feature

Двата гиганти од Манчестер наддаваат за Џереми Фримпонг

Градските ривали од Манчестер се заинтересирани за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат англиските медиуми.

Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година, а се етаблираше во еден од најдобрите бекови во Бундеслигата.

Манчестер Јунајтед и Сити го следат неговите настапи и веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.

Фримпонг има откупна клаузула во договорот од 40 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат.


Јунајтед плаќа 51 милион фунти за Бремер од Јуве

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат медиумите на Островот.

Бремер пред две години пристигна во Јувентус и се наметна како столб на одбраната на „старата дама“ со што го потврди статусот за еден од најдобрите дефанзивци во Серија А. Меѓутоа, Бразилецот сака да ја промени средината и преферира да игра во Премиер лигата, а во неговиот договор има откупна клаузула од 51 милиони фунти.

Таа сума воопшто нема да биде проблем за Манчестер Јунајтед, кој на лето сака да донесе дефанзивец бидејќи планира да се раздели со Мегваер и Линделоф.


Нејмар раскинува со Ал Хилал и се враќа во Сантос

Се погласни се најавите дека Нејмар ќе ја напушти Саудиска Арабија во 2025 година. Претходно се пишуваше за враќање во Барселона или преселба во Интер Мајами кај Меси и останатите екс-соиграчи од каталонскиот гигант.

Меѓутоа сега се најавува дека Нејмар ќе се врати во Бразил во неговиот Сантос и ќе ја носи „десетката“ на Пеле.

Од кога е на операција и рехабилитација од повредата поради која ја заврши сезоната, Нејмар често ги следи натпреварите на Сантос. Нема дилеми дека навивачите сонуваат за вакво сценарио и според медиумите во Бразил тоа не е невозможно.

Сепак, треба да се почека да се види дали и навистина може да се реализира. Ќе потсетиме, Нејмар го напушти Сантос во 2013 година кога во Барселона ја започна својата европска авантура.


Милинковиќ-Савиќ по една сезона се враќа во Серија А?

Сергеј Милинковиќ-Савиќ минатото лето беше еден од најбараните играчи за врска во Европа, но тој реши кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Милинковиќ-Савиќ, сепак, по една година помината во С. Арабија сака да се врати во Европа и да заигра во Серија А каде што претходно го носеше дресот на Лацио. Италијанските медиуми пишуваат дека српскиот интернационалец во јуни ќе потпише договор со Јувентус, кој го посакуваше уште минатото лето.

Србинот не е задоволен од животот во Арабија, па е спремен да прифати помала плата за да се врати во Италија.


Винициус добива нов договор на „Сантијаго Бернабеу“

Винициус Јуниор и оваа сезона игра во фантастична форма во дресот на Реал Мадрид и се промовираше во еден од најдобрите млади фудбалери во светот.

Тој има договор со Реал до јуни 2027 година, но клубот сака да го награди за добрите партии и да му понуди подобар договор.

Иако Бразилецот неодамна го продолжи договорот со „кралевите“, сепак со доаѓањето на Мбапе може да се доздаде незадоволство бидејќи Французинот ќе добива далеку повисока плата.

Поради тоа Реал наскоро ќе започне преговори за продолжување на договорот до 2029 година со значително повисока плата.


Обрадовиќ ќе потпише нов договор со Партизан

Најтрофејниот европски кошаркарски тренер, Жељко Обрадовиќ сосема извесно ќе потпише нов договор со Партизан по истекот на актуелниот кој му завршува на крајот од сезоната.

Спортскиот директор на Партизан, Зоран Савиќ, во изјава за „Телеграф“ вели дека нов договор со Жељко се уште не е потпишан, но е убеден дека ќе биде на крајот од сезоната.

„Се е тоа во тек… Мислам дека нема да има никакви проблеми, и Партизан и понатаму ќе биде предводен од Жељко“, вели Савиќ.


Барса го убедува Чави да не си замине во јуни

Потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте призна дека клубот ќе се обиде да го убеди главниот тренер на тимот Чави да продолжи со работа по крајот на сезоната.

„Се надевам и посакувам Чави да остане во клубот. Со него разговараме за долгорочен проект, а не зборуваме за сезона или две. Ќе се обидеме да го убедиме Чави да остане во клубот, но се зависи од него“, изјави Јусте за „АС“.

Четириесет и четиригодишниот Шпанец во јануари најави дека ќе го напушти тимот на крајот на сезоната. Чави ги води Каталонците од ноември 2021 година. Претходно соработуваше со катарскиот Ал Сад.

По 30 натпревари, Барселона е втора во шпанската Ла Лига со 67 бодови, пет бода зад Реал Мадрид, но тимот на Карло Анчелоти има еден натпревар помалку.


Гвардиола: И реми не е лош резултат против Арсенал

Фудбалерите на Манчестер сити и Арсенал одиграа натпревар на „Етихад“ во кој немаше што многу да се види, а со ремито се чини „победи“

Ливерпул кој сега е со два однос три бода предност на врвот во Премиерлигата во однос на двата тима во трката за титулата.

„Бодот е добар. Ние одевме на победа, но и бодот е добар за нас. Така е како е. Ние сме во моментов трети на табелата со 64 бода. Сега сме со три бода минус во однос на Ливерпул и знаеме дека ќе мора во финишот на сезоната да бидеме перфектни како и во минатото. Ја освојувавме Премиерлигата со 98, 99 бода. Сега е најважно физички и ментално да се опоравиме“.


Вирц ќе остане во Леверкузен и следната сезона

Германскиот фудбалски репрезентативец Флоријан Вирц ќе продолжи да игра за Баер Леверкузен и идната сезона, тоа го гарантира извршниот директор на клубот Фернандо Каро.

„Фактот што Чаби Алонсо останува е дополнителен стимул. 100% сум сигурен дека тој ќе биде наш член и идната сезона“, кажа Каро во интервју за шпанската радиостаница „Онда Серо“.

Вирц има договор со Леверкузен до јуни 2027 година, а по фантастичната сезона водечки европски клубови пројавија интерес за него.

Раководството на Баер се обидува да го задржи костурот на тимот и гледа да нема многу заминувања како што се случи во 2001 и 2002 година. Целта е клубот да се најде меѓу 16-те најдобри во Европа идната сезона кога ќе настапи во ЛШ. Леверкузен е многу блиску до првата своја титула во Германија.


Барса пред потпис со Адриен Рабио

Барселона е фаворит за потписот на ѕвездата на Јувентус и француската репрезентација, Адриен Рабио, пренесуваат каталонските медиуми.

Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент.

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска и гледа шанса да донесе големо засилување без обештетување.

Поради тоа Каталонците веќе почнале преговори со неговиот агент и наводно двете страни се блиску до договор бидејќи Барселона ја победила конкуренцијата.