feature

Солскјер: Роналдо и денес е меѓу најдобрите стрелци во светот

Оле Гунар Солскјер проценува дека Кристијано Роналдо одлично се претставил во Манчестер Јунајтед.

Неговото второ деби дојде против Њукасл и тоа беше еден од највозбудливите денови на стадионот- „Олд Трафорд “ бидејќи Португалецот постигна два гола.

„Тој секогаш заслужува можност да се врати. Во првата сезона постигна 24 голови. Тој e се уште еден од најдобрите стрелци во светот. Изгледаше моќно во нашиот тим“, изјави поранешниот тренер на „црвените ѓаволи“.


Кол Палмер добива покачување на платата во Челзи

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер, ќе добие понуда да ја продолжи соработката со „сините“  за многу поголема плата.

Тој сега инкасира 80.000 фунти неделно. Договорот на Палмер е валиден 7 години со опција за продолжување за уште една сезона.

Играчот од средниот ред има 24 натпревари во Премиер лигата со ефект од 13 голови и осум асистенции.


Луис Енрике: Не е фер што ние ќе играме три натпревари, а Барса ниту еден

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике зборуваше за разликата во распоредот меѓу неговиот тим и Барселона, со кој францускиот гигант ќе игра во четвртфиналето на Лигата на шампионите на 10 април.

„Барса ќе има десет дена одмор, а ние ќе имаме натпреварувачки ритам. Во мојата ситуација, велам дека е најдобро да се играат овие три натпревари. Да имам десет дена одмор, би се прилагодил на таквите околности“, изјави Енрике.

Да потсетиме, пред натпреварот со Барселона, тимот на Луис Енрике на 3 април ќе игра со Рен во Купот на Франција. Потоа на 6 април натпревар од 28. коло од француската Лига 1 каде ќе се сретнат со Клермонт. За возврат, Барселона на 30 март го победи Лас Палмас (1-0) во 30. коло од Ла Лига и нема да одигра уште една средба пред натпреварот со ПСЖ.


Конте е прв избор за нов тренер на Наполи

Аурелио Де Лаурентис е решен да го види Антонио Конте на чело на својот тим, пишува „Газета дело спорт“.

Како што е познато, минатиот октомври Конте одби да ја преземе оваа екипа  по нивната разделба со Руди Гарсија. Сепак, по завршувањето на сезоната, Де Лаурентис ќе направи уште еден обид да го ангажира поранешниот предводник на Јувентус, Италија, Челзи, Интер и Тотенхем. Привремениот тренер Франческо Калцона сигурно ќе си замине на лето бидејќи сака да ја продолжи својата главна обврска со репрезентацијата на Словачка.

Според изданието, претседателот на Наполи е подготвен да обезбеди и огромна плата за Конте и трансфер буџет за засилување на тимот. Парите за нови засилувања ќе дојдат од потенцијалната продажба на најдобриот стрелец Виктор Осимен, кој се проценува на повеќе од 100 милиони евра. Можна замена за него кај „наполитанците“ би можел да биде Ромелу Лукаку, кој веќе соработуваше со Конте во Интер. Сега тој е на позајмица во Рома, а на лето Челзи ќе бара друг тим за него.


Повлечен од продажба дресот со број 44 на германската репрезентација

Германската компанија „Адидас“ минатиот месец ги претстави новите дресови во кои германската репрезентација ќе настапи на Европското првенство.

Социјалните мрежи многу брзо се фокусираа на еден детаљ по објавувањето на фотографиите. Најгласните коментари беа за дресот со број 44.

Корисниците на социјалните мрежи забележаа дека дизајнот на бројот 44 на дресот наликува на симболот „СС“, по кој беше познат Шуцштафел – главната паравоена организација под команда на Нацистичката партија и Адолф Хитлер.

По многу дискусии и многу приговори за компанијата Адидас, веќе не може да се нарача германски дрес со бројот 44 во онлајн продавницата на Адидас.

Сите испораки на веќе купени дресови со тој број беа прекинати, а беше најавено и дека ниту еден фудбалер на германската репрезентација нема да го има бројот 44 на грбот.


Дефанзивецот Алонсо заминува од Барса ова лето

Маркос Алонсо ќе го напушти клубот на крајот на сезоната со истекот на договорот, пренеусва доброупатениот Фабрицио Романо.

Триесетидвегодишникот пристигна на „Камп Ноу“ во 2022 година како слободен играч откако му истече договорот со Челси чиј дел беше од 2016 година, притоа остварувајќи го својот сон, но не успеа да се наметне во каталонските редови.

Алонсо настапи на вкупно 44 натпревари за Барселона откако пристигна во клубот, а оваа сезона беше дел од само четири прволигашки средби.

Левиот бек покрај Челси настапуваше и за Реал Мадрид, Болтон, Фиорентина и Сандерленд.


Дали деновите на Почетино во Челзи е одброени?

Англиските медиуми пренесуваат дека некои од играчите на Челзи им кажале на сопствениците дека би сакале менаџерот Маурисио Покетино да биде сменет на крајот од сезоната.

Челси трошеше чудесни суми во изминатите преодни рокови, но тимот е единаесетти на табелата и покрај тоа што не игра во Европа.

Притисокот се зголемува врз Покетино и тешко дека ќе може да ја задржи работата доколку не влезе во серија на добри резултати до крајот на сезоната.


Малдини првпат ќе работи во Премиерлигата?

Поранешниот италијански репрезентативец, Паоло Малдини наскоро би можел да го засили Њукасл.

Според информациите на италијанските медиуми, Малдини добил понуда да застане на чело на спортскиот сектор на премиерлигашот кој има сериозни амбиции.

Најавите се дека Малдини би требало да го замени Ден Ешворт поранешниот директор на Англија и Брајтон за кој се најавува дека кариерата ќе продолжи во таборот на Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед наводно подготвил понуда од десет милиони евра како оштета. Малдини имаше и понуда од саудиска Арабија откако се раздели од Милан, меѓутоа засега е без ангажман.


Седлоски сменет. Станиќ е нов тренер на Работнички

Откако утрово објавија дека Гоце Седлоски спогодбено го раскинал договорот, од ФК работнички веднаш го пронајдоа и неговиот наследник.

Од клубот од Дебар Маало веќе објавија дека за нов шеф на стручниот штаб го именуваат Горан Станиќ. Негови асистенти ќе бидат Баже Лазаревски и Бојан Марковски, а тренер на голманите останува Матеј Миленков. 

Новиот стручен штаб предводен од Горан Станиќ денеска ќе го одржи првиот тренинг со тимот.


Де Јонг не е повеќе недопирлив, Барса ќе слуша понуди за Холанѓанецот

Барселона минатото лето се обидуваше да го продаде Френки Де Јонг поради финансиски проблеми, но Холанѓанецот остана на „Камп Ноу“.

За Барселона најголем проблем е високата плата, а поради финансиските проблеми на лето повторно ќе мора да продава играчи. Според каталонски „Спорт“, Каталонците на лето се спремни да го продадат, но за неговата слобода бараат 100 милиони евра.

За услугите на Де Јонг се заинтересирани неколку англиски тимови, меѓу кои се Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Челзи.

Барселона веќе одби понуда од ПСЖ тешка 60 милиони евра, клуб кој е спремен на лето да понуди 80 милиони евра за Холанѓанецот.