feature

ПСЖ бара замена за Џиџо Донарума

Стручниот штаб на ПСЖ не е задоволен од настапот на голманот Џанлуиџи Донарума оваа сезона, пренесува „Екип“.

Според изворот, главен кандидат за замена на 25-годишниот Италијанец е голманот на Милан, Мајк Мењан. Парижаните се заинтересирани и за Лук Шевалие од Лил.

Во исто време, Матвеј Сафонов нема да ја преземе улогата на главен голман на тимот.

Сезонава Донарума одигра 25 натпревари, примени 24 гола и 7 нечисти голови.


Кевин Пантер еден месец надвор од терените

Американскиот кошаркар Кевин Пантер заработи повреда на Куп-натпреварот против Тенерифе и ќе паузира еден месец, објавија шпанските медиуми.

Неговата Барселона дожовеа непријатен пораз од Тенерифе (91-86), но поголем проблем за Каталонците е повредата на нивниот главен играч, кој сезонава бележи просек од 16,5 поени, 3,2 асистенции, 2,2 скока и 1,2 украдени топки.


Србија водечка европска селекција на ФИБА листата

Меѓународната кошаркарска федерација ФИБА ја објави новата ранг листа на европски селекции пред последниот квалификациски прозорец за ЕП 2025 година.

Бронзената селекција од Олимписките игри во Франција, селекцијата на Србија е на лидерската позиција на листата пред репрезентациите на Франција, Грција, Летонија, Турција, Германија, Литванија, Шпанија, Италија и Словенија.

Избраниците на Светислав Пешиќ веќе се пласираа на Европското првенство во претходниот ноемвриски прозорец и имаат скор од четири победи од исто толку натпревари.

„Се додека селекторот Светислав Пешиќ е насмеан, Србија ја држиме на првото место. Веќе се квалификуваше за ФИБА Евробаскет 2025 година, па има шанса да се мирно да се прилагоди пред летото“; го објасни ФИБА првото место на Србија.


Стојчевски судија на дербито меѓу Вардар и Шкендија

Овој викенд започнува пролетниот дел од сезоната во Мак-фудбалот. Со натпреварите кои ќе се играат в недела од 19.коло стартува вториот дел дел од ПМФЛ. Познати се судиите за сите овие мечеви кои се играат од 14:00 часот.

На програмата се две големи дерби средби. Првото, кое се игра на Маџари, а се среќаваат Гостивар и Струга ТЛ, главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци. На Арената во Скопје, Вардар ја пречекува Шкендија, а на овој меч главен судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје.

19. коло
Кратово: Силекс – Тиквеш (Влатко Илиески – Прилеп)
Скопје: Вардар – Шкендија (Игор Стојчевски – Скопје)
Скопје: Гостивар – Струга ТЛ (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)
Охрид: Воска – Беса (Јован Качевски – Струга)
Скопје: Шкупи – Работнички (Фуркан Идризи – Тетово)
Битола: Пелистер – Брера (Доне Ристевски – Гевгелија)


Јаник Синер суспендиран на три месеци

Јаник Синер, светскиот број 1 е суспендиран на три месеци.

Како што пренесоа странските медиуми и потврдија од Светската антидопинг агенција (ВАДА), најдобриот тенисер на светот ја прифатил суспензијата.

„Ова е резултат на договорот што тој постигна договор со Светската антидопинг агенција за неговите два позитивни допинг тестови минатата година, а суспензијата трае од 9. февруари до 4. мај“, објави Би-Би-Си.

23-годишниот Италијанец, кој минатиот месец го освои Австралија опен, е суспендиран на три месеци.

Тој ќе има право да игра на следниот Грен слем турнир оваа година, Ролан Гарос, кој започнува на 19 мај.


Симната забраната за трансфери на Шкупи

Од денес Шкупи и официјално повеќе нема забрана за трансфери од ФИФА, соопштија од тимот.

Сите долгови на клубот се навреме вратени и сите обврски се навреме исполнети. Забраната, според нив, не била веднаш укината поради технички проблеми и бирократски процедури, кои сега се целосно решени.

-Овој процес, иако по наша волја, беше предизвик со кој сериозно и посветено се соочивме, секогаш со цел да ги заштитиме интересите на клубот. Заложбата на новото раководство беше максимална за надминување на оваа состојба, следејќи го секој законски и процедурален чекор до конечното решение на случајот, стои меѓу другото во соопштението од чаирчани.


Кожув и МЗТ Скопје ќе играат за Куп-титулата

Кошаркарите на Кожув го совладаа Гостивар со 91-72 и се пласираа во утрешното финале за Купот на Македонија, каде ќе ги измерат силите со МЗТ Скопје.

Тимот од Гевгелија по вторпат во историјата ќе играат во мечот за трофејот од Купот.

Дуелот беше решен уште по првите две четвртини, кои домаќините ги завршија со 24 поени предност. Во второто полувреме само ја одржуваа предноста за конечен триумф на гевгеличани.

Андрија Стевановиќ беше лидер на Кожув и постигна 34 поена, а Митевски со 15 реализирани поени го предводеше Гостивар.

Финалниот натпревар на Купот на Македонија се игра утревечер со почеток од 19:30 часот.


Адана Демирспор остана без три бода заради напуштањето на теренот

Фудбалскиот клуб Адана Демирспор е казнет со службен пораз од 0-3 и одземање на три бода по натпреварот од турското првенство против Галатасарај, соопшти турската фудбалска федерација.

Санкцијата е изречена затоа што на 9 февруари фудбалерите на Адана Демирспор го напуштија теренот во знак на протест откако против нив беше досуден пенал на гостувањето кај Галатасарај во 23. коло од турскиот шампионат. Следниот ден претседателот на Адана Демирспор поднесе оставка.

Адана Демирспор е на последното место на табелата во турското првенство. Тимот сега има 2 бода по 22 кола.


Oстапенко пак лесно ја победи Швјонтек

Елена Остапенко уште еднаш ја совлада Ига Швјонтек. Летонката во меѓусебните дуели води 5:0 против Швјонтек откако во полуфиналето победи убедливо со 6-3, 6-1.

Остапенко избори пласман во финалето на ВТА турнирот во Доха.

Летонката, 73. на ВТА листата, од стартот покажа во која насока ќе се движи мечот. Направи два брејка во првиот сет, три во вториот во кој Швјонтек, втора на ВТА листата, го искрши својот рекет.

Остапенко за трофејот ќе се бори против победничката од дуелот меѓу Екатерина Александрова и Аманда Анисимова.


Ингебритсен собори два светски рекорди во ист ден

Норвешкиот тркач на средни патеки Јакоб Ингебригтсен во четвртокот собори два светски рекорди во сала, од кои едниот траеше само пет дена.

Во трката на една милја (1609 метри), Норвежанецот го надмина резултатот на Џаред Нугусе и стана нов светски рекордер со време од 3:45,14 минути. Американецот рекордот го постави пред пет дена.

Ингебригтсен, исто така, постигна најдобро време на 1.500 метри (3.29.63) на истата трка во Лиеван, Франција, со што го собори светскиот рекорд во сала.

Во колекцијата златни медали, 24-годишниот норвешки спортист има два олимписки златни медали (1.500 и 5.000 метри), тој е двократен светски и шесткратен европски шампион.