feature

Милан и Интер спремаат изградба на нов стадион

Италијанските фудбалски гиганти Милан и Интер направија важен чекор кон изградба на нов стадион со презентирање на деталниот план до градските власти на Милано. Проектот вклучува изградба на модерен спортски комплекс во областа Сан Сиро, каде што моментално се наоѓа легендарниот стадион „Џузепе Меаца“.

Според планот што го претставија клубовите, тие имаат намера да го преземат стадионот стар 98 години и придружното земјиште од градот Милано. Централниот дел на проектот е нов стадион со капацитет од 71.500 седишта, чија изградба се очекува да чини околу 700 милиони евра. Но, покрај самата арена, планот вклучува и сеопфатен развој на околината, која ќе се трансформира во мултифункционална спортска зона.

Проектот предвидува изградба на музеј посветен на историјата на двата клуба, продавници, деловни простории, хотели и пространи зелени површини. Планот содржи и предлог за „рефункционализација“ на сегашниот стадион, со цел да се зачува неговата историска вредност и да се прилагоди на нова намена. Дополнителните трошоци за реновирање на целиот комплекс се проценуваат на 500 милиони евра.

Според сегашниот план, новиот стадион треба да биде завршен до 2031 година, со што Милано ќе добие еден од најмодерните фудбалски објекти во Европа.


Родриго преговара со Манчестер Сити

Манчестер Сити не се откажува од фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго. Медиумите на Принејскиот полуостров трврдат дека клубот започнал преговори со луѓето блиски до крилниот напаѓач.

Бразилецот повеќепати јавно изјави дека сака да остане во Реал, но тоа не ги спречи Манчестер сити и Ливерпул да продолжат да покажуваат интерес. Родриго наводно ја одбил понудата на Сити минатото лето. Сето ова не го обесхрабри клубот.

Пеп Гвардиола е голем фан на Родриго, а Сити планира голем ремонт на тимот ова лето, Кевин Де Брујне и Бернардо Силва со голема веројатност ќе го напуштат клубот. Според тврдењата на некои шпански медиуми, Сити неодамна одржал состанок со таткото на Родриго.

Сити нуди поголема плата од онаа што фудбалерто ја има во Реал и слобода во играта Новинарот Едуардо Инда, тврди дека таткото на Родриго и неговиот тим негираат дека средбата се случила, но според неговите извори, средбата се случила пред две до три недели.


Еурофарм Пелистер без мака го доби пелагониското дерби

Бранителот на титулата Еурофарм Пелистер издвојува убедлив триумф над Прилеп од 22-35 во натпреварот од 22. коло во Суперлигата.

„Зелено-белите“ немаа никакви проблеми за да ја остварат целта на ова соочување и веќе по првото полувреме имаа предност од десет гола (18:8). Тука веќе беше јасно дека вториот дел е чиста рутина, формалност, период во кој Прилеп беше поконкурентен, ама далеку од тоа да му се закани на фаворитот.

Најдобар стрелец кај пелистерци беше Цветан Кузманоски со пет гола, а Филип Кузмановски додаде четири гола. Манасков, Тајник, Борзаш, Радивојевиќ, Костески и Атанасијевиќ, сите имаа по три гола. Кај Прилеп, Христи Бикоски и Томислав Квастек погодија по четири пати.

Еурофарм Пелистер како и Вардар 1961 имаат идентичен учинок од 20 победи и 2 порази.


Иран шести учесник на Мундијалот во 2026 година

Иран е шестиот учесник на Светското првенство во фудбал во 2026 година.

По организаторите: САД; Канада и Мексико, низ квалификациите пласман изборија Јапонија, Нов Зеланд и Иран. Во осмото коло од квалификациите во Азија, Иранците пред своите гледачи ремизираа со Узбекистан 2-2.

Двоен стрелец за Иран беше напаѓачот на Интер, Мехди Тареми.

Со ова реми, на две кола пред крајот, селекцијата на Иран и теоретски обезбеди едно од првите две места кои водат директно на Мундијалот.

По натпреварот славеа домашните фудбалери, а наскоро историски пласман на Мундијалот би можеле да слават и во Узбекистан. Узбекистанците имаат четири бода повеќе од Обединетите Арапски Емирати.


Македонија испушти победа во последната секунда против Велс

Фудбалската репрезентација на Македонија, во дрматична завршница не успеа да го победи Велс, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Во Ј групата натпреварот во Скопје заврши 1-1 (0:0).

Македонија во овој прозорец освои четири бода, по очекуваната победа над Лихтеншѕајн (3-0) во саботата, вечерва во Скопје одигра нерешено со Велс.

Бојан Миовски во 91.минута во екстаза ги фрли навивачите на Националната арена „Тодор Проески“. Напаѓачот на Џирона го искористи подарокот на искусниот Џо Ален кој лошо одигра една повратна топка, а Миовски реагираше на прва и низ нозете на Дарлоу ја испрати топката во голот.

Сепак, избраниицте на Благоја Милевски не успеаја да ја задржат предноста. На истекот на 96.минута, Брукс ја искристи лошата поставеност во одбраната и неколкуте грешки на нашите фудбалери и го совлада Димитиревски.

Столе Димитиревски прими гол по 711 минути, откако претходно шест натпревари остана несовлдан.

Што се однесува до самиот натпревар, Велс ја контролираше играта. Имаа играчите на Крег Белами неколку обиди, но без сериозна закана по голот на Димитиревски.

Македонија првиот шут во рамките на голот го имаше во 65.минута, кога Дарлоубрилијантно го одбрани ударот на Чурлинов. Неколку минути подоцна по центаршутот на Томас, Џонсон шутираше, а Муслиу интервенираше од гол линијата.

Македонија квалификациите ќе ги продолжи во јуни, со дуелите против Белгија во Скопје и Казахстан во Астана.


Лијам Лосон заминува од Ред Бул?

Тимот на Ред Бул сериозно ја разгледува опцијата да му врачи отказ на Лијам Лосон по само неколку трки од новата сезона, откако возачот од Нов Зеланд воопшто не ги оправда очекувањата по добиената шанса да му биде партнер на светскиот првак Макс Фертапен.

Ред Бул реши да му даде шанса на Лосон, но тој има катастрофален старт на оваа авантура, испаѓајќи во првите рунди од квалификациите на трите досегашни трки.

Медиумите специјализирани за Формула 1 тврдат дека Лосон ги користи последните кредити, а доколку наскоро драматично не ги поправи резултатите ќе биде заменет со Јуку Цунода.


Дарио Шариќ пред потпис со Реал

Хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ следната сезона би можел да се врати назад во Европа каде за негов ангажамн постои сериозен интерес од Реал Мадрид.

Искусниот крилен центар е веќе девет години во НБА лигата, но полека ја губи важноста во тимот.

Тој оваа сезона е дел од Денвер Нагетс, но не добива шанса и во моментите кога поради повреда надвор од составот е Никола Јокиќ.

Последен тим на Шариќ во Европа е Анадолу Ефес за кој настапуваше од 2014 до 2016.


Ким Андерсон замина во ракометна пензија

Поранешниот ракометен репрезентативец на Шведска, Ким Андерсон, по завршувањето на тековната сезона ќе стави крај на својата играчка кариера.

Некогашниот ас на скандинавската репрезентација кариерата ќе ја заврши во дресот на Иштад, клуб во кој настапува од 2015 година.

Десниот бек својата кариера ја започна во Иштад, потоа играше за Савехоф, а од сезона 2005/06 до сезона 2011/12 го носеше дресот на Кил. По настапите за бундеслигашот, направи трансфер во Колдинг, каде што играше три сезони.

По враќањето во родната Шведска во сезоната 2015/16, потпиша за Иштад, иако имаше понуди од Веспрем и Алборг.


Рис Џејмс со спектакуларен гол се врати во англиската репрезентација

Англија ја забележа втората победа во квалификациите за Светското првенство. На „Вембли“, Англија ја победи Летонија со 3-0, а селекторот Томас Тухел особено го истакна Рис Џејмс.

Десниот бек на Челзи по две и пол години се врати во стартниот состав на „Гордиот Албион“ и го постигна својот прв гол за националниот тим. Тоа го направи на феноменален начин од слободен удар.

„Знам колку добар играч е Рис. Тој е неверојатен. Тој има право да биде горд и среќен за она што го одигра. Тој е во одлична форма, а неговиот квалитет никогаш не е доведен во прашање“, изјави Тухел.


Трент ги договирил сите детали за трансфер во Реал

Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд ги договорил условите со Реал Мадрид и на лето ќе му се приклучи на шпанскиот клуб како слободен играч, дознава „Скај Спортс Швајцарија“.

Договорот на Трент со Ливерпул истекува на лето, а од јануари тој има право да преговара и да потпише договор со кој било друг тим. „Скај Спортс Швајцарија“ тврди дека ТАА ќе потпише петгодишен договор.

Англичанецот ќе заработува 15 милиони евра годишно во Мадрид, со значителни бонуси. За споредба, овој 26-годишен играч заработува речиси 11 милиони евра по сезона во Ливерпул.

Александер-Арнолд е член на сениорскиот тим на Ливерпул од 2016 година, а за англискиот клуб досега одигра 349 натпревари, постигна 22 гола и 87 асистенции.

Во текот на кариерата на „Енфилд“, Трент има освоено по еден трофеј за победникот на Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.