feature

Алкалоид го прими пехарот од ЕХФ Европскиот Куп

Ракометниот клуб Алкалоид го доби пехарот за триумфот во ЕХФ Европскиот куп за ланската сезона. Македонскиот тим во финалето од ова натпреварување заврши како победник, откако неговиот ривал грчки АЕК не се појави на терен на реваншот во Скопје.

Пехарот вечерва на капитенот на Алкалоид Игор Ѓорѓиев го предаде Божидар Ѓурковиќ претставникот од ЕХФ.

Алкалоид имаше предност и победа од првиот финален дуел, а грчкиот тим во Скопје иако се загреваше одби да го игра натпреварот.

ЕХФ донесе одлука натпреварот да биде регистриран со резултат 10:0, а АЕК заработи и две годишна суспензија.

Алкалоид е третиот македонски ракометен клуб што освоил европски пехар по двете титули европски првак на Вардар и трофејот на ракометарките на Кометал Ѓорче Петров.


Италија и Турција во финалето на женскиот одвојкарски Мундијал

Репрезентациите на Италија и на Турција ќе играат во финалето на Светското првенство во одбојка за жени. Во драматично полуфинале кое тареше повеќе од 2,5 часа олимпискиот шампион Италија со 3-2 во сетови (22-25; 25-22; 28-30; 25-22 и 15-13). Во решавачкиот сет двете репрезентации се менуваа во водството, а победата им припадна на одбојкарките на Италија.

Во првото полуфинале Турција ја победи Јапонија со 3:1 (16:25; 25:17; 25:18 и 27:25). Првиот сет го добија одбојкарките на Јапонија, но тоа не беше пречка за турските одбојкарки да направат пресврт и четвртиот сет да го добијат на разлика.

Утре во малото финале ќе играат Јапонија – Бразил, а во дуелот за златото Турција – Италија.


Финска го исфрли главниот фаворит, Србија не го мина осминафиналето на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Србија важеше за прв фаворит за златото, но ги заврши настапите на Евробаскетот уште во осминафиналето, со сензационален пораз од селекцијата на Финска со 86-92. која е една од домаќините на настанот.

Најефикасен кај Србија беше Никола Јокиќ со 30 поени и 8 скокови, а Никола Јовиќ додаде 18 поени.

За Финска, Лаури Марканен забележа 26 поени и 7 скокови, Јантунен уфрли 15, Литл 13 со 8 скокови и 6 асистенции, а Валтонен постигна 13 поени.


Шеснаесет селекции обезбедија мундијалски билет

Мундијалот во 2026 година во САД, Мексико и Канада ќе биде првиот на кој ќе учествуваат 48 репрезентации. Во финишот на квалификациите една третина од учесниците е позната.

Директен пласман на Светското првенство обезбедија домаќините:
– САД, Канада и Мексико.

Низ квалификациите место на Мундијалот си обезбедија:

Азија (6): Австралија, Иран, Јапонија, Јордан (дебитант), Јужна Кореја, Узбекистан (дебитант).
КОНМЕБОЛ (6): Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај.
Океанија (1): Нов Зеланд


Спанулис го донесе Недовиќ во Монако

Немања Недовиќ е нов кошаркар на Монако. Неодамнешниот играч на Црвена звезда потпиша договор со клубот од малото кенжевство, кој минатата сезона играше во финалето и загуби од Фенербахче.

Недовиќ имаше договор со Црвена звезда на крајот од минатата сезона за продолжување на соработката, меѓутоа, клубот се премисли и ја прекинаа соработката. Поради оваа причина, Недовиќ потпиша за Монако и ќе биде таму следната година.

Недовиќ ја започна својата професионална кариера во Црвена звезда, подоцна играше во Валенсија, Уникаха, Панатинаикос и во НБА за Голден стејт Вориорс. Се врати во редовите на црвено-белите во 2022 година и беше член до ова лето.


Талентот на Брага потпиша за саудискиот Ал-Итихад

Луѓето од фудбалскиот состав Брага потврдија дека големиот талент, Рожер Фернандеш, се сели во Џеда и во иднина ќе биде дел од составот на Ал-Итихад.

Според објавата, трансферот ќе биде со фиксни 32 милиони евра но, сумата може да се зголеми со одредени бонуси.

19-годишниот крилен напаѓач кој е роден во Гвинеја-Бисао, во континуитет добива повик во младинската селекција на „европските бразилци“.


Фенер преговара со Зидан

Турските медиуми објавија дека челниците на Фенербахче постигале договор со францускиот тренер, Зинедин Зидан кој треба да го наследи отпуштениот Жозе Мурињо.

Гигантот од Истанбул се определи да ја прекине соработката со Португалецот откако не обезбеди место во Лигата на шампионите за новата сезона.

Популарниот Зизу нема ангажман откако си замина од редовите на Реал Мадрид. Со „кралевите“ ги освои сите можни трофеи во краток период.


Мбапе го стигна Анри, сега го лови Жиру

Напаѓачот, Килијан Мбапе, со погодокот на мечот со Украина го израмни ефектот на Анри и се стационира на второто место на листата на најдобри стрелци на Франција на сите времиња.

Прв во рангирањето е Оливи Жиру кој има реализирано 57 голови. Мбапе кој сега има 51 погодок не крие дека е задоволен.

„Честитки до Тиери Анри! Но, сега сакам да го надминам! Чест е да се израмниш со играч како него. Рекордот се приближува“, рече Мбапе.


Луис Енрике повреден во велосипедска несреќа – следува операција

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, беше итно пренесен во болница откако доживеа несреќа со велосипед, при што ја скрши клучната коска. Како што потврди клубот, 55-годишниот стратег ќе биде подложен на хируршка интервенција. 

Инцидентот се случил во петокот, додека Енрике возел велосипед – активност која често ја практикува, особено околу Париз и близу тренинг центарот на ПСЖ. Брзата интервенција на итната помош му овозможи навремен третман. 

ПСЖ изрази целосна поддршка и му посака брзо закрепнување, но сè уште не е соопштен точен рок за негово враќање на клупата. 

Енрике стана дел од клубот во 2023 година и веќе остави силен белег, предводејќи го тимот до историска прва титула во Лигата на Шампионите минатата сезона. 

Клубот ја продолжува својата кампања во Лига 1 со натпревар против Лeнс на 14 септември, по што следи важниот дуел во Лигата на Шампионите против Аталанта три дена подоцна. Засега не е познато кој ќе го води тимот додека Енрике закрепнува. 


Повреден Дембеле – неизвесен за натпреварот со Барселона

Усман Дембеле се повлекува од репрезентацијата на Франција поради мускулна повреда, само неколку недели пред престижниот натпревар меѓу Пари Сен Жермен и Барселона во Лигата на Шампионите. 

Одлуката да се врати во клубот е донесена како претпазливост, со цел да се избегне дополнително влошување, особено поради неговата историја со повреди. Но, ситуацијата повторно ги разгоре тензиите меѓу ПСЖ и Француската Фудбалска Федерација. 

Извори блиски до парискиот клуб велат дека ПСЖ е лут поради начинот на кој медицинскиот тим на репрезентацијата се справил со случајот. Според нив, повредата можела да се избегне доколку се покажеше поголема внимателност, особено со оглед на значењето на претстојните натпревари. 

Со дуелот со Барселона на повидок, ПСЖ е загрижен дали Дембеле ќе биде подготвен навреме. Повредата не само што ги нарушува плановите на Франција, туку и ја влошува и онака напнатата врска меѓу клубот и федерацијата.