feature

Шего означи крај на богатата ракометна кариера

Хрватскиот голман Марин Шего става крај на кариерата. Последниот натпревар Шего го бранаше во поразот на Гепинген од Гуерсбах во последното коло од Бундеслигата.

Низ кариерата Шего бранеше за Меѓугорје кој беше негов прв клуб, потоа беше дел од Мостар, Чаковец, Загреб, Висла, Кјелце со кој ја освои Лигата на шампионите во чудесното финале во 2016 година во Ланксес Арената, ПИК Сегед и Монпелје.

„Траеше долго, скоро 22 години професионална кариера. Петнаесет години настапував во Лигата на шампионите, четири во ЕХФ Лигата на Европа. Започнав да се занимавам со ракомет на девет години, Поминав шест лиги, променив многу држави, тренери, имаше се и се што. Многу фактори влијаела на одлуката да ставам точка. Семејството многу пати патеше поради мене. Сакам и децата да се вратат и да бидеме сите заедно во Меѓугорје. Презадоволен сум со она што го постигнав“, изјави Шего за специјализираниот портал за ракомет „Балкан-хендбол“.


Микел Мерино е прв пик на Барса ова лето

Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Микел Мерино е една од приоритетните трансфер цели на Барселона ова лето. Според каталонскиот весник Спорт, 27-годишниот играч е назначен како идеална опција за засилување на средниот ред во новиот тим предводен од Ханси Флик.

Договорот на Мерино со Реал Сосиедад истекува за една година, а во моментов тој се уште не може да се договори со раководството на баскискиот клуб околу неговото продолжување. Тоа значи дека може да влезе на пазарот со добра понуда.

Во исто време, Барселона се надева дека наскоро ќе прецизен увид во финансиската состојба и буџетот што ќе го има за да го засили својот тим.


Ерменија и Грузија ќе се кандидираат за организација на младински Мундијал

Ерменија и Грузија ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќин на Светското младинско првенство на ФИФА во 2029 година, објави Грузиската фудбалска федерација.

Според изворот, претседателот на Грузиската фудбалска федерација Леван Кобијашвили истакнал дека земјата има огромно искуство да биде домаќин на вакви престижни настани. Последното Светско првенство за играчи до 20 години се одржа во 2023 година во Аргентина.

Светското првенство во 2025 година ќе се одржи во Чиле. Земјата по вторпат ќе биде домаќин на овој турнир, откако првпат тоа се случи во 1987 година каде некогашна Југославија стана светски првак.


„Кралевите“ очекуваат дебел приход од трансферот на Мбапе

Раководството на Реал Мадрид веќе планира приход од најмалку 10 милиони евра од привлекувањето на Килијан Мбапе, пренесува весникот „АС“.

Овие пресметки се должат на договорот меѓу двете страни, кој на Реал Мадрид  им дава околу 30% од приходите од рекламните права на Французинот. Досега сите 100% одеа кај играчот според договорот со ПСЖ, но ситуацијата на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде поинаква.

Во моментов, според различни податоци, Мбапе заработува околу 30 милиони евра по сезона од рекламни договори, но Реал силно се надева дека спојувањето на двата бренда ќе може значително да ја зголеми оваа сума во наредните години. Приходите од рекламните права се надополнуваат на очекуваната плата на напаѓачот од околу 15 милиони евра по сезона, но тој ќе инкасира и бонус за потпишување од 100 милиони евра како слободен агент.


Модриќ уште една година останува во Мадрид

Легендата на Реал, Лука Модриќ го продолжил договорот со клубот, објави инсајдерот Фабрицио Романо.

Според информацијата објавена утринава, страните го потпишале договорот синоќа и истиот е во период од една година, заклучно со 30 јуни 2025 година.

Во последната сезона во Ла Лига, Хрватот одигра 32 натпревари на кои постигна 2 гола и имаше 6 асистенции.

38-годишниот Модриќ долго време беше во преговори да добие уште една година во тимот, што на крајот и успеа.


Нико Ковач презема клуб од ОАЕ

Хрватскиот фудбалски стратег Нико Ковач одржал првични преговори со клубот Шабаб Ал Ахли.

Клубот од ОАЕ е заинтересиран да го донесе на кормилото хрватскиот стручњак, откако на крајот на сезоната се раздели со досегашниот тренер Марко Николиќ. На крајот од минатата сезона тимот го освои второто место во националниот шампионат.

52-годишниот Ковач беше отпуштен од Волфсбург во средината на март, откако клубот не успеа да победи на ниту еден од своите 10 натпревари во 2024 година.


Дарвин Нуњез главна ѕвезда, Уругвај го декласира Мексико

Уругвај имаше одлична контрола против селекцијата на Мексико на која напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез постигна хет-трик. На крајот Уругвајците славеа со 4-0 на мечот кој се одигра во Денвер, САД.

Нуњез го отвори резултатот во седмата минута, а крилниот напаѓач Факундо Пелистри во 26. Зголеми и на 2:0. Нуњес погоди по вторпат во 44. минута кога беше проигран од Максимилијано Араухо, а третиот гол го постигна на стартот на второто полувреме во 49. минута по додавање на Пелистри.

Уругвај како и Мексико се подготвува за Копа Америка. Првиот меч за Уругвај е на 24 јуни против Панама. Мексиканците стартваат ден претходно против Јамајка.


Паладино ја напушти Монца и седна на клупата на Фиорентина

Италијанскиот тренер Рафаеле Паладино ја презеде Фиорентина, соопшти клубот од „Артемио Франки“.

Паладино потпиша договор на две години, со опција за соработката да биде продолжена на уште една сезона. Паладино на функцијата го наследи Винченцо Италијано.

Во Фиорентина доаѓа од Монца, каде што беше тренер две години.


Jеро нов спортски директор на Ал-Анср

Поранешниот капитен на Реал Мадрид и шпански репрезентативец Фернандо Јеро ќе ја преземе функцијата спортски директор на Ал-Наср, објави саудискиот фудбалски клуб.

„Тој има огромно искуство во спортот“, се вели во соопштението на Ал-Наср во чиј редови настапува португалската ѕвезда Кристијано Роналдо.

Поранешниот шпански дефанзивец изјави дека е многу возбуден што ќе биде дел од проектот на Ал-Наср, кој заврши на второто место во пласманот на локалното првенство.

Јеро (56) го носеше дресот на Реал од 1989 до 2003 година и за мадридскиот клуб одигра вкупно 439 натпревари, додека за Шпанија забележа 89 настапи.


Летеје заминува, Сафонов нов голман на ПСЖ

Резервниот голман на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Александр Летеје објави денеска дека заминува од клубот.

Летеје, чиј договор истекува на 30 јуни, пристигна во ПСЖ во 2020 година и запиша само два настапи за клубот од Париз.

„По четири години гордост што ги носев боите на мојот омилен клуб, време е да се збогуваме“, порача Летеј на Инстаграм доцна синоќа, само неколку денови откако беше објавено заминувањето на вториот резервен голман Кејлор Навас.

Русинот Матвеј Сафонов според пишувањата на повеќе медиуми ќе биде новата замена за Италијанецот Џанлуиџи Донарума, кој останува прв голман на ПСЖ, во чиј редови е и младиот Шпанец Амау Тенас.