поради жолти картони.


Синер го освои турнирот во Хале

Италијанецот Јаник Синер го победи Полјакот Хуберт Хуркач во денешното финале на турнирот од серијата АТП 500 во Хале (Германија).

Натпреварот траеше 101 минута и заврши со 2-0, по сетови 7-6 (10-8) и 7-6 (7-2).

Синер забележа 10 аса во текот на играта, направи една двојна грешка и не реализираше ниту една од трите брејк топки. Хуркач имаше 13 аса и не ја реализира единствената брејк-топка.

Дваесет и двегодишниот Синер го освои 14. АТП турнир во кариерата.