feature

Дибала нема да настапи на Копа Америка

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Гарначо, ќе биде на списокот на Аргентина за претстојниот шампионат – Копа Америка кој ќе започне на 20 јуни. Тоа пред новинарите го потврди селекторот на „гаучосите“, Лионел Скалони.

 „Можам да гарантирам дека Гарначо ќе биде со нас“, изјавил Скалони.

19-годишниот крилен напаѓач има одиграно пет средби во различни конкуренции. Тој дебитираше за Аргентина во претходното лето.


Жоао Невеш прва желба на Луис Енрике за новата сезона

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш е примарна трансфер цел на ПСЖ ова лето, пренесуваат француските медиуми.

Невеш има 19 години и важи за еден од најголемите таленти во Европа, но Бенфика за неговата слобода бара повеќе од 100 милиони евра.

Невеш со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти, но ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата.

Луис Енрсистира да му биде доведен младиот играч за врска, но сумата која ја бара Бенфика може да го искомплицира трансферот. ПСЖ веќе стапил во контакт со португалскиот клуб и е спремен да понуди до 90 милиони евра со вклучени бонуси.


Теодосиќ доби нов договор во Црвена Звезда

Кошаркарот на Црвена ѕвезда, Милош Теодосиќ го продолжи договорот со белградскиот тим за уште една сезона.

„Останувањето лидерот на овој тим на теренот и во соблекувалната е огромно засилување за Црвена Звезда, за која Милош ја одигра претходната сезона со голем успех, но и со мотив и желба да му помогне на клубот и на тимот“, соопшти попладнево Црвена ѕвезда.

Изминатата сезона Црвена ѕвезда ја одбрани шампионската титула во Србија, а ги освои трофеите и во АБА лигата и националниот куп.

Во текот на својата кариера, Теодосиќ освои 19 трофеи во Србија, Грција, Русија и Италија.


Одложено враќањето на МекГрегор во октагонот

Враќањето на Конор МекГрегор во кафезот повторно е одложено.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, на социјалните мрежи објави дека борбата меѓу Ирецот и Мајкл Чендлер, која требаше да биде главен настан на УФЦ 303, пропаднала поради повреда на борецот од Даблин.

Шампионот на УФЦ во полутешка категорија Алекс Переира ќе ја брани титулата во реваншот против Јиржи Прохаска на главниот настан на УФЦ 303, на местото на МекГрегор-Чендлер.

Променет е и последниот загревачки меч на боречката гала, која треба да се одржи на 29 јуни во Лас Вегас. Џамал ​​Хил се повлече од пресметката со Карлос Улберг поради повреда. Тоа место ќе го пополнат Брајан Ортега и Диего Лопез во перо категорија. Улберг доби нов противник – поранешниот претендент за титулата Ентони Смит.

Последната борба на Конор беше во 2021 година, кога поранешниот шампион во две дивизии ја скрши ногата во ММА дуелот со Дастин Поарје.


Алкараз: Сакам да играм финале на Вимблдон против Синер

Карлос Алкараз за прв пат во кариерата го освои Ролан Гарос. Сепак, одличниот Шпанец нема многу време за одмор.

За две недели ќе почне да ја брани титулата на „Вимблдон“ до која стигна по одличниот меч против Новак Ѓоковиќ.

Вториот светски рекет веќе ја изрази својата желба со кого би сакал да игра во евентуалното финале на терените на Ол Ингланд клубот.

„Ако сакате да освоите Гренд слем, треба да ги победите најдобрите. Би сакал повторно да играм против Синер, но овој пат во големото финале“, изјави Алкараз.

Карлос конкретно ја спомена улогата на својот тренер Хуан Карлос Ферер.

„Понекогаш не знам што да правам на теренот. Во тие ситуации секогаш го слушам Феро. Би сакал тој да биде со мене до крајот на кариерата“, изјави Алкараз


Неста промовиран во нов тренер на Монца

Поранешниот италијански репрезентативец и легенда на Милан, Алесандро Неста е назначен за тренер на Монца, соопштија од Серија А.

48-годишниот Неста доаѓа на местото на Рафаеле Паладино, кој ја презеде тренерската функција во Фиорентина. Неста неодамна беше на чело на второлигашот Реџана, кој минатата сезона заврши на 11-тото место во Серија Б.

Како фудбалер, Неста стана култна личност за тимовите на Лацио и Милан. Со овие две екипи освои многу трифеи, посебно со Милан со кои освои десет трофеи за десет години, меѓу кои две ЛШ и два пати италијанско првенство.

Со репрезентацијата на Италија го освои и светскиот шампионат во 2006 година.


Стоунс неизвесен за настап на дуелот со Србија

Англиските медиуми денеска објавија дека фудбалерот на Манчестер Сити, Џон Стоунс е под голем знак прашалник за настап на првиот меч на Англија на ЕП 2024 против Србија во недела.

Стоунс го пропушти тренингот на Англија вчера, откако од националниот тим објавија дека тој е болен. Има загриженост дека станува збор за некаква повреда, но сепак станува збор за грип.

Според англиските весници, Стоунс бил затворен во неговата соба и ефективно ставен во карантин, за да се спречи ширењето на болеста на остатокот од тимот.


ФИФПро се закани со тужба кон ФИФА

Меѓународната фудбалска федерација (FIFPro) и нејзините членови поднесоа тужба против Меѓународната фудбалска федерација. Тужителите ја оспоруваат законитоста на одлуките на ФИФА за еднострано одредување на календарот на меѓународните натпревари, особено одлуката за создавање на Светското клупско првенство во 2025 година.

ФИФПро, заедно со Здружението на професионални фудбалери на Англија (ПФА) и Националната унија на професионални фудбалери на Франција, се обратија до Стопанскиот суд во Брисел и побараа случајот да биде предаден на Европскиот суд.

„Играчите и нивните синдикати постојано нагласуваат дека сегашниот фудбалски календар е пренатрупан. Сепак, ФИФА не успеа да се вклучи или да преговара конструктивно и еднострано продолжи со програмата за проширување на натпреварувањето и покрај противењето од синдикатите на играчите“,  се вели во соопштението на ФИФПро.


Роналдо: Ќе ја почитувам секоја одлука на селекторот

Главната ѕвезда на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо вети дека ќе ги „почитува одлуките“ донесени од селекторот на Португалија Роберто Мартинез на ЕП 2024, опишувајќи го неговото присуство во Германија и можноста да ја претставува својата земја на 39-годишна возраст како „подарок“.

Роналдо играше 207 пати за Португалија и постигна 130 гола со што ги држи и двата светски рекорди во репрезентативниот фудбал.

„Најважно е што сум добро и физички и психички. Подготвен сум, секогаш се подготвувам на најдобар начин, 100% сум професионалец. Ќе бидам подготвен како и секогаш да и помогнам на нашата земја и ќе ги почитувам одлуките на тренерот“, изјавил Роналдо.


Фонсека и официјално тренер на Милан

Пауло Фонсека и официјално е нов тренер на италијанскиот гигант Милан. Договорот на 51-годишниот специјалист е на три години.

Тренерот роден во Мозамбик, кој има и португалско државјанство, неодамна го водеше францускиот Лил. Тој го наследува Стефано Пиоли на клупата од „Сан Сиро“. Фонсека веќе има искуство во италијанскиот фудбал.

Во периодот 2019-2021 година беше на чело на Рома, а претходно три години беше тренер на Шахтјор Доњецк. Тренерската кариера на Фонсека минува и преку Брага, Пакос Фереира, Порто и Алавес.