feature

Кејн: Горд сум на овој циклус на англиската репрезентација

Англискиот напаѓач Хари Кејн го сумираше настапот на неговата
репрезентација во квалификацискиот натпревар за ЕП 2024
против Македонија (1-1).
„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар против пристоен тим кој
игра на терен на кој е тешко да се игра нашиот стил на игра. Во
дел од натпреварот губевме со 0-1 поради досудениот пенал.
Беше убаво да се биде на теренот бидејќи секогаш се трудам да
му помогнам на тимот, без разлика дали играм 90 минути или 10
минути. Нам ни беше важно да израмниме – штета што не
можевме да постигнеме втор гол. Мислам дека тоа беше автогол,
прилично сум сигурен. Ако некој требаше да го даде вториот гол,
тоа ќе бевме ние. На натпреварот со Малта бевме невнимателни
со топката, а овој пат имавме мала грешка при контра напад и
контроверзен пенал. Игравме со репрезентација од која се
очекуваше да ја победиме со 5:0 или 6:0, но тие направија добра
работа да ја елиминираат Италија во баражот за Светското
првенство. Можеме да бидеме навистина горди на начинот на кој
игравме квалификацискиот циклус“, изјави Хари Кејн за „Би-Би-
Си“ по натпреварот со Македонија.


Палиња од Фулам ќе биде првото зимско засилување за Баерн

На Баерн Минхен во последниот ден од преодниот рок му пропадна трансферот на Палиња од Фулам.

Португалецот игра фантастично во Премиер лигата, а во летниот преоден рок беше на чекор од трансфер во Баерн Минхен.

Меѓутоа, Баерн не се откажува од намерата да го доведе играчот за врска во Минхен, бидејќи е голема желба на Тухел, а и самиот фудбалер сака да ја промени средината. Фулам летово ја прифати понудата на Баерн од 50 милиони евра, па трансферот беше само одложен за јануари.

Германските медиуми пренесуваат дека се договорени сите детали и Палиња во првите денови на јануари ќе биде претставен во Минхен.


Пеп го враќа Сане во Манчестер Сити

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Лерој Сане би можел да се врати во Манчестер Сити, објави новинарот на Билд, Кристијан Фалк.

Според германското издание, Сити се заинтересирани за трансфер на 27-годишниот Германец следното лето. Според проценките сумата која би требало Сити да ја плати за него е 75 милиони евра, а неговиот договор со Баерн истекува во јуни 2025 година.

Сане играше за Манчестер Сити од 2016 до 2020 година, кога Баерн го купи за 49 милиони евра.


Малуда критичен кон својот поранешен клуб

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Челзи, Флоран Малуда, се обиде да ја анализира моменталната состојба во лондонскиот клуб.

„Освен бојата на униформата не го препознавам клубот. Мислам дека менаџментот премногу се фокусира на зборување за проектот. Во наше време дури и тренерите кои имаа успеси веднаш беа отпуштани  доколку имавме слаба серија“ – вели Малуда.

Четата на Челзи што сега ја предводи, Маурисио Покетино, се наоѓа на 10-тото место на табелата во Премиер-лигата.


Лекиќ влезе во клубот 1.000 на европскиот ракомет

Српската ракометарка Андреа Лекиќ, успеа да ја пробие
магичната граница од 1.000 погодоци во ракометната Лига на
шампионки.
Во убедливиот триумф на нејзиниот ФТЦ Ференцварош на гости
кај Заглебје во Полска, Лекиќ успеа да ја надмине
четирицифрената граница.
Овој момент не мина незапазен, па таа доби овации од верните
навивачи на клубот од Унгарија кој допатуваа на ова гостување.
Лекиќ стана само четврта ракометарка која има повеќе од 1.000
погодоци во елитното натпреварување. Претходно тоа им успеа
на Анита Гербиц, Кристина Неагу и Јованка Радичевиќ.


Реал му понуди нов договор на Карло Анчелоти

Во последниот период се шпекулираше за тоа кој би можел да го
наследи Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид и неговото
заминување се сметаше за сигурно.
Италијанецот има договор со „кралевите“ до крајот на годината и
медиумите тврдеа дека сигурно ќе се раздели со Реал Мадрид на
лето.
Притоа, се тврдеше дека веќе има договор со Бразил и ќе седне
на селекторското столче на „кариоките“.
Меѓутоа, последните информации се дека Реал не сака да се
раздели со Италијанецот и му предложил нов договор, а
Анечелоти исто така сака да остане. Преговорите се во напредна фаза и наскоро Анчелоти ќе стави потпис на нов двегодишен договор.


Баерн нуди 60 милиони за Барела

Баерн Минхен е заинтересиран за ѕвездата на Интер, Николо
Барела.
Барела веќе трета сезона е еден од најдобрите играчи за врска во
Серија А и го привлече вниманието на многу европски клубови.
Интер имаше финансиски проблеми и во летниот преоде рок ги
продаде Андре Онана и Брозовиќ, па тешко дека ќе дозволи
заминување на Барела.
Баварците пак се во потрага по квалитетен играч за врска и
Барела е на врвот на листата желби на Томас Тухел.
Баерн ќе се обиде да го доведе Италијанецот и спремил понуда
од 60 милиони евра.


Влаховиќ интересен за Артета и Влаховиќ

Душан Влаховиќ во летниот преден рок беше на излезна врата,
но сепак остана во Јувентус.
Јувентус беше спремен да го продаде, но не пристигна понуда
која ќе го задоволи апетитите на „старата дама“. Влаховиќ и оваа
сезона не игра на препознатливото ниво во Јувентус, па и самиот
е спремен да ја промени средината.
Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал, кој е во потрага
по таков профил на напаѓач и спрема богата понуда.
Влаховиќ сега сака преселба во Премиер лигата и верува дека
стилот на игра на Арсенал одлично ќе му одговара.


Андерсон си поднесе оставка, Шведска ќе добие нов селектор


Гави ги скина лигаментите, го чека долга пауза

Барселона и шпанската репрезентација доживеаја тежок удар
откако играчот од средниот ред Гави заработи тешка повреда на
натпреварот против Грузија синоќа.
Играчот од средниот ред беше заменет на средината на првото
полувреме, напуштајќи го теренот во солзи. По мечот се потврдија
претпоставките дека се работи за многу сериозна побвреда,
скинати вкрстени лигаменти.
Тоа практично значи дека Гави ќе мора да отсуствува од
фудбалските терени од 6 до 8 месеци и ќе ги пропушти
Европското првенство во Германија следното лето, како и
Олимписките игри во Париз.