feature

Тен Хаг загрижен за повредата на Мегваер

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хaг, зборуваше за повредата на дефанзивецот на „ѓаволите“, Хари Мегваер, која што ја доби натпреварот од 6. коло од групната фаза на Лигата на шампионите со Баерн (0-1).

„Не можам да кажам ништо во моментов. Ќе треба да почекаме 24 часа, а потоа ќе имаме проценка за сериозноста на неговата повреда односно точна дијагноза, дијагноза. Мора да почекаме за тоа“, изјави Ерик Ден Хaг за  официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед.

Во 38. минута од натпреварот, Мегваер почувствува непријатност во пределот на препоните. Дефанзивецот се обиде да се врати во игра, но на крајот беше заменет.

Оваа сезона Магваер одигра 17 натпревари, постигна еден гол и даде една асистенција.


Холанѓанецот Зиркзе интересен за најдобрите екипи во Серија А

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиумите на Апенините.

22-годишиот Зиркезе поникна во академијата на Баерн Минхен, но бидејќи не можеше да се избори за место во тимот беше испраќан на позајмици. На 19 години пристигна во Италија во дресот на Парма, а потоа се пресели во Болоња за 8 милиони евра.

Зиркзе блеска оваа сезона во Серија А и на 15 меча постигна 7 гола и 2 асистенции, па го привлече вниманието на Милан, Интер и Јувентус.

Гигантите веќе ја започнаа битката за неговиот потпис, а Зиркзе може да игра на сите позиции во нападот и дефинитивно е новата ѕвезда на Серија А.


Тебас повторно реизбран за прв човек на шпанската лига

Само неколку недели откако поднесе оставка, Хавиер Тебас е реизбран за претседател на шпанската фудбалска лига.

Тебас беше единствениот кандидат и доби нов четиригодишен мандат, четврти по ред.

Поранешниот претседател на Хуеска е познат по реформите во системот за телевизиски права, при што секој клуб одделно преговара со радиодифузерите.

Тој, исто така, иницираше финансиски фер-плеј построг од оној наметнат од Европската фудбалска унија (УЕФА), ограничувајќи ги трошењата на клубовите во однос на она што го заработуваат. Тој систем неодамна беше напуштен поради критиките од бројни клубови, меѓу кои и Барселона.

Тебас е во отворена војна со неколку големи европски клубови како Пари Сен Жермен и Манчестер Сити, кои според него го менуваат пазарот „со пари што не ги генерира фудбалот туку странски државни агенции“.


Тен Хаг: Следна мисија е да обезбедиме место меѓу четирите најдобри во Премиер лигата

Откако синоќа го завршија настапот во Европа за оваа сезона, по елиминацијата во групната фаза од Лигата на шампионите, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека играчите треба да направат се за да се вратат во Лигата на шампионите следната сезона.

„Ни останува ништо друго освен да се посветиме на Премиер лигата. Секако, сега можеме да се фокусираме на битката за пласман во ТОП 4. Мора да дадеме се од себе за да влеземе во ТОП 4 и да се вратиме во Лигата на шампионите следната сезона. И, се разбира, ни останува и ФА Купот“, изјави Тен Хаг.

Јунајтед по 16 кола се наоѓа на шестото место во Премиер лигата.


Рајан Черки на пат кон Италија, го сакаат Наполи и Јуве

Наполи и Јувентус покажуваат сериозен интерес за младиот талент на Лион, Рајан Черки, пренесуваат француските медиуми. 20-годишниот офанзивен играч за врска игра одлична сезона за Лион и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.

Черки на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лион е спремен да слушне понуди, а италијанските гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација.

Лион за неговата слобода бара 30 милиони евра, а интерес за него покажуваат и клубовите од Премиер лигата.


Рис Џејмс пак се повреди, ќе паузира три месеци

Tимот на Челзи покрај резултатската криза сега се соочува со уште еден проблем – се повреди капитенот Рис Џејмс.

Џејмс поточно ја обнови повредата на задната ложа и се шпекулира дека ќе паузира и до три месеци. 24-годишниот дефанзивец важи за еден од најдобрите десни бекови, но честите повреди го спречуваат да игра констатно на највисоко ниво.

Изминатиот викенд против Евертон на теренот помина само 25 минути по што мораше да биде заменет поради повреда. Деталните прегледи покажале дека се работи за повреда на задната ложа која ја повреди дури седум пати во последните три години.

Челзи не откри детали за процесот на рехабилитација, меѓутоа медиумите пишуваат дека Џејмс ќе паузира и до три месеци, а ќе се врати во март следната година.


Нема договор меѓу Црвена Звезда и Олимпија Милано за Пангос

Од Италија стигна веста дека требало да има трампа меѓу Црвена Звезда и Олимпија Милано со цел Кевин Пангос да се пресели во Белград додека Шабаз Напиер да оди во спротивен правец.

Сепак, црвено-белите на крајот не се согласија! Во меѓу време и Валенсија покажа дека е заинтересирана да го доведе плејмејкерот, но се уште нема договор бидејќи Олимпија не сака да плати за да се ослободи од Пангос.

Кошаркарот е во втор план кај тренерот, Еторе Месина и во сезонава поради повреди одигра само пет натпревари во Евролигата.


Џексон ќе мине без дополнителна казна по црвениот картон против Евертон

Челзи игра ужасно во новата сезона и се наоѓа далеку од борбата за позиции кои водат во европските купови, иако газдата Тод Боели потроши милијарда евра на засилувања.

Едно од засилувањата беше Николас Џексон, кој во моментов е најдобар стрелец на „сините“, но и еден од играчите кои имаат проблеми со дисциплината.

Џексон по мечот против Евертон грабна ривал за врат, а сега Фудбалскатa асоцијација (ФА) на Англија соопшти дека нема да го казни, иако вообичаено за такви потези се суспендираат фудбалери.


Марсијал спремен да се пресели во Саудиска Арабија

Манчестер Јунајтед во јануари ќе му ја отвори излезната врата на Антони Марсијал, пренесуваат медиумите на Островот.

Французинот минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа кај Тен Хаг.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат во јануари бидејќи не сакаат да го загубат без обештетување на крајот на сезоната. Французинот исто така е спремен да ја промени средината, а најконкретен интерес за него покажуваат клубовите од Саудиска Арабија.

Ал Етифак веќе испратил понуда, па сега се чека одговор од самиот Марсијал.


Турам: Интер ме сакаше две години, тоа беше лесен избор

Маркус Турам ова лето беше слободен агент и имаше неколку понуди на маса, а Французинот се реши кариерата да ја продолжи во Интер.

Турам блесна во дресот на Интер, а летово беше на чекор до потпис во ПСЖ. По неговото одбивање, тимот од Париз го ангажираше Коло Муани, а Мбапе сега јавно го праша зошто не дојде во ПСЖ во интервју за Канал+.

„Мбапе многу добро знае зошто не потпишав за Пари Сен Жермен. Никогаш не барав загарантирана минутажа, мислам дека тоа воопшто не е возможно. Само така се чувствував, Интер ме сакаше пред две години и секогаш ме гледаа како своја „деветка“, така што беше лесен избор“, изјави Турам.