feature

Два италијански клуба го сакаат Несторовски во своите редови

Илија Несторовски е во потрага по нов клуб, а како што стојат работите ќе остане во Италија.

Неколку клуба од Серија Б покажаа интерес за македонскиот напаѓач кој тренира индивидуално со цел да остане во форма за новиот ангажман. Најнови клубови на листата кои покажале интерес се Тернана и Парма.

Претходно со потписот на Нестор се поврзуваа Венеција и Палермо каде што во минатото настапуваше со голем успех. Исто така се споменуваше и Сампдорија.

Во последната сезона за Удинезе, Несторовски најголем дел помина на клупата за резерви, а повеќе шанса добиваше во финишот кога клубот го обезбеди опстанокот. Токму тие натпревари биле еден вид тест за Несторовски за новата сезона по кои Удинезе одлучи да не го задржи.


Стефан Ристовски најави повлекување од репрезентацијата

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан 

Ристовски, синоќа ја изненади јавноста со објава на социјалните мрежи со која најави привремено повлекување од нашата фудбалска репрезентација. Во објавата тој вели дека се повлекува поради нарушен однос со селекторот Благоја Милевски, но и поради одредени работи кои не функционираат во репрезентацијата.

Десниот бек на Динамо Загреб во својата подолга објава на социјалните мрежи не дава детални објаснувања за својата одлука, но нагласува дека ја донел истата поради фактот што функционирањето на националниот тим оди во погрешен правец.

Оваа одлука на капитенот секако е голем удар за македонскиот национален тим, а доаѓа во пресрет на продолжението на квалификацискиот циклус за ЕП 2024.


Кепа нов голман на Реал

Голманот на Челзи, Кепа Аризабалага е нов член на Реал Мадрид.

Шпанскиот голман во Реал пристигна на позајмица до јуни 2024.година и ќе биде замена за Тибо Куртоа кој заработи сериозна повреда на коленото, поради која ќе отсуствува подолг период.

28-годишниот Аризабалага после позајмицата и крајот на сезоната ќе мора да се врати во тимот од Лондон, бидејќи неговиот договор не вклучува опција за купување.

Кепа е член на Челзи од 2018 година, а претходно го бранеше голот на Атлетик Билбао.


Манчини неочекувано поднесе оставка, Италија во Скопје доаѓа со нов селектор

Многу неочекувана вест стигна од фудбалската репрезентација на Италија.  Роберто Манчини без никакви индикации, реши да ја напуштил селекторската позиција.

Селекторот кој ја предводеше својата земја до европската титула во 2021 година, но не успеа да се квалификува на Светското првенство во Катар во 2022 година, изненадувачки пред септемврискиот циклус квалификации за ЕП 2024 решил да си замине од позицијата.

Тоа значи дека Италија на мечот со Македонија во Скопје доаѓа со ново селекторско име.


Мбапе приклучен кон тренинзите на ПСЖ, дали се гледа крајот на кризата?

Ѕвездата на француската репрезентација и на шампионот ПСЖ, Килијан Мбапе, кој беше исфрлен од тимот поради спор околу договорот, е вратен во првиот тим, објави парискиот клуб.

„По многу конструктивни и позитивни разговори меѓу Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе пред натпреварот ПСЖ – Лориен, оваа сабота, играчот утрово е вратен во првиот тим“, објави ПСЖ преку соопштение.

Француските медиуми шпекулираат дека Мбапе ќе потпише нов договор со парижаните, а во договорот би требало да има и клаузула според која може да си замине следното лето.


Јуве и Сасуоло преговараат за Доменико Берарди

Јувентус се обидува да го обезбеди потписот на Доменико Берарди, јавуваат италијански извори.

Тренерот на „Старата Дама“, Макс Алегри јавно изјавил дека е среќен со својот тим, но Берарди останува фасцинантен и би можел да се вклучи во тимот.

Берарди сака да го напушти Сасуоло, но проблем за реализација е тоа што Сасуоло ќе бара висока сума за негова отштета. Прогнозите велат дека Сасуоло за слободата на Берарди бара 30 милиони евра.


Мбапе му посака добредојде на Дембеле

Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, кој моментално е суспендиран од првиот тим, со интересна порака го пречека Усман Дембеле, кој и официјално беше промовиран како ново засилување за францускиот првак.

Двајцата се соиграчи во француската репрезентација. 

“Добредојде дома брат мој, среќен сум што те видов овде. Авантурата започнува”, напиша Килијан на Инстаграм.

Мбапе е во немилост во ПСЖ поради неговата желба следното лето да го напушти клубот како слободен играч. 


Кевин Принс Боатенг замина во фудбалска пензија

Кевин Принс Боатенг објави дека ја завршува својата богата кариера.

Поранешниот репрезентативец на Гана збогувањето со фудбалот го потврди на неговиот Инстаграм профил.

„Те сакам најмногу на светот, но време е за збогум. Фудбалу, ти благодарам за се“, објави Боатенг.

Последните две сезони од кариерата Боатенг ги помина во редовите на Херта Берлин, клубот и каде што ја започна кариерата. Во минатото Боатенг беше дел од гиганти како Милан и Барселона, а го носеше дресот уште на Портсмунт, Џенова, Шалке 04, Лас Палмас, Ајнтрахт, Сасуоло, Фиорентина, Бешикташ и Монца.


Ла Лига поднесе жалба до Европската унија заради финансирањето на ПСЖ

Шпанската фудбалска лига верува дека финансирањето на составот на ПСЖ од Катар, го нарушува пазарот спротивно на правилата на Европската унија за странски субвенции.

Како дел од новата политика што произлегува од воведувањето на европска регулатива за странски субвенции кои го нарушуваат внатрешниот пазар, Ла Лига поднесе жалба до Европската комисија во врска со механизмите за финансирање на ПСЖ кои сериозно го нарушуваат внатрешниот пазар на Европската унија (ЕУ).

Регулативата стапи во сила на 12 јули 2023 година.


Лорис пред потпис со римски Лацио

Хуго Лорис како што стојат работите кариерата би можел да ја продолжи во редовите на италијански Лацио, објави „РМЦ Спорт“.

Цели единаесет години Лорис го чуваше голот на Тотенхем, а сега одлучи на 36-години да направи промена.

Лорис имаше договор со Тотенхем до 2024 година, но премиерлигаот му дозволи да го промени клубот како слободен агент. Во овој моемнт е најблиску до Лацио. Лорис сака преселба во калчолигашот кој сезонава ќе игра и во Лигата на шампионите. Претходно Лорис се поврзуваше и со Реал Мадрид откако се повреди Куртоа кој ќе паузира околу седум-осум месеци, сепак таа опција е малку веројатно во овој момент.