feature

Премиер лигата може да му одземе дванаесет бода на Евертон

Евертон е во голем проблем поради кршење на финансискиот фер-плеј.

„Дејли Мејл“ пишува дека на започнала расправа помеѓу Евертон и Премиер лигата. Постапката се одвива во тајност, а се очекува Премиер лигата да ја објави казната следниот месеци. Премиер лигата го обвинува клубот од Ливерпул за кршење на финансискиот фер-плеј. Евертон во тригодишниот период имал загуба од скоро 372 милиони фунти, а границата е 105 милиони.

Според пришувањето на британските медиуми, Евертон може да биде казнет со одземање на 12 бодови. Финансискиот експерт Киеран Мегваер смета дека тоа би донело многу проблеми за Евертон кој по девет кола е на 16. место со само седум освоени бодови.

„Клубот стравува дека обвиненијата можат да бидат потврдени и дека санкцијата ќе вклучува одземање на бодови. Одземање на 3-4 бода е нешто со кое клубот би можел да се носи, но „минус 12“ бода би биле тежок удар со оглед на нивната позиција на табелата“.


Димитријевиќ во тимот на колото во руската лига

Македонскиот репрезентативен плејмејкер Ненад Димитријевиќ се
наоѓа во тимот на неделата за периодот од 16 до 22 октомври.
Нашиот играч направи просек од 12,7 поени, 1,3 скок и 7,7
асистенции во натпреварите одиграни против Уралмаш и Самара.

Оствари личен рекорд по бројот на асистенции, вкупно 14 во победата
над Уралмаш, запиша и 12 поени за дабл дабл ефект. На дуелот со
Самара имаше 14 поени и шест асистенции.
Покрај Димитријевиќ, во идеалната петорка се и Ксавиер Рејтан-Мејс,
Маркел Џонсон, Џејмс Томпсон и Захар Ведишев.


Касемиро сака да си замине, Јунајтед веќе бара замена

Бразилскиот репрезентативец Касемиро не е задоволен од тоа како се
одвиваат работите во Манчестер Јунајтед и сака да си замине од „Олд
Трафорд“.
Тој не е во добри односи со тренерот Тен Хаг и жали што го напушти
Реал Мадрид за да се пресели во Манчестер Јунајтед, кој и оваа
сезона има слаби резултати. 31-годишниот играч за врска пристигна
во Манчестер во летото 2022 година за сума од 70 милиони евра, но
никогаш не пружи игри како тие во Мадрид.
Клубот веќе бара негова замена, а прва мета е Жоао Невеш од
Бенфика. 19-годишниот фудбалер дебитираше за португалската
репрезентација и важи за еден од најголемите таленти во Европа.


Челзи ќе испрати понуда до Интер за Бастони

Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Интер и италијански репрезентативец, Алесандро Бастони.
Бастони веќе неколку сезони е столб на одбраната на „нероаѕурите“ и
неодамна го продолжи договорот до 2028 година. Меѓутоа, Челзи му
нуди двојно повисока плата и е спремен да испрати богата понуда до
„нероаѕурите“ на лето.
Интер не сака да го продаде дефанзивецот, но е во тешка финансиска
ситуација и доколку пристигне богата понуда сигурно ќе размисли.


Гираси може да замине од Штутгарт за 17,5 милиони евра

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е најпријатно изнеадување
сезона во германската Бундеслига, напаѓачот постигна 14 голови и во
овој момент е најдобриот стрелец во топ пет првенства.
Летово Баерн Минхен го доведе Хари Кејн во трансфер вреден 100
милиони евра и се очекуваше англискиот голгетер да биде на врвот во оваа категорија, но Гираси игра фантастично. 27-годишниот напаѓач постигна 14 гола и во овој моемнт освен што прв стрелец во
Бундеслигата, тој е и во топ 5 стрелци во Европа.
По ваквиот настап очекувано е за него повеќе клубови да покажуваат
интерес. Според информациите на „Скај Германија“ тој во својот
договор има откупна клазула од 17.5 милиони евра.
Таа сума е двојно помалку од неговата вредност на „Трансфермаркт“,
па сигурно дека Штутгарт ќе има проблем да го задржи.


Чудните методи на Гросо – ги заклучил фудбалерите на Лион во соблекувалната

Девет одиграни натпревари, без ниту една победа, со три нерешени и
шест порази е резултатот што го постигнаа фудбалерите на Лион на
почетокот од францускиот шампионат.
Клубот е далеку од славните денови на почетокот на векот кога од
сезоната 2001/2002 г. до 2007/2008 година. освои седум титули во
лигата. Во тимот владее очај, а тренерот Фабио Гросо бара начин како
да ја сврти ситуацијата.

Француските медиуми го истакнуваат неговиот гнев и драстичниот
потег што го презеде вчера за да открие кој според него прави немири
и пушта информации во јавноста дека не треба.
Ова го откри поранешниот играч на ПСЖ и поранешен француски
репрезентативец Жером Ротен.

Тој тврди дека играч на Лион, кој не сакал да биде именуван, му рекол
дека Гросо е „еден од најлошите тренери што постојат“ и дека „ги
одделил играчите еден од друг“.
Италијанскиот стручњак, кој освои само еден бод на четири натпревари со овој тим, после тоа реши да преземе драстични мерки.
Гросо се заклучил заедно со играчите во соблекувалната на почетокот на тренингот и во полчасовна потрага по „кртот“ во тимот инсистирал да излезе и да признае што направил.


Лаутаро Мартинез последна желба на „кралевите“

Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде
доведување на врвен напаѓач.
После заминувањето на Бензема Реал остана без врвен напаѓач, а
најголема желба за нова „деветка“ е Лаутаро Мартинез. Лаутаро
неодамна потпиша договор до 2026 година, па Интер сигурно нема
лесно да ја пушти својата ѕвезда, но Реал е спремен да понуди повеќе
од 100 милиони евра.
Килијан Мбапе останува цел број еден за нападот на Реал Мадрид, но
Аргентинецот треба да пристигне заедно со Французинот.


Премиерлигашите го сакаат Димарко од Интер

Челзи и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани за италијанскиот репрезентативец и играч на Интер, Федерико Димарко.

25-годишниот Димарко игра одлично во дресот на Интер и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. Премиерлигашите го следат подолго време и сакаат да го доведат во своите редови, но тоа нема да биде воопшто лесно.

Интер не сака ниту да почне преговори за сума помала од 50 милиони евра и ќе се обиде да го задржи Димарко.

Меѓутоа, „нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и доколку прстигне богата понуда се спремни да го продадат.


Познат судијата за саботното „Ел Класико“ во Барселона

Судиската комисија при Ла Лига донесе одлука кој ќе ја дели правдата на Ел Класико. Довербата ја доби Хозе Марија Санчез Мартинез ќе биде назначен главен судија за натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид на 28 октомври. Ова на Радио Марка го соопшти поранешниот судија Павел Фернандез.

Претходно, Санчез Мартинез шест пати беше назначен за главен судија на Ел Класико, на овие натпревари екипите извојуваа по три победи.

Жоан Лапорта беше незадоволен од работата на овој судија на мечот против Реал Мадрид во октомври 2022 година. Тогаш претседателот на Барселона влезе во судиската соба за да добие објаснување за недосудениот пенал во корист на Барселона и досудениот пенал од 11 метри за Реал. Тој натпревар заврши со победа на Реал со резултат 3-1.


Тонали се спогоди со обвинителството во скандалот со обложување

Во Италија актуелен е скандалот со обложување, а најмногу се пишува за Сандро Тонали на кого му се заканува најсериозна казна.

Екс-фудбалерот на Милан призна дека се обложувал на натпревари на кои учествувал. Италијанецот заедно со својот адвокатски тим максимално соработува во истрагата, па обвинителите наводно се одложиле за побагла казна.

Претходно се пишуваше дека Тонали ќе биде суспендиран најмалку една година, но сега се прават напори за помала казна. Тонали како и да е нема да игра фудбал до крајот на сезона, меѓутоа од Њукасл сакаат да го имаат на располагање за почетокот на следната сезона.

Тонали покрај соработката во истрага прифатил и да има медицински надзор при неговото лечење од зависност и сето тоа ќе биде организирано во специјални установи. Претходно Николо Фаџоли од Јувентус доби суспензија од седум месеци и шест месеци лекување од зависност.