Два европски гигант го сакаат Антонио Силва од Бенфика
Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед покажуваат силен интерес за младиот дефанзивец на Бенфика, Антонио Силва.
Станува збор за 20-годишен централент дефанзивец, кој одигра фантастично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Тој веќе е стадарден и во португалската репрезентација, а скаутите на европските гиганти се убедени дека Силва има потенцијал да биде нова голема ѕвезда во иднина.
Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид се во потрага по квалитетен дефанзивец и ќе се обидат да го донесат Португалецот во јануари.
Меѓутоа, тоа воопшто нема да биде лесно бидејќи Силва има договор со Бенфика до 2027 година, а португалскиот клуб за неговата слобода бара 80 милиони евра.
Чаби Алонсо од следното лето се сели од Леверкузен во Минхен
Чаби Алонсо со голем успех го води тимот на Баер Леверкузен, па неговото име веќе почна да се поврзува со поголеми европски клубови.
Германските медиуми откриваат дека во договорот на Шпанецот има откупна клазула која важи само за три клуба Ливерпул, Баерн Минхен и Реал Маддрид.
Силен интерес за него покажува Баерн Минхен, кој во него гледа тренер со кој ќе започне нов циклус.
Баварците не се задоволни од работата на Тухел и веќе почнале преговори со Алонсо, кој треба да дојде на „Алијанц Арена“ на лето.
Варан сака да си замине од Јунајтед уште во јануари
Рафаел Варан би сакал да го напушти Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок, објави новинарот Флоријан Плетенберг на социјалните мрежи Х (поранешен Твитер).
Според изворот, Баерн ја разгледува можноста да го ангажира 30-годишниот Французин. Манчестер Јунајтед ја одреди цената за играчот од 20-30 милиони евра.
Претходно беше објавено дека клубот е подготвен да го пушти Варан да си замине, но само во летниот преоден рок, бидејќи главниот тренер Ерик тен Хаг сака да го зачува јадрото на својот тим, со што би можеле да обезбедат пласман меѓу првите четири екипи во лигата.
Варан му се приклучи на Манчестер Јунајтед од Реал Мадрид во август 2021 година. Трансферот изнесуваше 40 милиони евра. Договорот на играчот со клубот е до летото 2025 година. Трансфермаркт го цени Варан на 35 милиони евра. Оваа сезона Варан одигра 12 натпревари и постигна еден гол.
КС ГРУПАЦИЈАТА ВО ПАРТНЕРСТВО СО ЛОКАЛНИ ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИТЕ И ОБРАЗОВАНИЕТО
На 24 Ноември во елегантниот амбиент на ресторанот Голд
Фелициа во Битола, директорите на КС Групација, претставници на Евротип, Голд
Слот Клуб, Голд Фелициа, КС Сервис, Агроброд, Премиум Сејфти Солушн и
77битс во соработка со локалните
образовни институции ги потпишаа
договорите за стипендирање и практиканство со учениците од средното училиште СОЕУ
„Јане Сандански“ , како и студенти од Факултетот за Информатички и
Комуникациски Технологии од Битола и Меѓународниот Славјанскиот Универзитет.
Овие партнерства со
локалните образовни институции означуваат моќна соработка помеѓу бизнис
секторот и идните лидери на Битола. Договорите вклучуваат стипендии кои
обезбедуваат финансиска помош за студентите, додека
програмите за практиканство се дизајнирани да обезбедат искуство и менторство
од реалниот свет Овие иницијативи колективно поттикнуваат средина на академска
извонредност и личен раст.
Покрај формалните
договори, настанот беше исполнет со забава и ентузијазмот на сите вклучени во негувањето на
соништата и аспирациите на младите.
Идните стипендисти на КС Групацијата се: Петар Митревски студент
во прва година на факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии, Валентин Стојановски
студент во втора година на факултетот за Информатички и Комуникациски
Технологии, Марко
Зајковученик во прва година во средното економско училиште СОЕУ „Јане
Сандански“, Анастасија Велевска од Факултетот за Економија- смер финасии и
банакрство од Меѓународниот Славјанскиот Универзитет и Ана Марија Крстевска од
Факултетот за Економија -смер менаџмент и претприемништво од Меѓународниот Славјанскиот
Универзитет.
На свеченото доделување свое обраќање имаа продеканот на Факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии Проф. Др. Божидар Миленковски, в.д директорката на Средното Oпштинско Eкономско Училиште „Јане Сандански“ – Билјана Јанкуловска, Игор Михајловски раководител на одделение на Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола и Марина Милошевска комерцијален директор на КС Групацијата.
Потпишувањето на овие договори за стипендии е значајна пресвртница во напорите на КС Групацијата за промовирање на општествената одговорност и го отвора патот за повеќе иницијативи кои ги поддржуваат младите и образованието во Битола. Тоа е извонреден пример за тоа како корпоративниот сектор и образовните институции можат да ги здружат силите за да имаат позитивно влијание врз животите на следната генерација.
Имено Реал планира во јануари да ангажира замена за Бразилецот Винисиус Жуниор, а на листата желби е Мауро Икарди. Винициус се повреди и се очекува да паузира околу три месеци, па „кралевите“ мора да најдат негова замена.
Мауро Икарди ја оживеа кариерата во Галатсарај и Анчелоти верува дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
Аргентинецот е врвен напаѓач со искуство во големи клубови, а Реал нема да треба да потроши голема сума за да го доведе во Мадрид.
Маркос Леонардо од Сантос на листата на желби на Реал
Реал Мадрид често гледаше на бразилскиот пазар во изминатите неколку години за да потпише со надежни млади таленти. Винисиус Жуниор и Родриго пристигнаа во 2018 и 2019 година соодветно и оттогаш станаа клучни играчи во првиот тим. Истото го очекува и Ендрик Фелипе, кој следното лето ќе му се приклучи на клубот од Палмеирас. На Бернабеу, сепак, продолжуваат внимателно да го следат бразилскиот пазар и се насочија кон уште еден талент од оваа земја.
Станува збор за Маркос Леонардо од Сантош. 20-годишниот фудбалер се повеќе се поврзува со интерес од Реал Мадрид и се очекува да го напушти својот сегашен клуб во зимскиот преоден рок. Се верува дека неговата цена е околу 15-20 милиони евра, а шпанскиот гигант веќе преговарал со агентот на играчот.
Рома и Њукасл исто така се во трка за потписот на Леонардо. Сепак, доколку Реал Мадрид го направи својот потег во јануари, очекувањата се дека ќе имаат значителна предност поради поголемите финансиски можности и повисокиот статус.
Ди Марија заминува во репрезентативна пензија по Копа Америка
Аргентинскиот играч за врска Анхел Ди Марија најави дека наскоро ќе се повлече од националниот тим.
„Со болка во душата и чувство на грутка во грлото, кажувам „збогум“ на најубавото нешто што ми се случило во целата моја кариера“, изјави Ди Марија во интервју за новинарот Фабрицио Романо на социјалните мрежи.
Анхел Ди Марија дебитираше за репрезентацијата на Аргентина на 6 септември 2008 година во мечот со Парагвај, кој се одржа како дел од квалификацискиот турнир за Светското првенство 2010, а заврши нерешено 1-1. Ди Марија стартуваше и беше заменет на полувремето. Вкупно, играчот од средниот ред одигра 136 натпревари за националниот тим и постигна 29 гола.
Како дел од репрезентацијата, Ди Марија стана победник на Купот на Америка 2021 година и светски шампион во 2022 година. Фудбалерот исто така освои златен медал на Олимпијадата во 2008 година како дел од олимпискиот тим.
Потер го одби селекторското место во Шведска
Англискиот фудбалски тренер Грем Потер ја одби можноста да биде нов селектор на шведската репрезентација.
Според информациите од шведските медиуми, челниците на тамошниот фудбалски сојуз му ја понудиле селекторската позиција на поранешниот тренер на Брајтон и Челзи, кој би го заменил Јане Андерсон кој поднесе оставка после неуспехот во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024 година во Германија.
48 годишниот Потер ја одбил понудата со образложение дека негова цел е да работи во клупскиот фудбал и дека во моментот не е заинтересиран за водење на репрезентација.
Англичанецот во минатото помина седум години работејќи во Шведска каде од 2011 до 2018 година седеше на клупата на Остерсунд.
Лацио и Сари го враќаат Инсиње во Серија А
Лоренцо Инсиње е во котнакт со тренерот Маурцио Сари и сака да се врати во Серија А по скоро две години играње за Торонто.
Инсиње во овој момент е во Италија, а „Кориере дело Спорт“ пренесува дека во средата го посетил новиот тренер на Наполи, Валтер Мацари во клупскиот тренинг центар. Меѓутоа тој не сака да премине во Наполи, туку во Лацио и италијанските медиуми прнесуваа дека го известил тренерот на римскиот тим, Маурицио Сари. Лацио во овој момент е 10-ти во Серија А и се уште не се пласирал во нокаут фазата во Лигата на шампионите.
Ако се пласираа во осминафиналето од елитата ќе имаат дополнителни 10 милиони евра за претстојниот преоден рок, пренесе „Кориере дело Спорт“.
Инсиње има договор со Торонто до 2026 година и тој клуб би можел да го пушти да замине или на позајмица или да го раскине договорот поради неговата плата од 11.5 милиони евра. Во дресот на Торонто Италијанецот одигра 33 натпревари и постигна 11 голови.
Ван Бисака наместо за Англија спремен да го облече дресот на Конго
MANCHESTER, ENGLAND – FEBRUARY 23: Aaron Wan-Bissaka of Manchester United during the UEFA Europa League knockout round play-off leg two match between Manchester United and FC Barcelona at Old Trafford on February 23, 2023 in Manchester, England. (Photo by Catherine Ivill/Getty Images)
Десниот бек на Манчестер Јунајтед, Арон Ван Бисака, размислува да ја прифати понудата на Конго и да настапи на Африканскиот куп на нации.
Бисака е роден во Англија но, има потекло од Конго. Тој ги помина младинските селекции на Англија но, не успеа да се наметне за сениорскиот состав.
Бисака неколку пати изјави дека сака да игра за селекцијата на Конго.