feature

Дешамп одлучи да остане селектор на Франција до крајот на ЕП 2024 година?

Според медиумите од Франција, селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп, одлучил да остане на функцијата до завршетокот на Европското првенство 2024 година.

Во информациите на медиумите се вели дека претходно, Дешамп најави дека ќе се повлече од селекторското место после завршувањето на Мундијалот во Катар, а на негово место требаше да пристигне Зинедин Зидан. Челниците на Фудбалскиот сојуз на Франција уште имаат целосна доверба во Дешамп, и му оставија можност тој сам да одлучи за неговата иднина.

Претходниот договор помеѓу сојузот и Дешамп беше да се исполни целта околу пласманот на Франција во полуфиналето на СП, и после тоа да се разговара за неговата иднина.

Франција во среда ја очекува полуфиналниот дуел од СП со Мароко.


Дејвид Бекам после елиминацијата на Англија: Треба да се гордееме со овој тим

Поранешната звезда на англиската фудбалска репрезентација, Дејвид Бекам, им порача на навивачите да бидат горди на фудбалерите кои беа елиминирани во четвртфиналето на СП во Катар.

Англија беше поразена од Франција со 2:1, во четвртфиналето на Мундијалот во Катар, со што е елиминирана од понатамошното учество на турнирот.

Бекам кој ја бодреше репрезентацијата од трибините, преку социјалните мрежи испрати порака со поддрршка за селекцијата на Англија.

„Нашите момци продолжуваат да растат. Секогаш е лошо чувството да се разбудиш после елиминација од турнирот, но нашите фудбалери и селекторот Саутгејт, а посебно нашите навивачи можат да бидат горди на овој тим. Следниот пат ќе има поинаков крај“, порачува Бекам.


Пепе играл со скршена рака во четвртфиналето против Мароко

Пепе веројатно го одигра своето последно Светско првенство, а не успеа со Португалија да ја мине четвртфиналната фаза. Португалската одбрана и голманот Коста денеска направија една клучна грешка и тоа беше доволно за елиминација, а Пепе очигледно имал и друг сериозен проблем за време на средбата. Португалската федерација потврди дека дефанзивецот за време на средбата заработил скршеница на коска на левата рака, па и покрај ризикот, стиснал заби да му помогне на својот национален тим. Фрактурата била потврдена со снимките направени во болница во Доха, веднаш по завршувањето на натпреварот.


Кејн: Промашениот пенал уште долго ќе ме боли

Хари Кејн е трагичар на Англија откако промаши пенал за израмнување, Англичаните го загубија мечот од Франција и испаднаа од Светското првенство.
Кејн шутираше два пенали на вчерашниот меч против Франција, првиот го даде, а вториот го промаши.

„Јас секогаш се подготвувам за шутирање пенали, дали еден, два, небитно, но секогаш имам идеа што сакам да направам. Не можам да се обвинувам за лоша подготовка или за некој детал, ова беше само една погубна ноќ која многу боли. Првиот пенал беше сјаен, а вториот – не шутнав како што сакав. И јас ја преземам одговорноста, ова ќе боли уште многу долго време. Цел меч е болен за нас, зашто знаевме што сакаме да постигнеме.
Светско првенство се игра еднаш на четири години и не е ова нешто за кое ќе имате шанса следната година. Една ситница реши и затоа јас ја преземам одговорноста. Ова е болка многу голема, не само за мене, туку и за секого во националниот тим. Но, таков е фудбалот, таков е спортот“, рече Кејн.


Ливаковиќ ја подигна својата цена, Динамо сега бара 15 милиони евра

Доминик Ливаковиќ беше фантастичен и против Бразил. Натпреварот го заврши со 11 интервенции, а одбрани и уште еден пенал во серијата во која повторно Хрватите беа поуспешни. Голманот на Динамо го сврте вниманието кон себе со одличнитe настапи, а сите светски медиуми од ден на ден го селат во друг клуб. Наводно, пред почетокот на сезоната бил во игра трансфер во Лацио, но се пропаднало, па Ливаковиќ останал во Динамо. Пред тоа се зборуваше дека ќе замине во Милан, но никогаш не се реализираше ниту еден трансфер, но сега Динамо многу тешко ќе го задржи. Веќе постои интерес за него, но имињата на клубовите не се откриваат, иако наводно Баерн е клубот кој најмногу го посакува. Досега Динамo бараше околу десет милиони евра за него, но сега сумата сигурно ќе биде поголема. Според хрватските медиуми, Динамо сега бара 15 милиони евра за Ливаковиќ, но тие се во добра позиција бидејќи немаат потреба да го продадат Ливаковиќ.


Тотенхем застана во редот за потпис на Франк Кеси

Франк Кеси ова лето пристигна во Барселона како големо засилување, но може да го напушти „Камп Ноу“ веќе во јануари. Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.

Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака уште во јануари да ја промени средината, а иако се шпекулираше дека може да се врати во Серија А, сепак е најблиску до Премиер лигата.

Имено, силен интерес за него покажува Антонио Конте, а Тотенхем веќе стапил во контакт со неговиот агент.

„Спарси“ се спремни да платат 20 милиони евра за неговиот потпис, а тоа за Каталонците би бил чист профит со оглед на фактот дека Кеси пристигна како слободен агент.


Влаховиќ се сели во Премиер лигата?

Душан Влаховиќ по завршувањето на Светското првенство би можел да направи трансфер во Премиер лигата, тврдат медиумите на Островот. Јувентус во јануари плати 80 милиони евра за Влаховиќ, но српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро, наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината.

Јувентус исто така е спремен да слушне понуди бидејќи е во финансиски проблеми после големиот скандал, а најсилен интерес за Влаховиќ покажува Манчестер Јунајтед.

Тен Хаг е во потрага по врвен напаѓач после заминувањето на Роналдо, а „црвените ѓаволи“ се спремни да понудат 80 милиони фунти за Србинот.


Барселона е заинтересирана за Мукоко од Дортмунд

Медиумите во Шпанија известуваат дека челниците на фудбалскиот клуб Барселона се заинтересирани за ангажман на фудбалерот Јусуфа Мукоко од Борусија Дортмунд.

18-годишниот германски репрезентативец, за првиот тим на Борусија Дортмунд има одиграно 59 натпревари и има постигнато 11 гола. Тој од страна на фудбалските стручњаци се смета дека во иднина ќе биде еден од најдобрите европски напаѓачи. Неговиот договор со германскиот бундеслигаш истекува на крајот од сезоната, и можно е да пристигне во Барселона како слободен играч без обештетување.


Милан го бара на позајмица мароканскиот херој од Мундијалот

„Газета дело Спорт“ пишува дека Милан е подготвен да направи почетна понуда за да го добие Хаким Зијех од Челзи на позајмица со опција за откуп за 15 милиони евра.

„Росонерите“ подолго време го следат Зијех, а сега го зголемија интересот по неговиот одличен настап на Мундијалот во Катар. Планот е да се добие Зијех на позајмица со опција за купување.

Ѕвездата од Мароко е подготвен да му се приклучи на Милан каде што би добил поголема минутажа отколку на „Стемфорд Бриџ“ и наводно е отворен за намалување на платата од 6 милиони евра годишно.


Георгиевски обезбеди медал на Гран-при финалето од Светскиот Куп

Дејан Георгиевски ја забележа и втората победа во категоријата + 80 кг. По стартниот триумф над Шпанецот Иван Гарсија Мартинез, овојпат во четвртфиналето нашиот натпреварувач славеше и против првиот носител Икаро Мигел Мартин Соарес од Бразил.

На најелитниот и најважниот турнир во теквондото, по Светското првенство, Георгиевски во две рунди со 2-0 (9-5, 6-0) го елиминираше Соарес.

Со овие две победи Македонецот има сигурна бронза, а сега ќе атакува за влез во финалето и борба за златниот медал.

Георгиевски испишува нова историја во Ријад, триумфираше против вториот и третиот таеквондист на светската ранг листа и чекори кон нови бодови кои ќе му обезбедат олимписка норма.