Папу Гомез падна на допинг тест, следи крај на кариерата
Фудбалскиот репрезентативец на Аргентина, Папу Гомез, ќе биде суспендиран во наредните две години поради позитивен резултат на допинг. Во написите на медиуимите од Италија се потенцира дека Гомез допрва ќе ја дознае казната без да се наведе кога се земени примероците за анализа.
Фудбалерот на „гаучосите“ кои се актуелни светски шампиони, пред неколку месеци се раздели со шпанската Севилја и потпиша со италијанската Монца која настапува во Серија А.
Германија добива нов капитен за Европското првенство
Германската репрезентација овој месец одигра две пријателски средби во Америка, во склоп на подготовките за Европското првенство. Со тие натпревари дебитираше и новиот селектор Јулиан Нагелсман, а Америка беше совладана со 3-1, додека против Мексико одиграа 2-2.
Нагелсман по овие два дуели, побара одредени промени од федерацијата, односно промена на капитенот. По овие натпревари скоро извесно нов капитен на репрезентацијата ќе биде Илкај Гундоган. Досегашен капитен на репрезентацијата беше Мануел Нојер, но него го нема подолг период на терен, бидејки доживеа сериозна повреда пред неколку месеци и дури сега се враќа на тренинзите.
Доколку се случи тој да ја врати својата врвна форма, веројатно и ќе брани на ЕП идната година, но сигурно нема да биде капитен на репрезентацијата.
Марота: Јуве без Европа е фаворит за освојување на скудетото
Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота, верува дека неговиот поранешен клуб Јувентус е фаворит за освојување на титулата во Серија А бидејќи нема настапи во европските купови.
„Го освоив моето прво скудето со Јувентус под водство на Антонио Конте во сезона во која исто така не учествувавме во Европа. Моето искуство ми кажува дека е голема предност кога имаш можност да ја планираш сезоната само со натпревари во Серија А и турнирот во Копа Италија“, потенцира Марота.
Мурињо се враќа во Мадрид и ќе го наследи Анчелоти?
Актуелниот тренер на Рома би можел повторно да го преземе кормилото на Реал Мадрид од идната сезона.
„Мундо Депортиво“ тврди дека со заминувањето на Карло Анчелоти, неговото место во Мадрид ќе биде пополнет од проверен тренер, Жозе Мурињо. По јуни скоро сигурно Анчелоти го презема кормилото на репрезентацијата на Бразил, па со тоа промени ќе има и во Мадрид, а Мурињо е виден за негова замена.
Реал на големо бара замена за Анчелоти, а меѓу имињата кои ќе конкурираат, највисоко ќе се најде сигурно и Зинедин Зидан, кој е тивок долг период и веројатно калкулира кој ќе биде неговиот следен потег.
Тонали ризикува драконска казна
Фудбалерот на Њукасл и репрезентативец на Италија, Сандро Тонали,
е под истрага поради недозволено обложување на фудбалски
натпревари.
Поради овој прекршок кој го сторил, сега му се заканува голема
суспензија од која може кариерата да му оди во надолна линија.
Тонали е обвинет за иста работа како и неговиот колега Николо
Заниоло, па и Николо Фаџоли, кој доби веќе казна на седум месеци
суспензија.
Што се однесува до Тонали, за него се очекува нешто пожестока
казна, која сигурно ќе биде чекор назад за него во кариерата.
Максималната казна која обвинителството во Италија може да ја
потврди за овој прекршок е да биде играчот суспендиран на три
години. Се очекува одлука за овој случај да биде донесена до крајот
на октомври.
Но според информации од Италија, големи се шансите Тонали да не
добие толку, односно неговата казна да изнесува не повеќе од година
ипол не играње фудбал.
Реал го сака Алварез од Манчестер Сити
MANCHESTER, ENGLAND – SEPTEMBER 02: Julian Alvarez of Manchester City celebrates after scoring his side’s first goal during the Premier League match between Manchester City and Fulham FC at Etihad Stadium on September 02, 2023 in Manchester, England. (Photo by James Gill – Danehouse/Getty Images)
Реал Мадрид скоро и да не го почувствува заминувањето на Карим Бензема, но во иднина при евентуална повреда или некој застој во формата на Џуд Белингам, тоа може да предизвика сериозна криза.
Токму поради тоа, во Реал се свесни дека ќе мора да донесат уште една класична деветка или најистурен напагач, па веќе се на терен и разгледуваат трансфер опции.
Ова лето се очекуваше уште едно име да пристигне на „Сантијаго Бернабе“, но сепак останаа со Џуд Белингам и тоа ќе им биде проблем. Флорентино Перез ќе настојува да донесе уште еден фудбалер со офанзивни задачи, а како што известуваат медиумите, изборот паднал на Јулиан Алварез од Манчестер Сити.
Овој дечко е проценет на 80 милиони евра, а договорот со Манчестер Сити му е валиден до јуни 2028 година. „Кралевите“ ќе се обидат со сите сили да го ангажираат на лето.
Премиерлигашите застанаа во редот на Виртц
Екипите од Премиер лигата, Њукасл, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, ќе конкурираат за потписот на големиот талент на Баер Леверкузен, Флоријан Виртц.
Покрај англиските екипи, за младиот фудбалер е заинтересирана и Барселона но, Каталонците тешко дека ќе издвојат 70 милиони евра за 20-годишниот репрезентативец на Германија.
Виртц во сезонава одигра десет средби со ефект од три гола и четири асистенции.
Грунвуд ставен на трансфер листа, заминува од Манчестер оваа зима
Фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед ќе бара 25 милиони евра за потписот на Мејсон Гринвуд кој сезонава ја игра како позајмен во шпанскиот состав Хетафе.
Тој беше принуден да го напушти стадионот – „Олд Трафорд“ поради бурните реакции околу неговото апсење за наводен напад врз неговата девојка.
Иако судењето подоцна беше прекинато откако госпоѓата ја повлече жалбата, „црвените ѓаволи“ го одалечија од тимот.
Касемиро го чека кратка пауза, ќе прескокне неколку натпревари
Манчестер Јунајтед објави дека играчот од средниот ред Касемиро останал во татковината за да се опорави од ситната повреда заработена на квалификацискиот меч со Уругвај за СП.
Тоа значи дека стандардниот првотимец нема да игра на викенд-дуелот со Шефилд Јунајтед во рамките на Премиер-лигата. 31-годишниот Бразилец ќе се врати во клупската база во почетокот на наредната работна недела.
Касемиро нема да му биде на располагање на Тен Хаг и на мечот со Копенхаген во Лигата на шампионите бидејќи заработи црвен картон на средбата со Галатасарај.
Џејмс уште не заздравел од повредата, ќе паузира уште неколку недели
Фудбалерот на Челзи, Рис Џејмс, полека се опоравува од повредата но, нема да игра на мечот со Барнли закажан во текот на викендот, најави тренерот на „сините“, Маурицио Покетино.
Тоа значи дека Мело Густо и Марк Кукурела се единствените што ќе конкурираат за позицијата на десен бек.
Аргентинскиот тренер не сака да ризикува со повредата на Џејмс и затоа ќе мора да бара друга опција за страничниот дел во одбраната.