feature

Канаваро не доби нов договор, заминува од Удинезе

Фабио Канаваро нема да го води Удинезе следната сезона. Тренерот го задржа местото на тимот во Серија А, но и покрај тоа не доби понуда за нов договор. Веста ја објави самиот Канаваро на социјалните мрежи.

„Претседателот Поцо денеска ме информираше за неговата одлука да се разделиме. Му благодарам за можноста што ми ја даде. Жал ми е што не можам да го продолжам ова патување. Сакам да појаснам дека имаше желба од моја страна да го продолжам договорот. Среќно за клубот, играчите и прекрасните навивачи на Удинезе“, напиша Канаваро.

Италијанскиот стручњак го презеде тимот во април кога беа на 17. место, веднаш над зоната за испаѓање. Под водство на Канаваро, тимот од Удине ја заврши сезоната на 15-то место.


Џејмс го продолжи договорот со Монако

Мајк Џејмс, планира да го продолжи договорот со Монако на уште три години, пренесуваат француските медиуми.

МВП-играчот на Евролигата договори сѐ со клубот и е подготвен да потпише тригодишен договор вреден 9 милиони евра.

Главна тема при преговорите била кој ќе го плати дополнителниот американски данок, наспроти даночните поволности во Кнежевството. Сепак, брзо е најден заеднички јазик и ќе следува потписот на Мајк Џејмс до сезоната 2026/27.


Челзи бесплатно доведе прво засилување за новиот менаџер

Управата и новиот стручен штаб на Челзи веќе ги започнаа подготовките за следната сезона и ја објавија својата прва активност на трансфер-пазарот.

„Сините“ од Лондон добија бесплатно засилување кое доаѓа од редовите на Фулам, а се работи за стоперот Тосин Адарабиојо, кој добива четиригодишен договор.

Ова е прво бесплатно засилување за Челзи откако претседател на клубот е Тод Боели, а навивачите веќе му посакаа добредојде на новиот играч.


Чаби Алонсо го доби првото засилување за новата сезона

Поранешниот играч на Рен, Јануел Белосјан e првото засилување на првакот на Германија, откако потпиша договор со Баер Леверкузен до 2029 година.

Францускиот 19-годишен дефанзивец е првото засилување за шампионот во Бундеслигата пред новата сезона.

Белосијан го имаше своето деби за првиот тим на Рен во март 2022 година и одигра 39 натпревари, вклучувајќи ги и натпреварите во Лига Европа.

Спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфес, рече дека младиот Французин има потенцијал да биде важен играч во тимот и го пофали неговиот атлетски став.

Чаби Алонсо најави дека костурот на тимот ќе остане и ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона.


Левандовски го следи Ројс во Лос Анџелес

Екипата на Лос Анџелес Галакси откако го купи фудбалерот, Марко Ројс, сега ќе се насочи кон играчот на Барселона, Роберт Левандовски.

Полскиот ветеран иако има договор со шпанците до летото во 2025 година, најверојатно ќе биде ставен на трансфер листата.

Тој во завршената сезона имаше 49 натпревари во сите конкуренции на кои постигна 26 голови.


Галагер размислува да си замине од Челзи

Kонор Галагер, фудбалерот од средниот ред на Челзи,може да ја продолжи кариерата во друг клуб, пренесува Дејли Мејл.

За неговиот потпис ќе конкурираат екипите на Тотенхем и Астон Вила. 24-годишниот Англичанец во претходната сезона одигра 50 натпревари, постигна 7 голови и направи 9 асистенции.

Неговата трансферна вредност е околу 50 милиони евра.


Мексиканецот Лозано се сели во Сан Диего

Поранешниот фудбалер на Наполи, Ирвинг Лозано, од 1 јануари 2025 ќе настапува во САД во екипата на Сан Диего.

28-годишниот крилен напаѓач потпиша договор до крајот на 2028 година со опција за уште две сезони.

Тој ќе инкасира околу 7 милиони долари годишно. Лозано во дресот на Наполи одигра 155 натпревари и постигна 30 гола.


Ѕвездата на Краснодар интересна за италијанските гиганти

Фудбалерот  од средниот ред на Краснодар, Едуард Спертсјан може да ја продолжи кариерата во Италија, пренесувааѕт медиумите во Италија.

За 24-годишниот Ерменец наводно, конкурираат: Јувентус, Лацио, Наполи и Фиорентина. Се известува дека италијанските клубови неколку месеци ги следеле настапите на играчот.

Тој сезоната ја заврши со 11 голови и 4 асистенции.


Во Рома безрезервно му веруваат на Де Роси

Тренерот на фудбалерите на Рома, Даниеле Де Роси ќе го продолжи договорот со клубот до 2027 година.

Се очекува „волчицата“ тоа да го потврди во наредните денови. 40-годишниот специјалист го презеде кормилото во јануари по заминувањето на Жозе Мурињо.

Рома на крајот на сезоната во Серија A го освои шестото место.


Спалети го објави дефинитивниот список за Европското првенство

Селекторот на Италија, Лучано Спалети, го објави конечниот список фудбалери на кои ќе смета за претстојното Европско првенство во Германија.

Спалети првично повика 30 фудбалери во тренинг кампот, но поради повреди веднаш отпаднаа Франческо Ачерби и Џорџо Скалвини, по што беше повикан Гати од Јувентус кој сега се најде меѓу патниците на шампионатот.

Спалети се одучи да ги изостави голманот на Лацио Проведел, Орсолини од Болоња и Ричи од Торино.