feature

Астон Вила го договори Заниоло од Галатасарај

Италијанскиот репрезентативец, Николо Заниоло зад себе има одлични шест месеци во дресот на Галатасарај, но брзо ја завршува епизодата во Турција. Нов клуб на Заниоло ќе биде Астон Вила.

Заниоло во зимскиот преоден рок бараше трансфер во Милан, а кога се пропадна и влезе во лош однос со Рома единствениот излез му го понуди Галатасарај. По добрите настапи во турското првенство и освоената титула Унаи Емери го доведува во Премиер лигата.

Трансферот на Заниоло го потврди и тренерот на Галатасарај, Окан Бурук.

„Желбата на Заниоло беше да игра во Премиер лигата и ние ја почитувавме. Во такви услови, најдобро за клубот е да го пушти да замине. Веќе го имаме Тете и на негово место ќе доведеме засилувае“, изјави Бурук по вчерашниот триумф на Галатасарај над Олимпија Љубљана од 1-0.


Арнаутовиќ по една деценија се врати во Интер

Напаѓачот на Болоња, Марко Арнаутовиќ наскоро ќе му се приклучи на Интер, тврди новинарот Николо Шира.

Според изворот, 34-годишниот Австриец денеска ќе биде подложен на лекарски преглед пред да го комплетира трансферот во Интер. Претходно беше објавено дека Болоња за трансферот ќе добие 10 милиони евра.

Арнаутовиќ играше за Интер во сезоната 2009/10 на позајмица. Потоа одигра три натпревари за клубот и ја освои тројната круна како дел од миланезите.


Гичевска потпиша за романска Стинта Букурешт

Леонида Гичевска, една од нашите најдобри ракометарки во следната сезона ќе биде дел од романскиот шампионат.

Последната сезона Гичевска ја мина во Франција во редовите на Бесанкон, а сега одлучи да се придружи на Стинта Букурешт.

Првите ракометни чекори македонската репрезентативка ги направи во Свети Николе, подоцна настапуваше уште за Вардар, Металург и Куманово на домашната ракометна сцена, додека од странските клубови беше дел уште од францускиот Ле Пузен и Локомотив Загреб од Хрватска.


Вест Хем го доведе најдобриот изведувач на слободни удари во Премиер лигата

Tимот на Вест Хем го комплетираше трансферот на Џејмс Ворд-Праус од Саутемптон вреден 30 милиони евра.

По вкупно 20 години и 12 години во сениорскиот тим, Ворд-Праус се одлучи за нов предизвик и го избра минатогодишниот освојувач на Кoнференциската лига.

Договорот кој го потпиша 28-годишниот англиски репрезентативец е со важност до 2027 година.


Наполи го купи најголемиот шпански талент

Луѓето од Наполи успеаja да доведат големо засилување од Шпанија.

Нов играч на италијанскиот шампион ќе биде младиот, Габри Вега, кој ќе го напушти шпанскиот состав Селта Виго и ќе се пресели во Неапол. Целиот трансфер на фудбалерот од средниот ред ќе биде во висина од 42 милиони евра со вклучени бонуси.

Медиумите наведуваат дека Селта ќе добие и 10% од наредниот трансфер на 21-годишниот фудбалер.


Поставен нов трансфер рекорд со Каиседо

Еквадорскиот фудбалер Мозес Каиседо е нов играч на Челзи. Досегашниот клуб на 21 годишниот фудбалер, Брајтон, од овај трансфер ќе добие 116 милиони евра што претставува најголем трансфер во историјата на британскиот фудбал.

Договорот помеѓу Челзи и репрезентативецот на Еквадор е потпишан на осум години, со опција за продолжување на плус уште една.


Ливерпул заинтересиран за Чуамени

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е заинтересиран за доведување на Орелијен Чуамени од Реал Мадрид.

Според информациите, Ливерпул брзa да го засили тимот на позицијата централен дефанзивец, после неуспешниот обид за трансфер на Каиседо од Брајтон, кој одлучи кариерата да ја продолжи во Челзи.

Од Реал стигна информација клубот не е заинтересиран за продажба на Чуамени, меѓутоа челниците на „кралскиот клуб“ би можеле да го променат мислењето доколку Ливерпул излезе со понуда од 100 милиони евра.

Францускиот репрезентативец во Реал пристигна минатата година од Монако во трансфер вреден 80 милиони евра.


Спалети и Конте кандидати за селектор на „аѕурите“

Италија на помалку од еден месец до натпреварот со Македонија остана без селектор откако Роберто Манчини изненадувачки поднесе оставка. Федерацијата вчера официјално го потврди заминувањето на Манчини.

Манчини на кормилото на италијанската репрезентација седна во мај 2018 година и најголемиот успех го направи со освојувањето на Европското првенство.

Во италијанските медиуми веќе се споменуваат имињата на кандидатите за нов селектор.

Во потесниот круг наводно се Антонио Конте и Лучијано Спалети кој е без ангажман откако на Наполи му го донесе скудетото минатата сезона по пауза од 33 години. Конте од друга страна веќе беше селектор на Италија од 2014 до 2016 година.

Покрај Конте и Спалети кои важат за фаворити „Скај Спорт“ ги споменува имињата на Фабио Канаваро, Џенаро Гатузo и Даниеле Де Роси.


Бразилецот Фред еуфорично пречекан од фановите на Фенербахче

Фенербахче денес објави голамо засилување – Бразилецот Фред од Манчестер Јунајтед.

Бразилскиот репрезентативец беше промовиран во нов фудбалер на гигантот од Истанбул, а „црвените ѓаволи“ од овој трансфер ќе заработат 10 милиони евра.

Фред е третото големо засилување за Фенербахче по Един Џеко и Душан Тадиќ.


Мароканецот Амрабат на чекор до потпис со Јувентус

Јувентус е блиску до ангажман од мароканскиот фудбалер од редовите на Фиорентина, Софијан Амрабат.

Амрабат вниманието на себе посебно го сврте со настапот на Светското првенство минатата година, беше блиску до Барселона во јануарскиот преоден рок, но тој трансфер пропадна. Подоцна како да се „олади“ интересот за него, па се уште е во Фиорентина, а се поврзуваше и со Ливерпул, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед…

Сега, Јувентус сака да го доведе и во него гледа одлично засилување во средниот ред каде што „старата дама“ мора да се засили до крајот на преодниот рок.