feature

Милан спремен да испрати понуда за Абрахам

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно
заинтересиран за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам.
Абрахам блесна во дресот на Рома откако пристигна во Челзи, но оваа
сезона е надвор од терените поради повреда на лигаментите.
Англичанецот сака да ја промени средината, а неговите агенти денес
имале состанок со директорите на Милан.
„Росонерите“ се во потрага по напаѓач кој ќе биде наследник на Жиру
и се спремни да платат 30 милиони евра колку што бара Рома за
слободата на Абрахам.


Најтежок противник на Кимих не е ни Роналдо, ни Меси – туку Мората

Џошуа Кимих одговараше на кратки прашања во видео објавено на
официјалниот сајт на германската репрезентација. На прашањето за
најтешкиот противник, еден од најдобрите играчи на Баерн го избра
шпанскиот напаѓач Алваро Мората.
Кимих е ѕвезда на клубот од Минхен со кој освои 20 трофеи,
вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2020 година, што значи
дека играше против најдобрите играчи во светот, како Лионел Меси,
Кристијано Роналдо или Килијан Мбапе.
Сепак, тој го избра Мората, актуелниот напаѓач на Атлетико Мадрид
кој настапуваше за Реал, Јувентус и Челзи, а за шпанската
репрезентација има 34 гола на 69 настапи.
Кимих го избра Мората за свој најтежок ривал во 2018 година во
интервју за Goal. Потоа рече: „Многу е тешко да се игра против
Мората бидејќи тој е силен, брз и има добра техника. Така што против него не е лесно“.


Баерн ќе го откупи договорот на Ерик Дајер

Челниците на фудбалскиот состав, Баерн Минхен, сакаат да го
задржат дефанзивецот, Ерик Даер, кој игра како позајмен од
англискиот, Тотенхем.
30-годишниот фудбалер кој настапува за германскиот гигант, потпиша договор до крајот на актуелната кампања со опција за продолжување на уште 12 месеци.
Тој успеа да ги исполнинеопходните услови кои автоматски ќе му го
продолжат договорот. Англичанецот забележа 6 настапи.


Ако Чаби Алонсо дојде во Ливерпул, со себе ќе го поведе Флоријан Вирц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц е голема желба на Ливерпул, пишуваат англиските медиуми.

Вирц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери.

Младиот плејмејкер има долгорочен договор во Леверкузен и најверојатно ќе чини цело богатство, но Ливерпул нема да жали пари за да му ја исполни желбата на Чаби Алонсо.


Саудијците со светски рекорд го купуваат Салах

Мохамед Салах се поврзуваше со трансфер во Саудиска Арабија и минатото лето, но тогаш Ливерпул ја одби богатата понуда на саудијците кои сега се подготвени за нова офанзива.

Сонародникот на Салах и легенда на египтескиот фудбал кој долги години играше на Островот објави дека Салах од наредната сезона ќе игра во саудиската лига. Сега како дополнување на ова негово тврдење се огласија Бртианците тврдејќи дека сумата за која Салах ќе замине ќе биде светски рекорд.

Информациите на „Мирор“ се дека пребогатите саудицји се спремни да платат неверојатни 250 милиони евра за да го обезбедат потписот на Салах и тоа би било рушење на рекордот кој ПСЖ го постави за да го доведе Нејмар од Барселона за 222 милиони евра. Засега не се открива кој клуб би ги платил тие 250 милиони евра.

Засега Салах молчи на оваа тема, меѓутоа тоа што не демнатира остава простор да се верува на тврдењата на медиумите, а тука е и Мидо кој секако дека има свои контакти. Се потсетува и дека Ливерпул на лето ќе остане и без Клоп, па тоа би било период на нов почеток на „Енфилд“.


Рибери се враќа во Минхен во нова улога

Франк Рибери во блиска иднина би можел да стане тренер во академијата на Баерн објави новинарот на „Кикер“ Георг Холзнер.

Легендарниот француски крилен напаѓач ја заврши кариерата во 2022 година и во овој момент полага за повеќе лиценци за тренер. Со оглед на тоа дека од 2007 до 2019 година беше член на Баерн и денес поминува многу време во Минхен, остана во близок однос со клбуот.

Рибери во 12 години со Баерн освои 23 трофеи, меѓу кјои и девет титули шампион на Германија и шест купови. Во 2013 година стигна и до Лигата на шампионите, европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство. Покрај Баерн во кариерата играше уште за Болоњ, Олимпик Алес, Брест, Мец, Галатасарај, Марсеј, Фиорентина и Салернитана. За репрезентацијата на Франција собра 81 настап и постигна 16 гола.


Стерлинг ќе ги одбие понудите од Саудиска Арабија и ќе остане во Челзи

По наводите дека напаѓачот на Челзи, Рахим Стерлинг преговарал со
клубови од Саудиска Арабија, од Островот пристигнуваат информации дека такво нешто не се случило – барем не се уште.
Според извори блиски до напаѓачот, Стерлинг е целосно фокусиран
на престојот во Челзи и сака да го даде својот максимум за да има што поголема минутажа во лондонскиот клуб.
Деновиве се појавија приказни дека англискиот репрезентативец бил
во преговори со Ал Хилал, во кои од Премиер лигата веќе пристигнаа
Александар Митровиќ и Рубен Невес, но од тие преговори барем
засега нема ништо.
Стерлинг е во Челзи од 2022 година, одигра 70 натпревари и постигна
17 голови. Во својата кариера играше и за Ливерпул и Манчестер
Сити.


Сигурдсон пред промоција за нов селектор на Хрватска

Ракометната репрезентација на Хрватска за првпат во историјата за
селектор ќе има странец, тоа е Исланѓанецот Дагур Сигурдсон.
Неговата официјална промоција како селектор на Хрватска се очекува да биде во Загреб.
Првиот предизвик за Сигурдсон ќе биде најтежок, да ја однесе
Хрватска на Олимписките игри во Париз. Хрватска во Хановер ќе
игра на квалификацискиот турнир за пласман на ОИ во Париз, заедно
со селекциите на Германија, Австрија и Алжир.
Според пропозициите, двете првопласирани селекции ќе обезбедат
пласман на Игрите во Париз.


Мареј најави пензија на крајот од годиата

Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј, призна дека
најверојатно ќе ја заврши кариерата на крајот на летото. Британецот е во лоша форма во последните месеци и не може да постигне добар
резултат на поголемите турнири. 36-годишниот Мареј вчера загуби од Французинот Уго Умберт со 2-6, 4-6 во натпревар од второто коло во
Дубаи.
„Најверојатно ќе завршам со тенисот есенва. Ова ме прашуваат после
секој натпревар и ми се гади од тоа. Нема да зборувам за тоа од сега
додека не завршам со играње“, изјави Мареј по поразот.
Тој не прецизираше на кои турнири планира да учествува, но сигурно
ќе игра на Вимблдон, а можеби и на Олимпијадата во Париз.


Ако Пиоли си замине од Милан, ќе го преземе Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, го гледа тренерот
на Милан, Стефано Пиоли како прв фавори да стане нов шеф на
стручниот штаб на италијанскиот шампион, наведуваат медиумите во Италија.
Се очекува Наполи да назначи нов менаџер за сезоната 2024/25 освен
ако времениот, Франческо Калцона, не успее да заврши меѓу првите
четири во тековниот шампионат.
Ќе потсетиме дека Пиоли има договор со „росонерите“ до јуни во
2025 година.