feature

Гави ги скина лигаментите, го чека долга пауза

Барселона и шпанската репрезентација доживеаја тежок удар
откако играчот од средниот ред Гави заработи тешка повреда на
натпреварот против Грузија синоќа.
Играчот од средниот ред беше заменет на средината на првото
полувреме, напуштајќи го теренот во солзи. По мечот се потврдија
претпоставките дека се работи за многу сериозна побвреда,
скинати вкрстени лигаменти.
Тоа практично значи дека Гави ќе мора да отсуствува од
фудбалските терени од 6 до 8 месеци и ќе ги пропушти
Европското првенство во Германија следното лето, како и
Олимписките игри во Париз.


Бедијашил од Челзи е најнова желба на управата на Милан

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Челзи, Бенуа
Бедијашил пренесува „Калчомеркато“.
Поради повредата на Калули тренерот Пиоли нема многу
алтернативи во дефанзивата, па Милан сака во јануари да
доведе уште еден дефанзивец.
Прва мета е Бенуа Бедијашил, кој ова лето пристигна во Челзи од
Монако за 40 милиони евра, меѓутоа, не добива голема минутажа
на „Стенфорд Бриџ“.
Милан сака да ја исористи таквата ситуација и да го доведе 21-
годишниот Французин на позајмица со право на откуп следното
лето.


Повредата на Заир-Емери не е сериозна

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп по
натпреваро со Гибралтар зборуваше за повредата што ја
заработи играчот на Франција и средниот ред на ПСЖ, Ворен
Заир-Емери на мечот кој го доби Франција со 14:0.
„Ова беше совршена вечер, освен повредата на Заир-Емери. Таа
не е многу сериозна. Од информациите што ги имам, се изгледа
ветувачко. Тој нема скршеница, но, очигледно, има истегнување
на зглобот“, изјави Дешамп.

Во моментов, периодот за опоравување на фудбалерот се уште
не се одредени.
Да потсетиме, во 20. минута од натпреварот со репрезентацијата
на Гибралтар, 17-годишниот Французин се повреди и беше
заменет. Три минути претходно го постигна деби голот за
националниот тим. Самиот натпревар со тимот на Гибралтар исто
така стана деби за Заир-Емери.


Саутгејт најави кои фудбалери ќе ги води на Европското првенство

Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт откри на
кои играчи ќе им се даде предност при составувањето на
селекцијата за претстојното Европско првенство.
„Се враќаме на пријавувањето од 23 лица (УЕФА го намали
пријавувањето на репрезентациите за ЕП 2024 од 26 на 23 лица).
Тоа го менува размислувањето затоа што на последните два
турнира имавме таква слобода во однос на изборот на составот
што можевме да земеме играчи кои не беа баш соодветни за
тимот или кои може или не беа подеднакво подготвени.
Овој пат физичката кондиција на играчите, нивната способност да
учествуваат на шест или седум натпревари ќе биде навистина
важен фактор. Ќе треба да размислиме добро дали вреди да се
земат физички ранливи играчи. Исто така, од една страна, можете
да земете двајца играчи на една позиција, но покорисни ќе бидат
играчите кои знаат да се прилагодат и можат да играат на повеќе
од една позиција“, изјави Саутгејт за „Ивнинг Стандард“.


Од Атлетико се гледаат како фаворити за титулата во Шпанија

Aтлетико Мадрид игра добро на почетокот од сезоната и во овој момент има мало заостанување зад водечките екипи во Ла Лига.

Претседателот на клубот, Енрико Серезо е убеден дека резултатите на тимот ќе бидат и уште подобро, па во јавноста излезе со прилично храбра изјава.

„Подолг период имаме одличен тренер, одличен состав, како и одлични фанови и директори. Ниту една екипа во светот не игра добро на секој натпревар, не постои таков тим. Овој период буди убави чувства затоа што сите што го сакаат Атлетико знаат дека сме на вистинскиот пат. Не се плашам да кажам дека според мене се фаворити број еден за титулата, верувам дека и фудбалерите го чувствуваат тоа“, изјави Серезо. 

Атлетико на табелата во овој момент има шест бода помалку од лидерот Жирона, меѓутоа и натпревар помалку.


Беризо поднесе оставка, Чиле остана без селектор

Фудбалската репрезентација на Чиле остана без селектор. Неодамнешниот предводник на репрезентацијата на Чиле, Едуардо Беризо, поднесе оставка по ремито без голови против Парагвај во петтото коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година.

Аргентинецот Беризо во својата кариера беше тренер на членовите на шпанската Примера Селта, Севиља и Атлетик Билбао, а беше и селектор на репрезентацијата на Парагвај.

Чиле има лош старт на квалификациите за Светското првенство. Под водство на Беризo имаа само една победа во првите пет кола и беа на шестото место со пет освоени бода, што е премалку во споредба со нивните очекувања.

Наследник на Беризо на клупата на Чиле ќе биде до неодамна селекторот на младата репрезентација на таа земја, Николас Кордова, кој ќе ја води селекцијата како привремено решение.


Повредата на Винициус е сериозна, го чека долга пауза

Од почетокот на сезоната Реал Мадрид има проблеми со повредите на стандардните првотимци, а кошмарната ситуација за Карло Анчелоти се искомплицира со повредата на Винисиус Жуниор во настапот за Колумбија против Бразил.

Напаѓачот по натпреварот изјави дека повредата не изгледала наивно за сега лекарскиот тим на „кралевите“ да потврди дека ќе мора да паузира околу две недели.

„Лекарските прегледи покажаа напукнување на бицепсот на левата нога при што е зафатена и тетивата. Тој ќе мора да отсуствува два месеци од тренажниот процес и натпреварите на Реал“, објави клубот од Мадрид.

Од почетокот на оваа репрезентативна пауза се повреди и Камвинга, пауза е препорчаана и за Чуамени, а од стартот на сезоната потешки повреди заработија Куртоа и Милитао.

——-


Тотенхем го сака Рафиња од Барселона

Фудбалерот на Барселона Рафиња може да ја продолжи кариерата во Англија. Според „Football Transfers“, за 26-годишниот Бразилец е заинтересиран Тотенхем.

Неодамна беше објавено дека Каталонците се подготвени да се разделат со напаѓачот.

Рафиња дојде во Барселона од Лидс во летото 2022 година. Оваа сезона тој има постигнато два гола и три асистенции на 11 натпревари.


Реал долго без Јабуселе

Францускиот кошаркарски  репрезентативец Гершон Јабуселе ќе мора да паузира еден месец по повредата на коленото, информираат шпанските медиуми.

Французинот го скинал страничниот внатрешен лигамент на левото колено на мечот со Монако во Евролигата, па иако се уште нема прецизна прогноза се очекува негова подолга пауза.

Според најавите, Јабуселе се очекува да врати на натпреварите во јануари следната година. Просекот на Јабуселе сезонава во дресот на Реал Мадрид е 10,3 поени и пет скока по натпревар во Евролигата.


Халанд не е сериозно повреден, Пеп може да здивне

Повредата на норвешкиот фудбалски репрезентативец Ерлинг Халанд не е од сериозен карактер и најверојатно напаѓачот ќе биде надвор од стројот само во следните десетина дена.

Супер-ѕвездата на „граѓаните“ се пожали на болка во зглобот на пријателскиот натпревар со Фарските Острови и сите стравуваа дека ја обновил повредата што ја доживеа пред две недели, но лекарите смируваат и велат дека Халанд ќе одмора на квалификацискиот дуел со Шкотска, но наскоро ќе се врати во целосен тренажен процес.