feature

Кари сака да купи НБА-франшиза

Стеф Кари има 36 години, но и понатаму е еден од најдобрите играчи во НБА лигата и светот.

Меѓутоа повеќе од јасно е дека полека влегува во една друга фаза, односно е на залезот на кариерата со тоа што останува да се види уште колку време ќе сака, продолжи да биде активен.

Плејмејкерот веќе размислува и за иднината, па сака еден ден да биде сопственик на клуб во НБА.

„Заинтересиран сум да бидам сопственик на клуб од НБА лигата. Видов како Џордан тоа го прави, а знам дека има играчи во НБА кои веќе имаат преземено чекори еден ден да станат сериозни кандидати  како косопственици да учествуваат во можното проширување на лигата (НБА многу размислува за ова идеја). Дефинитивно размислувам за тоа (да бидам сопственик). Секако, има уште многу што сакам да постигнам како играч пред да бидам во друга улога во НБА“, порача Стеф кој важи за најдобриот шутер во историјата на кошарката.


Австралија нов дом на ветеранот Мата

Шпанскиот легендарен фудбалер Хуан Мата кариерата ќе ја продолжи во Австралија.

Шпанецот потпиша едногодишен договор со Вестерн Сиднеј Вондерерс како слободен играч бидејќи е без договор од јануари 2024 година кога се раздели со Висел Коби.

„Многу сум возбуден што доаѓам во единствениот австралиски клуб кој ја освои Азиската Лига на шампиони и навистина со нетрпение очекувам да стигнам таму и да почнам да тренирам и да се подготвувам за сезоната“, рече Мата.


Спектакл во Загреб во чест на Дражен Петровиќ

Во Арена Загреб синоќа беше одржан меморијален натпревар во чест на легендарниот хрватски кошаркар Дражен Петровиќ, кој оваа година би го прославил 60. роденден.

Спектаклот започна со краток филм за Дражен Петровиќ и неговото кошаркарско патување од родниот Шибеник низ Цибона, Реал, Портланд и Њу Џерси.

Централниот настан беше ревијалниот натпревар помеѓу репрезентацијата на Хрватска и тимот Дражен.

На настанот свое присуство имаа многубројни поранешни и актуелни кошаркари, тренери и пријатели на легендарниот кошаркар.


Стерлинг одушевен што потпиша за Арсенал

Фудбалерот, Рахим Стерлинг, кој му се приклучи на Арсенал во текот на летово, вели дека се наоѓа на вистинското место.

„За мене е идеално да бидам во фудбалски клуб во кој сите се гладни за победа. Сакам да се подобрувам секоја сезона“, вели напаѓачот за официјалниот веб-портал на клубот од Лондон.  

Стерлинг кој се наоѓа на платниот список на Челзи, дојде кај „топчиите“ на едногодишна позајмица.


Бертанс се договори со Голден Стејт

Летонскиот кошаркар Давид Бертанс ќе остане во НБА и следната сезона каде според информациите најверојатно ќе добие договор од екипата на Голден Стејт.

Покрај Партизан, за неговите услуги се интересираше и Реал Мадрид, но одличниот шутер реши да остане во НБА и најверојатно во составот на Вориорс со кои и тренира заедно.

Вориорс останаа без Клеј Томпсон и го доведоа Бади Хилд на позицијата шутер.


Изборот на „Златна топка“ без Роналдо и Меси по две децении

Објавени се номинациите за овогодинешната престижна награда „Златна топка“, каде за прв пат после 2003 година ги нема Лионел Меси и Кристиано Роналдо.

Двајцата се рекордери по бројот на освоени „Златни топки“, но оваа година не се ниту во потесниот избор на кандидати за оваа престижна награда.

Објавени се вкупно 30 имиња, а оваа година меѓу фаворитите за трофејот се Килијан Мбапе, Ерлинг Холанд, Винисиус Јуниор, Лаутаро Мартинез и Ламин Јамал.

Меѓу номинираните се уште: Хари Кејн, Адемола Лукман, Нико Вилијамс, Џуд Белингем, Антонио Рудигер, Алехандро Грималдо, Матс Хумелс, Букајо Сака, Родри, Кол Палмер, Деклан Рајс, Витиња, Вилијам Салиба, Хакан Чалханолу, Дани Олмо, Мартин Одегард, Флоријан Вирц, Дани Карвахал, Тони Крос, Артем Довбик, Гранит Џака, Рубен Дијаз, Федерико Валверде, Фил Фоуден и Емилијано Мартинез.


Рабио ќе игра за Ал Наср ?

По долгото време поминато без клуб, Французинот Андреа Рабио изгледа пронајде нов ангажман.

Рабио се поврзуваше со клубови од Премиер лигата, но изгледа никој не влезе во сериозни преговори. Галатасарај нудеше пет милиони евра помалку отколку Јувентус, па затоа Французинот се одлучил за Саудиска Аранија

„Според инфромациите, Рабио се договорил со Ал Наср каде што игра Роналдо. Во овој клуб Рабио ќе заработува околу десет милиони евра по сезона.

Ал Наср не освои трофеј од доаѓањето на Кристијано, иако тоа беше главна цел. Тимот покрај Роналдо ги има уште Луиз Кастром.


Комити во прегратка со силна поддршка за играчите и новиот тренер на Вардар

“На сите кои во овој момент раководат со клубот, на стручниот штаб, како и на фудбалерите, јасно им се даде до знаење кои се целите и црвените линии кои не смеат да бидат поминати! Приказната за клубот на народот, крваво ја градеа илјадници луѓе и затоа нема да дозволиме никој да си поигрува со идентитетот на нашата борба. Воедно, упативме целосна поддршка до новиот шеф на стручниот штаб, Срѓан Захариевски и до целиот негов тим.

Бараме само едно: БОРБА И САМО БОРБА! За крај, упатуваме апел до сите навивачи на клубот, паузата да ја искористиме за најголема комитска МОБИЛИЗАЦИЈА! Нека пркоси црвено-црното, нека доминира“, се вели во соопштението на „Комити“.


Скубе сериозно се повреди и го чека долга пауза

Словенечкиот ракометар Сташ Скубе заработи потешка повреда поради која го очекува подолга пауза од ракометните терени.

На тренинг на екипата на Монпелје словенечкиот среден бек ги скина предните вкрстени лигаменти повреда која ќе го одалечи од терените најмалку шест месеци.

Да подсетиме Сташ Скубе беше дел од Вардар од 2018 до 2020 година. Словенецот беше еден од хероите во освојувањето на втората шампионска титула и еден од носителите на играта на македонскиот тим во тоа време.


Ван Дајк ќе игра до Мундијалот 2026 година

Капитенот Вирџил ван Дијк ќе игра за репрезентацијата на Холандија најмалку до Светското првенство во 2026 година, изјави селекторот Роналд Куман на прес-конференција пред натпреварот од Лигата на нации против Босна и Херцеговина.

Холандија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, каде што беше елиминирана од Англија.

„Беше важно да го видам и да разговараме. Сакав да знам дали има намера да игра за националниот тим со полн интензитет во следните две години и тој позитивно одговори на моето прашање. Го сакам и во тимот. Ако некогаш имаш било какви сомнежи за Вирџил, тие сега треба да бидат во историјата“, рече Куман во изјава за „Скај Спортс“.