feature

Најдобриот фудбалер на Младост Лучани потпиша за Стоук Сити

Младост Лучани успеа својот фудбалер да го продаде во англиски Стоук.

Младиот репрезентативец на Србија, Никола Јојиќ кој до неодамна го носеше дресот на Младост Лучани потпиша договор на четири години со англискиот клуб. Несекојдневниот трансфер е големо изненадување за сите, па можеби и за самиот фудбалер кој на 15 септември ќе наполни 20 години.

Стоук во овој момент се натпреварува во Чемпионшип, а Јојиќ ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред. Во претходната сезона тој постигна 10 голови и запипша 11 асистенции на 45 настапи.


Француската федерација го назначи Анри за селектор

Тиери Анри потпиша двегодишен договор со францускиот фудбалски сојуз.

Еден од најдобрите француски фудбалери на сите времиња, прославениот Анри е именуван за нов селектор на младата фудбалска репрезентација на Франција. Капитенот на националнио така се враќа на тренерската работа откако претходно беше помошник во репрезентацијата на Белгија и го водеше Монако.

Во кариерата како играч Анри освои бројни трофеи, меѓу останатите и Светско првенство во 1998 година и Лига на шампиони во сезоната 2008/09.


Пешиќ ги одбра српските адути на Мундобаскетот

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ го објави списокот на играчи кои ќе настапат на престојоното Светско првенство.

Србија на Мундобаскетот најверојатно ќе ја претставуваат: Стефан Јовиќ, Алекса Аврамовиќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ, Дејан Давидовац, Бориша Симаниќ, Никола Јовиќ, Филип Петрушев, Душан Ристиќ и Никола Милутинов. Во игра е и името на Алакса Раданов, но тој ќе биде прва опција за замена.


Чави ќе добие нов договор во Барселона

Барселона ќе разговара за продолжување на договорот со тренерот Чави, но дури откако и официјално ќе заврши летниот пероден рок.

Преговорите со Чави за нов договор ќе започнат по затворањето на летниот преоден рок, бидејќи Барса сака да го продолжи договорот со тренерот под подобрени услови, но најпрво да се стабилизира екипата за новата сезона.

Агентот на Чави веќе одржал неколку консултативни разговори со раководството на клубот. Преговорите за нов договор ќе ги води новиот спортски директор на Барселона, Деко.


Чурлинов во октомври се враќа на терените

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов нема да ја промени клупската средина ова лето. По здравствените проблеми, Чурлинов се уште е надвор од тренинг-процес, па според последните информации од неговиот сегашен клуб тој би можел целосно да се врати со тренинг и натпревари дури во октомври.

Германски Шалке беше заинтересиран за Чурлинов, но ваков трансфер засега нема да се реализира.


Унион Берлин пред потпис со Леонардо Бонучи

Унион Берлин го сака Леонардо Бонучи. Искусниот италијански стопер не е во плановите на тренерот на Јувентус, Макс Алегри, а клубот од Торино му дозволи да си замине.

Унион, кој се пласираше во Лигата на шампионите по фантастичната сезона, на Бонучи му нуди едногодишен договор.

Германците чекаат одговор до понеделник, а Бонучи наводно размислува за понудата. Бонучи дојде во Јувентус во летото 2010 година од Бари за 15,5 милиони евра. Брзо стана еден од најдобрите дефанзивни играчи во Европа, а во сезоната 2017/2018. играше за Милан кој плати 42 милиони евра.

Следната сезона за 35 милиони евра се врати во торинскиот клуб со кој во кариерата освои осум титули во италијанскиот шампионат.

Неговиот договор со Јувентус истекува следното лето.


Тернана ќе биде новиот клуб на Илија Несторовски

Илија Несторовски е пред трансфер во Тернана, потврдија од клубот.

Несторовски е без клуб откако му истече договорот со Удинезе каде што играше во претходните четири години. Најсилен интерес за него покажа Тернана, кој моментално е член на Серија Б.

Последните информации се дека Несторовски ја прифатил понудата и наскоро ќе стави потпис на договорот.


Де Пол се сели во Саудиска Арабија

Клубовите од Саудиска Арабија не престануваат со богати трансфери, а сега на радар е ѕвездата на Атлетико Мадрид, Родриго де Пол.

Имено, Ал Ахли покажува силен интерес за Аргентинецот и веќе започнал преговори со неговиот агент. Де Пол беше светски шампион со Аргентина, но не е среќен во Атлетико и е спремен да ја промени средината.

Клубот од Саудиска Арабија му дставил понуда која не се одбива, а наскоро ќе испрати понуда од 35 милиони евра до Атлетико Мадрид.


Колумбиецот Запата е сели во Рома

Рома постигна договор да го ангажира Дуван Запата од Аталанта, објави „Калчомеркато“. Жозе Мурињо цело лето бара напаѓач по повредата на Тами Абрахам.

Екипата на Рома беше поврзувана со голем број играчи, вклучувајќи ги Џанлука Скамака и Марко Арнаутовиќ, но на крајот тие најверојатно ќе се потпрат на Дуван Запата.

32-годишниот колумбиски интернационалец ќе потпише 3-годишен договор со Рома и ќе добива 2,7 милиони евра по сезона. Римјаните за него ќе платат 6 милиони евра, со бонуси за 3,5 милиони во договорот.


Иранецот Азмун е трансфер-цел на Милан

Милан ова лето беше еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и доведе седум нови засилувања.

Меѓутоа, „росонерите“ не завршиле со летната селекција и до крајот на преодниот рок сакаат да доведат напаѓач кој ќе биде алтернатива за Жиру.

Милан веќе започнал преговори со напаѓачот на Баер Леверкузен, Сердан Азмун, но сакаат прво да се ослободат од Ориги пред да го комплетираат трансферот.

Интерес за Азмун покажува и Зенит, но тој преферира преселба на „Сан Сиро“ и веќе имал договор со Милан.