feature

Премиерлигашите го сакаат Педро Нето од Вулверхемптон

Манчестер Сити, Ливерпул и Њукасл на лето ќе водат голема битка за
играчот на Вулверхемптон, Педро Нето.
Педро Нето пристигна во Премиер лигата во 2019 година од Брага и
се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери на Островот.
Неговата вредност е околу 60 милиони фунти, сума која споменатите
клубови се спремни да ја платат.
Сити го следи веќе подолго време бидејќи во него гледа идеален
наследник на Бернардо Силва, кој сака да го напушти клубот.


Милан фаворит за потписот на Џошуа Зиркзе

Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на
мета на многу клубови, а во моментов најсилен интерес покажува
Милан.
22-годишиот Зиркезе поникна во академијата на Баерн Минхен, а оваа сезона блеска во дресот на Болоња и го привлече вниманието на
многу европски клубови.
Милан покажува најсериозен интерес за Холанѓанецот и го посочил
како главна трансфер цел за летниот преоден рок, бидејќи во Зиркзе
гледа идеален наследник на Жиру.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Зиркзе веќе му кажал ДА на
Милан, кој за неговиот потпис е спремен да ја плати откупната
клаузула од 40 милиони евра.


Гатузо се сели во саудискиот фудбал

Италијанскиот фудбалски стручњак Џенаро Гатузо најверојатно ќе
биде нов тренер на саудискиот прволигаш Ал Тавун.
Според италијанскиот печат, 46-годишниот Гатузо ги договорил сите
детали околу неговата преселба во Саудиска Арабија, а официјалното
соопштение се уште се чека.
Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец својата
последна работа ја имаше во Марсеј, со кој раководеше од септември
2023 година до февруари оваа година.
На две кола до крајот на саудиското првенство, Ал Тавун, кој
моментално го води Бразилецот Перикле Шамуска, е на четвртото
место.


Спортскиот директор на Ница се сели во Рома

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на
Рома, објави неговиот досегашен тим Ница.
Оваа вест во интервју ја потврди и претседателот на Ница, Жан-Пјер
Ривер.
„Флорен Гизолфи си заминува, се сели во Рома и ние сме среќни
поради него. Поминавме неколку добри месеци заедно, тој е добра
личност и многу го цениме тоа. Му посакуваме се најдобро. Негово
беше барањето да замине, а ние не сакавме да му стоиме на патот“,
рече Ривер.
Гизолфи ќе го раскине договорот со Ница и на тој начин ќе и олесни на Рома која нема да мора да плаќа оштета.
Местото спортски директор на Рома е испразнето откако Тијаго Пинто поднесе оставка на крајот од јануарскиот преоден рок.


Половина Серија А може во евро-куповите

Правилата на УЕФА се јасни, но за сите љубители на фудбалот беше
големо прашање дали Италија следната сезона ќе има осум или девет
претставници во Европа.
Џорџо Маркети зборуваше по тој повод и истакна дека доколку
Фиорентина заврши под седмото место на табелата во Серија А (што
е сигурно и го победи Олимпијакос во финалето на Конференциската
лига, следната сезона ќе игра во Лига Европа.
Тоа значи и дека во Европа ќе играат дури девет екипи од Италија.
На деветтото место во Серија А во зависност од развојот на настаните
во последното коло може да се најдат Наполи или Фиорентина.
Доколку Фиорентина и Аталанта слават во финалето на европските
купови, во тој случај шест италијански екипи ќе играат во Лигата на
шампионите, седмата, осмата и Фиорентина ќе играат во Лига
Европа, а деветтата во Конференциската лига.


Ајван Тони е решение за нападот на Тотенхем

По суспензијата на ФА поради обложување на Aјван Тони не му
беше лесно да се врати во натпреварувачкиот ритам, но
фудбалерот на Брентфорд успеа да заработи повик во
репрезентацијата на Англија, за која постигна и гол.
Сè уште не е познато дали 28-годишниот напаѓач ќе влезе во
конечниот список на Саутгејт за Европското првенство, но
Англичанецот летово би можел да ја промени средината.
Медиумите од Островите повторно пишуваат за потенцијалниот
трансфер во Тотенхем за кој се шпекулираше минатата сезона
кога Хари Кејн го напушти лондонскиот тим.
Анже Постекоглу се обиде да игра без класичен напаѓач, но се
случуваше да има проблеми. Тимо Вернер пристигна на
позајмица, меѓутоа тој не импресионираше. Сега Тони повторно е
актуелен како некој кој би донел освежување во редовите на
Спарс и би бил долгорочно решение. Меѓутоа, Брентфорд
исклучително го цени својот напаѓач и не сака да го пушти под
100 милиони евра.
Тони сезонава постигна четири гола на 17 натпревари во Премиер
лигата, откако ја одработи суспензијата.


Родри го собори рекордот на Малдини и Албертини

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем
од 3-1, а тоа за овој тим значеше и четврта титула во низа во
Премиер лигата.
Освен освоениот трофеј, посебен момент во овој натпревар
имаше и Родри стрелецот на еден од погодоците. Играчот за
врска успеа да дојде до бројката од 74 натпревари во низа без
пораз.
Шпанецот на тој начин ја оствари најдолгата низа на еден
фудбалер во историјата. Пред вчерашниот натпревар, Родри го
делеше второто место со тандемот на Милан од 1993 години,
Малдини и Албертини. Од вчера тој е самостоен рекордер.

Родри следната сезона може да го стигне рекордот на
непоразеност само во Премиер лигата. Имено, во најсилната
англиска конкуренција тој е во низа од 50 натпревари на кои не
знае за пораз. Тука рекордер е Сол Кемпбел со 56, па така не е
многу далеку од Шпанецот.


Вардар и Детонит Плачковица ќе играат бараж во Струмица

Бараж мечот за опстанок и промоција во ПМФЛ меѓу Вардар и
Детонит Јуниор ќе се одигра во Струмица и тоа во недела со
почеток во 17 часот. Во опција беа и Штип и Битола, но сепак
надлежните во Фудбалската федерација на Македонија одлучиле
овој меч да се игра во Струмица на стадионот “Благој Истатов“.
Познато е дека победникот од дуелот меѓу Вардар и Детонит
следната сезона ќе игра во ПМФЛ и ќе им се придружи на Беса и
Пелистер кои дојдоа од второлигашката конкуренција.
Денеска со ждрепка беа извлечени и двојките за баражите за
пополнување на ВМФЛ. Прилепска Победа во битката за опстанок
за ривал го доби тимот на Куманово, а Вардарски ќе игра со
Кораб, додека последната бараж-двојка ја сочинуваат Влазерими
и велешки Борец. Овие баражи се на програмата в сабота.


Bet Builder понуда

Евротип секогаш знае што е најдобро за своите играчи и затоа подготви специјална понуда за комбинирани типови во една комбинација.

Bet Builder-от важи само за сингл натпревар

Bet Builder-от ќе биде во понуда за финалните натпревари од Лига на Шампиони, Лига Европа и Конференциска Лига.

Bet Builder-от ќе продолжи и за натпреварите од Европското првенство 2024 и Копа Америка.

Еден Bet Builder е добитен само доколку сите понудени типови во него се добитни.

Bet Builderot ќе важи само за регуларниот дел од натпреварот.

Во случај да има стрелец во Bet Builder-от и доколку истиот не влези во игра, целиот Bet Builder ќе се пресметува со коефициент 1.

Понудата за Bet Builder-от погледнете ја на следниот линк: https://shorturl.at/sQ3AD


Половина Премиер лига го сака Мекена на клупата

Неодамна се појави веста дека еден од кандидатите за нов тренер на
Манчестер Јунајтед е тренерот од Северна Ирска, Киеран Мекена.
Стратегот на Ипсвич направи голем подвиг со „тракторите“ кои по
повеќе од две децении ги врати во Премиер лигата и со тоа го
привлече вниманието на Јунајтед каде своевремено работешe како
помошник и како тренер во младинските категории. Но, според
последните информации „црвените ѓаволи“ добиле сериозна
конкуренција.
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е заинтересиран за
Мекен, како и Брајтон, кои будно ја следат ситуацијата со 38-
годишниот стратег.
Се погласни се шпекулациите дека Челзи е подготвен да го замени
Маурицио Почетино кој со тимот се пласираше во Конференциската
лига, а во клубот сметаат дека тоа не е доволно добро.
Од друга страна, Роберто де Зерби веќе го напушти Брајтон, па така
тие се веќе во потрага по нов тренер. Раководството на Брајтон сака
млади и преспективни тренери, а нема дилеми дека Мекен е токму таков, па тој сериозно влегол во нивните опции.
Останува да видиме како ќе се развива ситуацијата, а засега не се
исклучува можноста Мекен и да остане во Ипсвич за да го води овој
тим и во Премиер лигата.