feature

Стефан Стојановиќ освои злато на Светската 1 Премиер лига во карате

Македонскиот каратист Стефан Стојановиќ, освои златен медал во највозрасната категорија на постари јуниори (У21) +84 кг.

На завршниот турнир на Светската 1 Премиер лига во Венеција учествуваа 4.000 спортисти од 81 земја.

makpetrol_karate_ml_02.jpg

Стефан Стојановиќ до златниот медал стигна совладувајќи го во финалето Олександер Козлијан од Украина со резултат 3-1. Стојановиќ во елиминацискиот дел до финалето извојува четири победи. Со овој резултат Стојановиќ останува на едно од првите две места на Светската Ранг листа на WKF (Светска карате федерација) за 2024 година.


Македонската федерација дел од конференцијата „Откажи родово базирано насилство“

Како дел од проектот „Откажи родово базирано насилство“, во просториите на Арената „ОАКА“ во Атина се одржа извонредна конференција организирана од страна на Грчката кошаркарска федерација, а во соработка со партнерските организации, меѓу кои и Македонската кошаркарска федерација.

Конференцијата беше модерирана од проектниот менаџер на грчката кошаркарска федерација, а говори одржаа претседателите на грчката и на кипарската кошаркарска федерација.

Настанот ги претстави целите на проектот, достигнувањата и тековните активности од неговиот почеток во 2022 година.

Дискусиите ја нагласија важноста од спречување на родово базирано насилство во спортот и потребата од ефикасни системи за пријавување, кои ќе обезбедат поддршка за сите жртви.

Заедно, работиме на зголемување на свеста, одговорноста и позитивните промени во спортските заедници, гласи пораката која е испратена од присутните на собирот во главниот град на Грција.


Женските селекции до 17 и 19 години ги добија ривалите во евро-квалификациите

Денес во Нион беа извлечени групите за квалификациите за жени до 17 и до 19 години  за Ервопското првенство во 2025 години.

Репрезентации до 17 години – Лига Б:
Домаќин – Македонија (од 6 до 12 март 2025 година)
Словенија
Македонија
Молдавија

Репрезентации до 19 години – Лига Б:
Домаќин – Хрватска (од 1-7 април 2025 година)
Македонија
Хрватска
Ерменија
Литванија

Диполнително ќе биде одреден календарот на двата турнири во Македонија и Хрватска.


Ждрепката за четвртфиналето на Купот во вторник попладне

Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го најави извлекување на четвртфиналните двојки во Купот на Македонија.

Ждрепката ќе се одржи на 10 декември во 15:00 часот во “Куќа на фудбалот” во Скопје.

Вардар, Брера, Шкендија, Струга Трим Љум, Арсими, Детонит Плачковица, Силекс и Гостивар се тимовите кои изборија пласман во четвртфиналето во Купот на Македонија и ќе бидат дел од ждрепката во вторник.

Четвртфиналната фаза (се игра еден натпревар) според програмата ќе се одиграат на 26 февруари 2025 година со почеток во 14:00 часот.


Актуелен проектот Суперлига, шеесет клуба покажаа заинтересираност

Реал Мадрид и Барселона се единствените страни кои сè уште се поврзани со проектот Суперлига кој беше претставен во 2021 година и останува во мирување. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и натаму тврди дека Суперлигата останува жива и реална, а компанијата што треба да го организира натпреварувањето се уште останува активна.

Минатата година, компанијата А22 лани претстави формат на ѕвездена лига, златна лига и сина лига наместо Лигата на шампионите, со 16 екипи во првите две дивизии и 32 во сината лига, од кои 20 екипи годишно ќе испаѓаат. Два клуба ќе бидат промовирани и исфрлени во лигите, а ќе се игра плеј-оф меѓу најдобрите осум во ѕвездената лига за да се одреди победникот.

А22 разговарала со 100 клубови, од кои околу 60 покажале подготвеност да се приклучат на Суперлигата.


Ричарлисон ставен на трансфер листа, Бразилецот заминува од Тотенхем

Напаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон, се почесто е поврзуван со потенцијално заминување од Лондон, бидејќи фрустрациите во таборот на Спарс продолжуваат да растат поради повредите на Бразилецот и борбите за место во стартниот тим.

Тотенхем потроши огромни 60 милиони фунти за поранешната ѕвезда на Ватфорд и Евертон, кој се сметаше за една од ѕвездите кои треба да ја променат физиономијата на тимот. Но Ричарлисон не е ни бледа сенка од очекувањата на навивачите, затоа што досега има само 16 гола во дресот на тимот.

27-годишниот играч одигра само 88 минути оваа сезона во Премиер лигата и веќе се зборува за негово заминување. Според некои конкретни информации, Ричарлисон би можел да се појави на трансфер листата на Тотенхем оваа зима, а сумата која тимот ќе ја бара за него е околу 40 милиони фунти.


Македонија неносител во ждрепката за мундијалските квалификации за ракометарки

Sara STEFANOSKA, Bojana DINEVSKA, Elena GJORGJIJEVSKA, Ivana DJATEVSKA and Simona STOJKOVSKA, North Macedonia vs Hungary, Women’s EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 02.12.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Македонската женска ракометна репрезентација на досега најголемото Европско првенство (ЕП) за ракометарки, со учество на 24 селекции, кое се игра во Австрија, Унгарија и во Швајцарија, го освои 18-то место.

На минатото ЕП, во 2022 година, Македонките беа 16-ти од исто толку селекции. Со пласманот на ЕП 2024, црвено-жолтите се најдоа во вториот барабан за ждрепката на двојките во квалификациите за пласман на Светско првенство (СП) во 2025 година, односно за само едно место не се во првиот барабан.

Светскиот првак Франција, домаќините Холандија и Германија и трите освојувачи на медали на ЕП 2024 ќе имаат директно место на СП 2025, а за Европа ќе останат уште 11 места, кои ќе бидат пополнети со баражите. Ждрепката треба да се влече на 14 декември, во Виена.

Во првиот барабан се Фарски Острови, Исланд, Чешка, Австрија, Шпанија, како и шест од следниве девет селекции: Словенија, Швајцарија, Норвешка, Данска, Полска, Романија, Шведска, Црна Гора и Унгарија.

Во вториот барабан се Македонија, Хрватска, Турција, Србија, Португалија, Украина, Словачка, Литванија, Косово, Израел и Италија. ЕП 2024 продолжува со втората групна фаза.

Во групата 2 се актуелниот првак Норвешка и две селекции што играа во полуфиналето на претходните четири ЕП, Холандија (бронза ЕП 2018 и сребро ЕП 2016) и Данска (сребро ЕП 2022 и четврто место ЕП 2020).

Во првото коло ќе играат финалистите на ЕП 2022, Данска и Норвешка. Во однос на ЕП 2022, во втората фаза не се пласираа Хрватска и Шпанија, а нови се Полска и Швајцарија.


Џонатан Тах бесплатно се сели во Барселона

Барселона направен голем чекор напред за осигурување на потписот на Џонатан Тах, одличниот дефанзивец на Баер Леверкузен кој летово ќе стане слободен играч по истекот на договорот со „фармацевтите“.

Тах веќе објави дека нема да потпише нов договор бидеји сака да замине во некој поголем клуб, но долго се веруваше дека германскиот репрезентативец сигурно ќе се пресели во Баерн Минхен, клуб што инсистираше на негов потпис и минатото лето.

Ситуацијата се промени откако Барселона се вклучи во трката по Тах, уште повеќе откако тренерот Ханси Флик лично разговараше со овој одличен дефанзивец да му се приклучи во каталонската престолнина.

Деко денеска имаше нова средба со агентот на фудбалерот, на која биле договорени речиси сите детали околу соработката. Желба на каталонците е да има целосен договор до крајот на овој месец, за веќе во првата седмица од јануари да биде потпишан преддоговорот, со што Барса и официјално ќе победи во оваа трка и во јули 2025 бесплатно ќе го добие ова големо засилување.


Србија ги смени селекторите на двете ракометни репрезентации

Управниот одбор на Ракометната федерација на Србија (РСС) денеска ги смени селекторите на женската и машката репрезентација, Урош Брегар и Борис Ројевиќ.

Како што беше објавено на сајтот на РСС, донесена е одлука за разрешување на целиот стручен штаб на машката сениорска репрезентација на Србија, па заедно со Ројевиќ беа сменети и помошниот тренер Мирко Скоко, тренерот на голманите Славиша Ѓукановиќ и тренерот за кондиционирање Александар Тунгуз.

Од РСС беше соопштено и дека селекторот на јуниорската репрезентација Далибор Чутура привремено ќе ја предводи машката сениорска репрезентација.


Моизе Кин е играч на месецот во Серија А

Напаѓачот на Фиорентина, Моизе Кин, е прогласен за најдобар играч во италијанската Серија А за изминатиот месец.

Во борбата за наградата, 24-годишниот Италијанец ги победи Алесандро Бонџорно (Наполи), Федерико Димарко (Интер), Адемола Лукман (Аталанта), Кефрен Турам (Јувентус) и Матија Закањи (Лацио).

Минатиот месец, Кин имаше три настапи во Серија А, постигнувајќи пет гола додека „виолетовите“ победија на сите три меча одиграни во ноември.

По 13 одиграни натпревари, Фиорентина има 28 бодови и е на четвртото место во Серија А.