feature

Ламело Бил казнет од НБА лигата

Ламело Бол е казнет за офанзивен прекршок во четвртата четвртина, па фрустриран од одлуката на судиите, им покажа среден прст, што веднаш му донесе техничка грешка, а потоа и оваа финансиска казна.

Ова не е првпат 24-годишниот Бол да биде казнет за своето однесување.

Казната од 35.000 долари е втора најголема во неговата кариер, откако минатата година мораше да плати дури 100.000 долари поради „навредливиот“ јазик во текот на интервју по натпреварот.

Бол, кој ја игра својата шеста сезона со Хорнетс, беше избран од третото место на НБА- драфтот во 2020 година и веднаш беше прогласен за најдобар дебитант во сезоната.

Минатата сезона имаше просек од 25,2 поени на натпревар, што е највисок резултат во кариерата, на 47 настапи, но Хорнетс заврши со скор од 19 победи и 63 порази.


Канаѓанката Мбоко го освии турнирот во Хонг Конг

Канадската тенисерка Викторија Мбоко го освои ВТА турнирот од серијата 250 во Хонг Конг, совладувајќи ја попладнево Шпанката Кристина Буска со 7-5, 6-7 (9), 6-2 во финалето кое траеше речиси три часа.

Деветнаесетгодишната Мбоко, чии родители се преселиле во Канада од Демократска Република Конго на нејзини два месеци, ја освои својата втора титула во своето второ финале.

Во август оваа година, светската тенисерка број 21 го освои својот прв ВТА турнир, кога ја победи Јапонката Наоми Осака во финалето на турнирот во Монтреал.

Поразената 27-годишна Буска, која е родена во Молдавија, а од 2015 година настапува за Шпанија, прв пат играше за титулата на турнир од највисоко ниво.


Баерн пријави рекордна заработка од скоро милијарда евра

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен објави рекорден промет од речиси една милијарда евра за изминатата сезона.

Информацијата беше објавено за време на Генералното собрание на баварскиот гигант на кое на Херберт Хајнер му беше доделен нов мандат како претседател на клубот.

Извршниот директор Јан-Кристијан Дрисен изјави дека Баерн остварил промет од 978,3 милијарди евра за сезоната 2024/2025, што е зголемување од 2,8 проценти во однос на 951,5 милиони евра една година претходно. Според извештајот, Баерн имал нето добивка од 27,1 милиони евра за тој период.

„Баерн останува финансиски стабилен, на добар пат во однос на спортот и обединет како тим. И покрај некои турбулентни времиња и трансфер пазарот што достигнува нови височини, повторно постигнавме рекорден промет и профит. Ова покажува колку е невообичаено моќен овој клуб. Баерн е стабилен и не троши повеќе отколку што заработува. Тоа е нашата филозофија“, истакна Дрисен.


Синер убедливо го освои Париз и се врати на врвот на АТП листата

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на Мастерсот во Париз, откако вечерва во финалето, во два сета, го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим (АТП – 10), со 6-4, 7-6.

Синер до победата дојде за еден час и 53 минути и од понеделник повторно ќе биде тенисер број еден во светот, бидејќи со овој триумф го престигна Шпанецот Карлос Алкараз на АТП листата.

За Синер ова е 23. титула на АТП турнирите во неговата кариера, а петта оваа година.

Италијанскиот тенисер минатата недела го освои турнирот во Виена, а претходно освои два грен слем турнири, Австралија Опен и Вимблдон, а победи и на турнирот во Пекинг.


Мбапе израмни рекорд на Кристијано Роналдо

Килијан Мбапе го израмни рекордот поставен од Кристијано Роналдо додека играше за Реал Мадрид.

Францускиот фудбалер беше двоен стрелец на натпреварот против Валенсија, што беше негов осми натпревар по ред во кој успеа да постигне гол.

Го израмни рекордот на Португалецот, разликата е само што Роналдо постигна 19 гола во осум последователни натпревари, додека Мбапе стигна до бројката од десет гола.

Следниот рекорд би можел да биде ако Мбапе постигне гол против Елче и Џирона.

Откако пристигна во шпанската престолнина, светскиот шампион од 2018 година одигра 73 натпревари, со учинок од 62 гола и седум асистенции.


Мо Салах го постигна својот 250-ти гол за Ливерпул

Mo Salah celebrating his 250th Liverpool goal against Aston Villa

Мохамед Салах уште еднаш го запиша своето име во историјата на Ливерпул, постигнувајќи го својот 250-ти гол за клубот во клучната победа од 2-0 над Астон Вила во саботата. Големото достигнување дојде по несекојдневна грешка на голманот Еми Мартинез, кој му ја подари топката директно на Салах, оставајќи му лесна задача да погоди во празна мрежа.

Со овој погодок, Салах му помогна на Ливерпул да ја прекине серијата од четири порази во Премиер Лигата, а воедно стана само третиот фудбалер во историјата на клубот што стигнал до оваа бројка. По легендите Иан Раш и Роџер Хант. Откако пристигна на Енфилд во 2017 година, Египќанецот има постигнато 188 голови само во Премиер Лигата, потврдувајќи ја својата непроценлива улога во тимот.

Оваа сезона започна потешко за Салах и за тимот, но јубилејниот гол и крајот на негативната серија внесоа нов оптимизам меѓу навивачите. Мнозинството експерти гледаат во овој момент можен пресврт во сезоната. Шанса за Салах повторно да ја пронајде својата најдобра верзија и да го поведе Ливерпул назад кон врвот на табелата.


Салах како Лампард, само Руни и Ширер пред Египќанецот

Крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, постигна гол во натпреварот од 10. коло од Премиер лигата против Астон Вила.

Со овој гол Салах стигна до 279 гола и асистенции во Премиер лигата (190 гола и 89 асистенции), исто колку и легендата на Челзи, Френк Лампард , кој има 177 гола и 102 асистенции.

Само Вејн Руни (311 гола и асистенции) и Алан Ширер (324) остануваат повисоко на оваа ранг-листа.

Покрај тоа, постигнатиот гол беше 250-ти на 33-годишниот Египќанец за Ливерпул во сите натпреварувања.

Да потсетиме дека Ливерпул ја победи Астон Вила со резултат од 2-0.


Барселона се врати на победнички пат со триумф од 3:1 против Елче

Marcus Rashford and Fermin Lopez celebrating a goal for Barcelona

Барселона запиша значајна победа од 3-1 над Елче во неделата, откако се рехабилитираше по поразот во Ел Класико. Головите ги постигнаа младиот Ламин Јамал, Феран Торес и Маркус Рашфорд, кој со извонреден удар во второто полувреме го запечати триумфот. Елче успеа да постигне утешен гол преку Рафа Мир, но каталонците ја контролираа играта и заслужено ги освоија трите бода, со што се доближија до лидерот на табелата, Реал Мадрид, кој исто така забележа победа викендов.

Меѓу најзабележителните играчи беше Фермин Лопез, кој продолжува со импресивните настапи оваа сезона. Тој имаше клучна улога во нападот на Барселона, асистирајќи за головите на Торес и Рашфорд. Со својата брза реакција и чувство за простор, Лопез постојано создаваше проблеми за одбраната на Елче, заслужено добивајќи високи оценки од спортските аналитичари.

Маркус Рашфорд продолжува со одличните партии во шпанското првенство, постигнувајќи го својот 5-ти гол сезонава, придружен со 6 асистенции. Неговиот погодок против Елче беше вистинска демонстрација на прецизност и самодоверба. Англискиот напаѓач се етаблира како еден од клучните играчи на Барса, со висока ефикасност во додавањата и создавање шанси, што го прави незаменлив дел од офанзивниот механизам на тимот.


Барса и Јунајтед преговараат за откуп на договорот на Рашфорд

Од Барселона се многу задоволни од настапите на Маркус Рашфорд, кој е позајмен од Манчестер Јунајтед, и би сакале трајно да го ангажираат следното лето.

Сепак, Каталонците немаат намера да ја активираат договорената откупна клаузула во вредност од 30 милиони евра и ќе се обидат да ги преговараат условите за можен траен трансфер.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст

Една од главните причини е високата плата на крилото, кој заработува околу 14 милиони евра во шпанскиот гигант, иако ја намали својата заработка.

Рашфорд игра одлично во Барселона, сака да остане и е спремен да прифати дополнително намалување на платата.

Барселона ќе се обиде да ја намали откупната цена и да го договори трансферот за 20 милиони евра.


Нови два гола на Халанд, Сити впиша значајни три бода со Борнмут

Манчестер сити во дербито го победи Борнмут со 3-1 и се искачи на второто место на табелата. „Граѓаните“ имаат шест бода помалку од Арсенал, зад нив со по 18 поени се Ливерпул и Борнмут.

„Граѓаните“ изгледаа одлично на теренот, играа онака како што сака Пеп Гвардиола и стигнаа до заслужена победа и второ место.

Халанд ја отвори серијата во 17. минута, а осум минути подцна Донарума ги честеше гостите. По неговата грешка Адамес изедначи. Халанд со својот втор гол во 33. минута им ја врати предноста на „граѓаните“.

Норвежанецот продолжи да ги тероризира противничките одбрани оваа сезона, веќе постигна 26 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања, од кои 13 гола во Премиер лигата.

Точка на мечот, со деби голот за Сити, стави О’Рајли во 60-та минута.