feature

Социјалниот проект на Естевао кој ќе им помогне на илјадници деца

Estevao celebrating a goal for Chelsea

Младата фудбалска ѕвезда Естевао, кој блеска со Челси и бразилската репрезентација, ја користи својата слава за да направи вистинска промена. Тој најави отворање на социјален институт во неговиот роден град Франка, со цел да им помогне на илјадници деца од заедницата каде што порасна. 

Институтот, чија реализација е планирана за 2026 година, ќе нуди бесплатни програми од областа на образованието, здравството и спортот за околу 3.000 деца на возраст од 7 до 18 години. Финансиран целосно од самиот Естевао, проектот е создаден за да ги елиминира економските пречки и да им овозможи на младите да се развиваат соодветно. 

Ова не е обична добротворна акција, туку долгорочна визија за вистинско оснажување. Со фокус на клучни аспекти од детскиот развој, проектот има за цел да создаде реални можности за учење, здрав раст и активен живот. 

Иако гради блескава кариера во Европа, Естевао останува цврсто поврзан со своите корени. Неговиот институт претставува благодарност, но и сериозна заложба за траен позитивен отпечаток таму каде што сè започна. 


Карвахал и Трент се враќаат за Ел Класико

Trent Alexander arnold being substituted off for Dani Carvajal

Дани Карвахал и Трент Александер-Арнолд се вратија на тренинзите со Реал Мадрид, што претставува големо засилување за клубот во пресрет на клучен дел од сезоната. 

Карвахал, кој го повреди солеус мускулот за време на дербито со Атлетико Мадрид кон крајот на септември, закрепнува побрзо од очекуваното. Од друга страна, Александер-Арнолд, кој се здоби со повреда на задната ложа на меч од Лигата на Шампионите во средината на септември, исто така напредува со брзо темпо. 

Двајцата бекови се очекува да бидат целосно подготвени за долгоочекуваниот Ел Класико против Барселона на 26 октомври. Карвахал првично требаше да отсуствува до пет недели, но веќе работи со топка на тренинзите. Александер-Арнолд, чиј период на рехабилитација беше проценет на 10 до 12 недели, вложува напори да се врати многу порано. 

Нивната можна присутност ќе биде значајна за Реал, особено поради неодамнешните проблеми со дефанзивната длабочина. Како што двајцата играчи напредуваат со рехабилитацијата, расте и оптимизмот во тимот.  


Гулер е дел од големиот план на Чаби Алонсо

Arda Guler in a Real Madrid shirt clapping

Арда Гулер тивко, но сигурно станува клучна фигура под водство на Чаби Алонсо, додека младиот плејмејкер сè повеќе добива доверба во систем што се гради врз јасна визија и долгорочна стратегија. Гулер често ја истакнува својата верба во методите и тактичкиот пристап на Алонсо, а нивната соработка покажува колку е важен континуитетот и трпението во развојот на младите играчи. 

Надвор од теренот, Гулер со насмевка прифаќа нови улоги. Без разлика дали игра како креатор, во напредна позиција или на некое друго место, тој е подготвен да се адаптира и да придонесе каде што е најпотребно.  

Но зад тој пријателски пристап стои и сериозна амбиција. Гулер јасно ја изрази својата желба оваа сезона да заврши со трофеј од Лигата на Шампионите. Тоа не е лична мисија, туку колективна цел која ја споделува со своите соиграчи – цел што совршено се вклопува во стратегијата на клубот да ги обедини младоста и искуството на европската сцена. 

Од клубот доаѓаат сигнали за внимателен, но амбициозен пристап. Методите на Алонсо создаваат тим што може да го балансира сегашниот успех со долгорочниот развој. А Гулер, кој покажува зрелост над своите години, сè повеќе се гледа како клучна фигура во планот што би можел да го дефинира идниниот успех на клубот, и дома и во Европа. 


Мареска казнет со еден натпревар по исклучувањето со Ливерпул

Тимот на Челзи во следноот коло, викендов, ќе мора да биде без менаџерот Енцо Мареска на клупата. „Сините“ на гостувањето кај Нотунгем Форест в сабота, ќе мора да ги води некој од неговите помошници, затоа што Мареска е суспендиран на еден натпрерар.

Причина за тоа е црвениот картон кој што тој го доби на дербито против Ливерпул одиграно на 4 октомври кога Челзи со гол во петтата минута од продолжението победо со голот на Естевао.

По постигнувањето на голот, и конечните 2-1, Мареска прослави но недолично, по што ФА нормално го казни.

Мареска ја прифати казната, што е стандардна за ваквиот тип на прекршоци, а згора на тоа и ќе си плати 8000 фунти.


Јагуриновски ја напушти Германија и потпиша за Охрид

Македонскиот ракометар Томислав Јагуриновски официјално потпиша договор со ГРК Охрид, враќајќи се во домашното првенство по кратка авантура во Германија.

Тој пристигна од клубот Десау, каде што настапуваше минатата сезона, но поради повреда на грбот реши да се врати во Македонија.

„Чест ми е што ќе го носам дресот на ГРК Охрид. Ова е град со голема ракометна традиција и вистински македонски бисер. Се надевам дека заедно ќе постигнеме големи работи,“ изјави Јагуриновски по потпишувањето на договорот.

Со овој трансфер, Охрид добива големо засилување на бековската позиција. Јагуриновски во минатото настапуваше за Металург, Вардар, Еурофарм Пелистер и Работник, а беше и дел од македонската репрезентација.

Тренерот Борис Ројевиќ очекува новото засилување да внесе искуство и стабилност во тимот кој оваа сезона има амбиции да се бори за пласман во горниот дел од табелата.


Благ пад на македонската селекција на ФИФА ранг-лисгата

Фудбалската репрезентација на Македонија по ноемвриските натпревари забележа благ пад на најновата ФИФА-листа, откако и официјално комплетирани се сите квалификациски мечеви во зоните и пријателските мечеви ширум светот.

Нашиот национален тим падна за две места и сега се наоѓа на 65-тата позиција. Во октомври, Македонија ремизира со Белгија (0-0) и со Казахстан (1-1), за тоа доби само 2,11 бодови на листата, но останатите добија многу повеќе.

Причината за падот е напредокот на Албанија која скокна за четири места заради победата над Србија.

На врвот на светската листа е Шпанија а имаме нов второпласиран тим тоа е Аргентина На третото место падна Франција.

Најдобрата десетка ја комплетираат Англија ,Португалија , Бразил , Холандија Белгија, како и Италија и Германија кои скокнаа позиции погоре.


Дубаи го продолжи договорот со тренерот Јурица Големац

Кошаркарскиот клуб Дубаи официјално соопшти дека го продолжил договорот со главниот тренер Јурица Големац, кој го предводеше тимот до сензационалната победа над европскиот првак Фенербахче со 93-69 во рамки на Евролигата.

Раководството на клубот одлучи да ја награди одличната работа на словенечкиот стратег, кој за кратко време создаде тим што демонстрира самодоверба, дисциплина и модерна кошарка.

Под водство на Големац, Дубаи игра препознатливо — со брз напад, агресивна одбрана и голема тимска енергија. Победата над Фенербахче се смета за најголемиот успех во младата историја на клубот, а продолжувањето на соработката е потврда за амбициите на проектот да стане стабилен евро-лигашки тим.

„Ова е само почеток. Играчите веруваат во системот, а клубот во нас — заедно градиме иднина“, изјави Големац по потпишувањето на новиот договор.

Дубаи веќе најави дека следната цел е пласман во плеј-офот на Евролигата, а под водство на Големац изгледа дека таа амбиција не е невозможна.


Ако Касемиро ги намали примањата, ќе добие нов договот на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед може да му го продолжи договорот на Касемиро и за наредната сезона, велат последните информации од фудбалска Англија.

Бразилецот има тековна соработка до летото во 2026 година но, „црвените ѓаволи“ размислуваат да го задржат подолго доколку се согласи на значително намалување на платата.

Играчот од средниот ред е еден од најплатените во клубот. Тој добива 300.000 фунти неделно.


Пикфорд прифати нов договор со Евертон

Голманот, Џордан Пикфорд, ќе го продолжи договорот со фудбалскиот состав Евертон. Тоа треба да се случи пред викенд дуелот со Манчестер Сити кој ќе биде одигран во рамките на Премиер-лигата.

Медиумите наведуваат дека искусниот чувар на мрежата се согласил да потпише нов четиригодишен договор.

Пикфорд ги брани боите на популарните „карамели“ од 2017 година.


Пелистер поразен од Цедевита Јуниор на стартот на ФИБА Европа Купот

Пелистер не успеа да стигне до позитивен резултат во првото коло од ФИБА Европа купот откако битолскиот клуб вечерва беше поразен во Загреб од Цедевита јуниор со убедливи 94-76. Хрватскиот тим покажа многу повеќе на теренот во арената „Дражен Петровиќ“, Пелистер имаше проблеми и со шутот од далечина и со скок-играта, ситуација во која не можеше да се стигне до изненадување вечерва во Загреб.

Домаќините го отворија мечот со брзо водство од 6-0, пред првите поени за Пелистер да ги постигне Андреј Митревски (6-2). Цедевита Јуниор за момент имаше 8-2, но Пелистер имаше одговор и во четвртата минута поведе со 8-9, прво водство на македонскиот тим на натпреварот. По ефикасниот старт се влезе во серија грешки на двете страни, Цедевита јуниор по осум минути игра водеше со 18-16, Пелистер израмни на 18-18 со забивањето на Ленгстон Вилсон, но хрватскиот тим подобро ја заврши четвртината, поведувајќи со 24-20.

Почетокот на втората четвртина мина во знакот на Стајиќ, кој најпрви асистираше до Вилсон, а веднаш потоа украде топка и рутински реализираше за 24-24. Повторно следеше период на грешки, а откако домаќинот поведе со 28-24 тренерот Даскаловски го побара својот прв тајмаут на мечот. Цедевита Олимпија имаше најубедливи 35-27, Митревски се врати на терен и постигна пет поени во низа, но следеше нов период на криза во нападот што домаќините го искористија и на одмор заминаа со 44-35, полувреме во кое домаќинот целосно доминираше под обрачите (26-13 во скокови).

Домаќините го отворија второто полувреме со тројка за 47-35, Пелистер одговори со четири поени во низа, но Цедевита јуниор ја задржа контролата над играта и резултатот, со тројката под фаул на Даниелс стигнувајќи до најубедливи „плус 13“ (56-43). Во 27. Минута хрватскиот тим поведе со 59-45, по што Даскаловски беше принуден да побара уште еден тајмаут. Ситуацијата на теренот не се промени, хрватскиот тим издоминира до крајот на третата четвртина, во последните десет минути Пелистер влезе со негатива од 67-53.

Хрватскиот тим имаше контрола над резултатот, Пелистер само за момент намали на „минус десет“ (74-64), но следеше нова серија на Цедевита јуниор и разликата за две минути скокна на 20 поени (86-66). На крајот, хрватскиот тим славеше со убедливи 94-76 , за убедлив пораз од кој „пелистерци“ ќе мора експресно да извлечат многу поуки, за подобро да се претстават во ова европско натпреварување.

Прв стрелец на Пелистер во овој пораз беше Ленгстон Вилсон со 17 поени и 12 скокови, а двоцифрен ефект имаа уште и Митревски со 13, Си-Џеј Вилсон со 11 и Малешевиќ со 10 поени.