feature

Ферги го поддржа процесот на развој на Ерик Тен Хаг

Манчестер Јунајтед игра уште една разочарувачка сезона и бележи
слаби резултати од почетокот на сезоната.

Очекувањата беа многу поголеми, па навивачите се разочарани и
повторно почна да се шпекулира со тренерска смена.
Меѓутоа, легендата на клубот, Сер Алекс Фергусон му дава поддршка
на актуелниот тренер Ерик тен Хаг.
„Алекс Фергусон е најголемата причина што Ерик Тен Хаг се уште е
менаџер на Јунајтед. Тој е импресиониран од работата на
Холанѓанецот и убеден е дека ако му се остави време, ќе го врати
клубот на шампионските патеки. Дури и ако клубот добие нови газди,
Фергусон силно ќе се заложи кај нив да го остават на менаџерската
позиција“, изјави неименуван извор од Манчестер Јунајтед за „Сан“.


Сане од Баерн ќе биде наследникот на Салах во Ливерпул

Сане од Баерн ќе биде наследникот на Салах во Ливерпул

Салах во летниот преоден рок беше блиску до трансфер во Саудиска
Арабија, па не е исклучено наскоро да го напушти Ливерпул.
Клубот од „Енфилд“ веќе почнува да размислува за негов наследник,
бидејќи на крајот на сезоната Ливерпул ќе биде спремен да го продаде Египќанецот.
Прв избор е ѕвездата на Баерн Минхен и германски репрезентативец
Лерој Сане. Клоп ќе се обиде да го убеди да дојде во Ливерпул, но
Баерн е тежок преговарач.
Ливерпул со продажбата на Салах сака добро да заработи и нема да
жали пари за да го донесе Сане на „Енфилд“ и за тоа е спремен да
понуди 100 милиони евра.


Њукасл без половина тим отпатува за Дортмунд

Менаџерот на фудбалерите на Њукасл, Еди Хау, се соочува со големи
кадровски проблеми пред денешното гостување кај Борусија
Дортмунд во Лигата на шампионите.
Ден Бирн ќе пропушти најмалку два месеци поради повреда на грбот.
Мет Таргет исто така ќе биде надвор од терените околу три месеци.
Сандро Тонали е суспендиран на подолг период поради нелегално
обложување. Повредени се и Свен Ботман, Џејкоб Марфи, Харви
Барнс и Александар Исак.


Белингам има дислокација на рамото, брзо ќе се врати на терените

На неделниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Рајо Ваљекано кој помина во знакот на Столе Димитриевски повреда заработи фудбалерот со најдобра форма во редовите на „кралевите“, Џуд Белингам.

Цели пет минути лекарскиот тим му укажуваше помош на младиот фудбалер, а тоа придонесе за страв кај навивачите. Сепак, Белингам го одигра цел натпревар. Денес на Белингам му беа направени дополнителни лекарски прегледи и бешBeliе објавено дека се здобил само до дислокација на рамото. Повреда по која фудбалерите брзо се враќаат на терените, меѓутоа во првите моменти е исклучително болна.

Според најавите тој ќе паузира една недела и ќе го пропушти само гостувањето во Лигата на шампионите против Брага, натпревар кој се игра в среда.


Бруно Фернандеш заминува во јануари во Саудиска Арабија?

Фудбалерот, Бруно Фернандеш, може да си замине од Манчестер Јунајтед веќе во јануарскиот преоден рок, велат последните шпекулации од Англија.

Португалецот не може да ги поднесе сите критики за неговата игра и затоа е решен да го напушти клубот.

Негова наредна дестинација би можела да биде Саудиска Арабија. Наводно, во преден план е тимот на Ал Наср а во трката се и Ал Хилал, Ал Ахли и Ал Eтихад.


Проблеми за Олимпијакос, се повреди Никола Милутинов

Грчкиот евролигаш Олимпијакос се соочува со неочекуван проблем откако на повреда се покажи српскиот репрезентативец центар Никола Милутинов.

Одличниот кошаркар кој ова лето се врати во Пиреја се пожалил на болка на коленото на левата нога по натпреварот против Фенербахче во Евролигата по што ќе биде поштеден во следниот натпревар во кој неговиот тим се среќава со Паок во грчкото првенство.

Останува неизвесно дали Србинот ќе отсуствува од тимот на подолг период.


Џамал Мареј се повреди, Денвер долго време без својата ѕвезда

Екипата на Денвер Нагетс продолжува со одличните игри, но на почетокот на сезоната добија вест за повреда на Џамал ​​Мареј. Ако Никола Јокиќ е нивна прва ѕвезда, Мареј сигурно е втората „виолина“ на тимот од Колорадо.

Пред две сезони видовме дека Јокиќ не може да ја освои титулата без него, а летово со него во составот на Нагетс доминантно го освоија шампионскиот прстен.

На натпреварот против Чикаго Булс, Мареј одигра 10 минути, постигна два поени и имаше два скока, а потоа куцаше на подот поради повреда на тетивата на десната нога. Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, призна дека е загрижен поради тоа.


Српски стручњак е замена за Ривера во Катар

Српскиот ракометен тренер Горан Ѓокиќ, е нов предводник на селекцијата на Катар, која ја очекува настапот на Азиското ракометно првенство.

Некогашниот играч на Пролетер Зрењанин, Динамо Панчево и низа шпански клубови, веќе долго време живее и работи во Катар.

Тој е предводник на Ал Духаил, со кој ги има освоено сите домашни трофеи и е еден од најтрофејните тренери во Катар.

По неуспехот да се пласираат на Олимписките игри, челниците на катарската федерација решија дека е време да ја прекинат десетгодишната соработка со Валеро Ривера.


Клоп: Среќен сум за Диаз, но најважни се вестите од Колумбија

Ливерпул не дојде до посакуваниот резултат на гостувањето кај аутсајдерот Лутон каде одигра само 1-1, поточно се спаси од пораз со гол во судиското продолжение.

Погодокот вреден реми беше дело на нововлезениот Луис Дијаз кој се најде на вистинското место во 95 минута. Колумбиецот како што е познато минува низ семејна драма, поточно неговиот татко е киднапиран во неговата родна земја, па офанзивецот под дресот имаше порака во која бара негово ослободување.

Ова беше емотивен момент, па сите во таборот на Ливерпул се надеваат дека ќе се заврши оваа непријатна ситуација и тоа со позитивен епилог.

„Тоа беше прекрасен момент на натпревар од кој не може да се извлечат многу убави моменти. Луис влезе доцна и постигна гол. Но, тоа не ја менува ситуацијата. Најважно е татко му да биде ослободен. Прекрасно е што имаше желба да биде тука. За нас тоа е исклучително важен гол, за него е исто така многу важен и многу емотивен. Тој постигна гол, но она што навистина ни треба се добри вести од Колумбија“, порача тренерот Јирген Клоп.


Марсело: Ќе ме разберат во Мадрид, оваа титула со Флуминенсе е најважна во мојот живот

Бразилскиот фудбалер Марсело успеа да ја освои првата титула во Копа Либертадорес која беше и прва во историјата за бразилскиот Фламиненсе.

Марсело освои многу титули, меѓутоа сега истакна дека оваа му е најважна во кариерата.

„Мадрид ќе ме разбере. Ова за мене е најважниот клупски трофеј кој су мго освоил. Флуминенсе е тимот со кој растев. Мадрид е во моето срце, но Флуминенсе е нешто посебно. Останав должен на мојот тим и успеав конечно и покрај многуте сомнежи и критики. Напорно работев за ова“, објасни бразилскиот ветеран“, изјави Марсело.

Во својата кариера, Марсело има пет титули во Лигата на шампионите, шест во шампионатот на Шпанија, два во Купот на Шпанија, пет Суперкупови, три УЕФА Суперкупа и Куп на Конфедерации со Бразил.