feature

Реал спремен да испрати понуда за Трент Александер-Арнолд

Реал Мадрид ги следи случувањата околу десниот бек на Ливерпул Трент Александер-Арнолд, пренесува „Релево“.

Килијан Мбапе е само формалност, Алфонсо Дејвис е многу блиску иако Баерн не се откажува и сака да го задржи. Но, заедно со него во пакет, Реал Мадрид би можел го доведе и Трент Александер Арнолд од Ливерпул.

Договорот на Арнолд со Ливерпул истекува во 2025 година. Мадриѓаните од поодамна го имаат на радарот англискиот десен бек, но практично беше невозможно да го доведат поради фактот што претходно беше обврзан со голем договор со „црвените“. Сепак, по завршувањето на ерата на Клоп се уште не се знае во која насока ќе оди Ливерпул, па иднината на неколку староседелци се уште е неизвесна.

Како што пренесува „Релево“, преговорите меѓу Ливерпул и Трено околу нов договор не напредуваат, но сигурно има доволно време да се случи такво нешто. Тој е дете на клубот и не треба да се трошат зборови за тоа колку му значи Ливерпул.


Гермаинија по седум децении нема да дони Адидас-дресови

Германскиот фудбалски сојуз објави дека потпишал договор за партнерство со американскиот гигант во производствто на спортска опрема „Најк“ за периодот од 2027 до 2034 година.

Ова значи дека репрезентацијата после повеќе од седум децении нема да ја опремува германскиот производител „Адидас“.

„Адидас“ е познат германски бренд кој е основан во 1924 година, а во јули слави еден век постоење. Тие беа спонзор на германската репрезентација цели 77 години.

Поради тоа изненадувачки е што германската репрезентација ќе го замени „Адидас“ со најголемот ривал „Најк“


Борусија Дортмунд го сака на позајмица Нико Паз од Реал

Реал Мадрид во својата академија има неколку „бисеи“, а посебно интересот на европските клубови го привлекува Нико Паз.

19-годишниот фудбалер веднаш ги освои срцата на навивачите, откако на мечот против Наполи во ЛШ постигна фантастичен гол. Тој уште на своето деби за првиот тим покажа дека е голем талент и може да биде иднина на „кралскиот“ клуб.

Меѓутоа, не добива голема минутажа, па таквата ситуација сакаат да ја искористат Борусија Дортмунд и Бенфика, кои веќе ја почнаа битката за неговиот потпис.

Реал Мадрид е спремен да го пушти на лето, но само ако во договорот биде ставена бај-бек клаузула.


Јуве го продава Костиќ за да го доведе Черки

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус му ја отворил 

излезната врата на Филип Костиќ и веќе почнал да бара замена за Србинот.

Прва желба е младата ѕвезда на Лион, Рајан Черки, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.

Черки на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лион е спремен да слушне понуди, а Јувентус сака да ја искористи ситуацијата и да го доведе во Торино, бидејќи е голема желба на Алегри.


Пеп го жртвува Грилиш за потписот на Кварацкелија

Пеп Гвардиола на лето сака да направи реконструкција на тимот, а на врвот на листата желби е ѕвездата на Наполи, Квича Кварацхелија.

Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и сака да го продолжи договорот, но понудата од Сити сигурно ќе го натера на размислување.

Имено, Гвардиола е спремен на лето да го продаде Џек Грилиш и да понуди повеќе од 100 милиони евра за Грузиецот.

Грилиш има тешка сезона, а во клубот се загрижени поради неговиот напредок, па се спремни да го продадат на лето.


Луис Енрике: Би сакал Артета и Арсенал да ја освојат Премиер лигата

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике даде прогноза за борбата за титулата во Англија. Шпанецот го прогласи својот фаворит за трофејот меѓу екипите на Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити.

Трите екипи водат жестока битка за првото место, а актуелен лидер е тимот на Арсенал, кој има ист број на бодови со вториот Ливерпул. Манчестер Сити, пак, го зазема третото место, но заостанува само еден бод зад директните конкуренти. До крајот на борбата во Англија остануваат уште десет кола.

„Би сакал тоа да бидат Микел Артета и Арсенал. Ако не е тој, тогаш мојата желба е тоа да биде Пеп Гвардиола. Потоа Ливерпул или Астон Вила на Унаи Емери. На крајот сепак мислам дека Манчестер Сити ќе ја освои титулата“, изјави шпанскиот стратег на клупата на ПСЖ.


Лестер ќе почне со бодовен минус кога ќе се врати во Премиер лигата

Независната регулаторна комисија на Премиер лигата го обвини тимот на Лестер Сити за прекршување на правилата за одржливост за време на претходниот престој на тимот во англиската Премиер лига.

Во моментов оваа екипа игра во Чемпионшип, но ја делат првата позиција со Лидс Јунајтед и голема е веројатноста од новата сезона да се вратат во елитата.

Доколку клубот биде прогласен за виновен, неговото враќање во Премиер лигата може да започне со негативен број на бодови.

„Наводното прекршување се однесува на периодот на оценување кој завршува во сезоната 2022/23, кога клубот беше член на Премиер лигата. Лестер Сити испадна во Чемпионшип пред воведувањето на новите стандардни упатства на Премиер лигата кои пропишуваат временска рамка во која да ги разгледува случаите на финансиски неправилности. Затоа, постапките ќе се водат согласно распоредот што ќе го утврди независната комисија“, соопштија од Премиер лигата.

Лестер излезе со став дека е изненаден од истрагата против нив и ќе го брани својот став дека се невини.


Саутгејт ќе добие нов договор како селектор на англиската репрезентација

Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт сака да го продолжи договорот со Фудбалската асоцијација (ФА) до крајот на Светското првенство во 2026 година, пренесува британски Сан.

Саутгејт им соопштил на челниците на ФА дека сака да остане селектор најмалку уште две години. Британските медиуми пренесуваат дека управата на ФА по претстојното Европско првенство во Германија ќе одлучи дали ќе го продолжи договорот со Саутгејт. Тој има договор со ФА до крајот на оваа година.

Некои британски медиуми претходно објавија дека Саутгејт би можел да го преземе Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната, но селекторот на Англија во моментов не размислува за понудите од заинтересираните клубови.

Саутгејт е селектор на Англија од 2016 година


Робињо осуден на затворска казна за силување, ќе мора да одлежи во Бразил

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Робињо ќе отслужи затворска казна за силување во Бразил.

Според изворот, Високиот суд на правдата гласал да ја одобри казната на италијанскиот суд против Робињо, со тоа што казната е префрлена во Бразил. Се истакнува дека барањето за ратификација на странската пресуда ги исполнувало сите законски и процесни услови. Барањето за потврдување на италијанската казна е поднесено затоа што Бразил не ги екстрадира своите државјани на издржување казни во странство.

Одлуката може да биде обжалена од одбраната на Робињо во самиот суд и во Федералниот врховен суд.

Да потсетиме дека Робињо во 2017 година беше осуден на девет години затвор за силување во ноќен клуб во Милано во 2013 година, кога играше за Милан. Робињо и четворица негови пријатели, според италијанската правда, малтретирале млада Албанка која тој ден славела роденден.


Нова Фејсбук страница на Евротип

Заследи ја нашата нова Фејсбук страница и очекувај подарок изненадување. https://rb.gy/1cj942 (Evrotip спортски обложувалници)

Добитникот кој ја заследил нашата фб страница ќе биди избран по случаен избор на 01.04.2024.

Информирајте се за целосната понуда на Евротип и бидете во тек со сите промоции, бонуси и новитети во светот на спортот и спортското обложување. www.evrotip.mk#СекогашПовеќе!