feature

Димитријевиќ: Од првата минута да излеземе по победа во Талин

Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Ненад Димитријевиќ пред претставниците на медиумите изјави дека едвај чека да дојде мечот од квалификациите со Естонија и дека тимот ќе биде подготвен.

-Естонија се незгодна екипа. И минатите квалификации имавме проблеми со нив, но мислам дека имаме доста квалитети, во некој налет да направиме успех и да направиме изненадување на нивниот терен. Мислам дека сме подготвени и едвај чекам да дојде денот на натпреварот, посочи нашиот најдобар кошаркар.

Верува дека заедно со Ти Џеј Шортс ќе се навикнат еден на друг и ќе направат да профункционира врската за успех на репрезентацијата.

-Мислам дека до натпреварот со Естонија ќе бидеме подготвени. Прво мислам дека треба да бидеме пофизички подготвени. Кошарката оди во тој правец, Естонија покажа дека е доста физичка екипа, што сака да трча и имаат играчи на секоја позиција, дури и евролигашки играчи. Треба да бидеме подготвени за нивната енергија и нивната физикалност и да одговориме на тоа. Мислам дека тоа е најважно. Треба да одиме со помисла дека треба да победиме, не да чекаме што ќе се случи. Треба да излеземе од прва минута за победа, заклучи Димитријевиќ.


Јончевски: Размислуваме само за Естонија и како да го добиеме тој натпревар

Сениорската машка репрезентација денеска го одржа првиот собир со кој означи почеток на мини-подготовките кои ќе ги одржи во Скопје во пресрет на последните два натпревари од овој евроквалификациски циклус.

Играчите и стручниот штаб имаат зацртани цели пред нив, како и стратегија како да ги реализираат.

Александар Јончевски, селекторот на Македонија, изјави дека мислите се насочени кон гостувањето во Естонија.

„Во моментов размислуваме само на Естонија и на натпреварот кој мора да го добиеме за да одиме понатака, а за Полска ќе се подготвуваме по Естонија. Имаме мотив, имаме желба, составот можеби не е во најпосакуван изглед по моментов. Имаме среќа што Ненад Димитријевиќ е со нас, тука го имаме и Ти-Џеј Шортс. Се надевам дека како тандем ќе функционираат беспрекорно и ќе дојдеме до победа. Со Јакимовски сум во контакт, имавме позитивни одговори од Колорадо затоа што имаа минимални шанси да се квалификуваат понатаму. Но, пред скоро добивме порака дека тимот има шанси да оди понатаму. Се надевам дека ќе се појави тој во Талин и ќе го имаме на располагање. За разлика од претходниот циклус, го имаме Теодор Симиќ, кој се надевам дека ќе помогне за игра под кошевите, најголемиот проблем кој го имавме претходно со такви физички репрезентации. Тука гледам наша шанса и за некоја брза игра, да ги бркаме тие пет поени негатива во Талин“, истакна Јончевски.


Давид Брестовац го засили Еурофарм Пелистер

Нов член на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер е младиот голман Давид Брестовац, инаку син на македонската легенда и поранешен селектор Данило Брестовац.

Давид потпиша договор на две ипол години и наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.

„Процесот на доведување млади македонските ракометари во нашите редови продолжува. Давид Брестовац е нов член на Еурофарм Пелистер и се обрвза на две ипол годишен договор со нашиот клуб. Се работи за 20-годишен голман, кој доаѓа од ракометно семејство, и веќе има меѓународно искуство. Бранејќи за Котбус и Волф Вирцбург, Брестовац стекна драгоцени минути во нозете. Тој се наметна и носејќи го дресот на македонската младинска репрезентација, со која настапи и на големи натпреварувања“, се вели во објавата на македонскиот шампион.

Официјалното претставување е предвидено деновиве, по пристигнувањето на Брестовац во Битола.


Арсенал заработи казна од Англиската федерација

Фудбалската асоцијација на Англија го казни Арсенал со 65.000 фунти поради однесувањето на фудбалерите на лондонскиот клуб на натпреварот против Вулверхемптон во 23. коло од Премиер лигата.

„Топџиите“ беа санкционирани откако играчите го опколија судијата Мајкл Оливер на „Молину“, по одлуката од која не беа задоволни.

Фудбалерите на Арсенал го опколија судијата откако тој донесе одлука, која комисијата ја оцени како неоснована – кога Мајлс Луис-Скели доби директен црвен картон.

Луис-Скели има 18 години и може да игра како лев бек или во средниот ред.

Судијата Мајкл Оливер му покажа директен црвен картон на Луис-Скели за дуелот со Мет Доерти.

Луис-Скели го сопна Доерти на крајот од полувремето и го спречи во контранапад, а 39-годишниот судија не ја промени својата одлука ниту по проверка на ВАР.


Веспрем ќе биде новиот клуб на Мартиновиќ

Унгарскиот ракометен тим Веспрем ја доби битката за потписот на хрватскиот репрезентативец Иван Мартиновиќ,

Според хрватскиот медиум, десниот бек на Рајн Некар Левен ќе си замине од Манхајм по истекот на договорот во 2026 година.

Покрај Веспрем, во битка за потписот на Мартиновиќ беа и големиот конкурент од унгарскиот шампионат, ПИК Сегед, но и бундеслигашот Фленсбург.

Мартиновиќ oд 2018 година по трансферот од Фиверс Маргаретен игра во Бундес лигата, каде ги носеше дресовите на Гумерсбах, Хановер и Мелсунген.


Евертон е најдобар премиерлигаш откако Мојс се врати на „Гудисон парк“

Дејвид Мојс се врати на клупата на Евертон и ги врати насмевките на „Гудисон Парк“. Во прилог му одат и бројките.

Шон Дајч доби отказ на клупата на „карамелите“ по лошиот старт во сезоната. Евертон беше блиску до зоната за испаѓање, Мојс дојде на местото на Дајч и го оживеа тимот.

Дејвид Мојс се врати во клубот по 12 години и направи целосен пресврт, оттогаш Евертон е, верувале или не е најдобриот клуб во Премиер лигата.

Од доаѓањето на Мојс, „карамелите“ освоија 13 бода во шест натпревари, најмногу во Премиер лигата, заедно со Ливерпул и Арсенал.

Евертон победи четири пати, еднаш ремизираше, а само еднаш загуби, во првиот меч на Мојс во Премиер лигата по неговото враќање. Оттогаш, Евертон нема пораз на пет натпревари.

Евертон ги победи Тотенхем, Брајтон, Лестер и Кристал Палас и освои бод против Ливерпул.

Ако продолжат вака, Евертон би можел дури и да се вклучи во борбата за горниот дел на табелата до крајот на сезоната. Моментално се на 14. место со 30 бодови, со девет бода помалку од Фулам кој е на осмото место.


Даниел Тајс потпиша за Монако

Германскиот центар Даниел Тајс официјално го засили Монако. Тајс по осум години минати во НБА, каде за шест различни екипи, остана без договор и реши да се врати во Европа.

Поранешниот играч на Бостон Селтикс, Чикаго Булс, Индијана Пејсерс, Хјустон Рокетс, Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс Пеликанс потпиша договор до летото 2026.

На 411 натпревари во најсилната лига на светот забележа 7,1 поен, 4,7 скока и 1.3 асистенции по натпревар.

Наводно светскиот првак со Германија, имал понуди да остане во НБА, но тој решил да се врати во Европа.

Во неговиот втор мандат во Бостон, тој играше во финалната серија во 2022 година против Голден Стејт Вориорс, во која калифорниската франшиза победи по шест натпревари.

Кариерата на 32-годишниот кошаркар започна во Брауншвајг, а играше и за Улм и Бамберг во родната земја.

Тајс може да се пофали со светска титула од Филипините во 2023 година и бронза од Европското првенство во 2022 година во Берлин.

Тимот на Василис Спанулис е четврти во поредокот во Евролигата со 16 победи и 10 порази.

Монако ќе се соочи со Олимпија во Милано на 27 февруари, а до крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат уште осум кола.


Ериксен во јуни заминува од Јунајтед

Рубен Аморим ќе мора комплетно да го реорганизира тимот во летниот преоден рок. Во планотвите на португалските тренер нема место за Кристијан Ериксен.

Данскиот играч за врска веќе некое време не добива вистинска шанса на натпреварите на Јунајтед, а сега е јасно зошто.

Аморим им порачал на клупските челници дека повеќе не смета на Ериксен и дека Данецот може слободно да бара нов клуб. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и нема да биде продолжен.

Ериксен дојде на „Олд Трафорд“ во 2022 година по одличната сезона во Брентфорд. Данецот претходно беше одличен во Тотенхем, имаше одлична кариера, но по несреќниот случај на Европското првенство во 2021 година кога Ериксен мораше да биде реанимиран, мораше да паузира неколку месеци.

Ериксен поради правилата во Серија А, мораше да го раскине договорот со Интер, ја прифати понудата од Брентфорд каде ја потврди класата.

Ериксен отсега ќе може да бара нов клуб, а од Јунајтед ќе си замине без обештетување. Во својата кариера настапуваше за Ајакс, Тотенхем, Интер, Брентфорд и Манчестер јунајтед.


Ѕвездите во јули заминуваат од Сити

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одлучи да се раздели со тројца од главните играчи на тимот на крајот на сезоната. Според информациите, шпанскиот стручњак планира големо преструктуирање во клубот и верува дека продажбата на Кевин Де Брујне, Бернардо Силва и Илкај Гундоган ќе му помогне да се забрза овој процес.

Дури и иднината на Фил Фоден е доведена во прашање, а за него се заинтересирани Реал Мадрид и Баерн Минхен. Понуда од 150 милиони евра би можела да го натера англискиот клуб да се збогува и со него.

Гвардиола неодамна го продолжи договорот со Манчестер Сити и покрај тековната криза во клубот.


Јуве го продава Влаховиќ и го носи Дарвин Нуњез

Јувентус е загрижен дека Душан Влаховиќ би можел да замине ова лето, па италијанскиот гигант клубот подготвува неочекуван потег. Ќе направи обид ова лето да го доведе Дарвин Нуњеz.

Јувентус наводно е подготвен да понуди 60 милиони евра за да го убеди Ливерпул да се раздели со уругвајскиот напаѓач.

Нуњес пристигна на „Енфилд“ во летото 2022 година за рекордни 100 милиони евра од Бенфика, но неговите настапи често беа подложни на критики, како од јавноста, така и од навивачите на клубот.

Промашените зицери, честите офсајди и непостојаната форма доведоа до незадоволство кај фановите, кои тоа го изразија и на социјалните мрежи.

Ливерпул, наводно, ја одредил цената за Нуњеz токму на 60 милиони евра, што значи дека Јуве би можел да го добие 25-годишниот напаѓач доколку се договори со англискиот клуб.