feature

Лаутаро Мартинез последна желба на „кралевите“

Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде
доведување на врвен напаѓач.
После заминувањето на Бензема Реал остана без врвен напаѓач, а
најголема желба за нова „деветка“ е Лаутаро Мартинез. Лаутаро
неодамна потпиша договор до 2026 година, па Интер сигурно нема
лесно да ја пушти својата ѕвезда, но Реал е спремен да понуди повеќе
од 100 милиони евра.
Килијан Мбапе останува цел број еден за нападот на Реал Мадрид, но
Аргентинецот треба да пристигне заедно со Французинот.


Премиерлигашите го сакаат Димарко од Интер

Челзи и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани за италијанскиот репрезентативец и играч на Интер, Федерико Димарко.

25-годишниот Димарко игра одлично во дресот на Интер и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. Премиерлигашите го следат подолго време и сакаат да го доведат во своите редови, но тоа нема да биде воопшто лесно.

Интер не сака ниту да почне преговори за сума помала од 50 милиони евра и ќе се обиде да го задржи Димарко.

Меѓутоа, „нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и доколку прстигне богата понуда се спремни да го продадат.


Познат судијата за саботното „Ел Класико“ во Барселона

Судиската комисија при Ла Лига донесе одлука кој ќе ја дели правдата на Ел Класико. Довербата ја доби Хозе Марија Санчез Мартинез ќе биде назначен главен судија за натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид на 28 октомври. Ова на Радио Марка го соопшти поранешниот судија Павел Фернандез.

Претходно, Санчез Мартинез шест пати беше назначен за главен судија на Ел Класико, на овие натпревари екипите извојуваа по три победи.

Жоан Лапорта беше незадоволен од работата на овој судија на мечот против Реал Мадрид во октомври 2022 година. Тогаш претседателот на Барселона влезе во судиската соба за да добие објаснување за недосудениот пенал во корист на Барселона и досудениот пенал од 11 метри за Реал. Тој натпревар заврши со победа на Реал со резултат 3-1.


Тонали се спогоди со обвинителството во скандалот со обложување

Во Италија актуелен е скандалот со обложување, а најмногу се пишува за Сандро Тонали на кого му се заканува најсериозна казна.

Екс-фудбалерот на Милан призна дека се обложувал на натпревари на кои учествувал. Италијанецот заедно со својот адвокатски тим максимално соработува во истрагата, па обвинителите наводно се одложиле за побагла казна.

Претходно се пишуваше дека Тонали ќе биде суспендиран најмалку една година, но сега се прават напори за помала казна. Тонали како и да е нема да игра фудбал до крајот на сезона, меѓутоа од Њукасл сакаат да го имаат на располагање за почетокот на следната сезона.

Тонали покрај соработката во истрага прифатил и да има медицински надзор при неговото лечење од зависност и сето тоа ќе биде организирано во специјални установи. Претходно Николо Фаџоли од Јувентус доби суспензија од седум месеци и шест месеци лекување од зависност.


Евротип и Голд Слот горди спонзори на првиот спортски настан „Че трчаме“ во Прилеп

Во неделата на 22-ви октомври во Прилеп за прв пат се одржа спортскиот настан „ЧЕ трчаме“.
Низ прилепските улици беа одржани три трки и тоа детска, како и две трки за возрасни на 5 и 10 километри на кои продефилираа огромен број на учесници.

Чест да го поддржат настанот во својство на генерални спонзори имаа компаниите ЕВРОТИП и ГОЛД СЛОТ кои што уште еднаш ја покажаа својата посветеност кон спортот и социјализацијата на граѓаните.
Како компании чии вработени секогаш се стремат кон спортскиот дух и натпреварувањето, и сега не изостана интересот и пријавувањето за учество на трката, посебно на онаа во должина од 5 километри. Свое учество како тркачи од двете компании зедоа Филип Цветаноски, Дејан Наумоски, Ангела Елизабета Виданоска, Влатко Стојаноски, Антонио Ангелевски, Билјана Николовска, Ташко Башевски и Марија Дабеска кои добија безрезервна поддршка од своите колеги.
За настанот да биде комплетно покриен и од забавен карактер, Евротип и Голд Слот на повеќе локации низ градот имаа свои промотивни штандови со многу изненадувања, награди и промоции за сите посетители.

Најавуваме дека како општествено одговорни компании и во иднина ќе даваме целосна финансиска и мотивациска поддршка на вакви настани и локални иницијативи каде целта е да се промовира спортот, компетитивноста и здравиот начин на живот на граѓаните.


Роналдо откри уште колку ќе игра пред заминување во пензија

Кристијано Роналдо во разговор со новинарите ги откри своите планови за иднинатата. Роналдо кажа дека планира да игра во исто темпо и оваа сезона, а потоа ќе размисли дали ќе остане на теренот.

„Навивачите ме прават среќен и јас им возвраќам. Ќе играм и оваа сезона во вакво темпо, а потоа ќе размислам дали моето тело може да го издржи напорот“, изјави Роналдо

Португалецот игра за Ал Наср од јануари 2023 година, а по 12 натпревари сезонава постигна 12 гола и шест асистенции.


Ајакс го смени тренерот, Морис Стејн отпуштен по само единаесет натпревари

Ајакс реши да му врачи отказ на тренерот, Морис Стејн, кој пристигна во клубот пред само четири месеци.

Меѓутоа, Ајакс е во една од најголемите резултатски кризи во својата историја и се наоѓа на долниот дел на табелата.

Стејн ја напушта клупата на Ајакс по само 11 натпревари. Оствари само две победи, со четири нерешени и пет порази.


Михтарјан сака нов договор во Интер

Фудбалерот од средниот ред на Интер, Хенрих Мкхтарјан го коментираше договорот со клубот кој му истекува на крајот од актуелната сезона.

„Се чувствувам добро во клубот. Давам се од себе за да им помогнам на моите соиграчи. Работам на теренот а мојот агент се грижи за останатото. Никогаш не сум бил одбранбен играч но, правам се што е можно за да помогнам и во нападот и во одбраната“, вели играчот на Интер.


Џошуа бара борби со Вајлдер и Фјури па да ја заврши кариерата

Ентони Џошуа зборува за крајот на кариерата како боксер, иако неодамна наполин 34 години, но пред да се повлече од рингот сака да се бори уште со двајца ривали, а тоа се Тајсон Фјури и Дионтај Вајлдер.

Џошуа се обидува да договори борби против најголемите ѕвезди во боксот, но досега не падна договор за такво нешто.

„Ако не се борам со Фјури или Вајлдер, односно барем еден од нив, тогаш мојата кариера нема да биде целосна“, кажа Џошуа.

Џошуа наводно бил во преговори со Вајлдер, но засега нема конкретни информации во јавноста за тоа како течат преговорите.


Де Брујне во јуни заминува од Сити?

Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат медиумите на Островот.

Де Брујне на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Сити размислува дали да му понуди продолжување на соработката. Причина за тоа се честите повреди на 32-годишниот Белгиец, кој ќе пропушти голем дел од актуелната сезона поради повреда.

Отсуството на Де Брујне се чуствува во играта на тимот, но Белгиецот ќе мора да прифати помала плата доколку сака да остане на „Етихад“.

Во спротивно ќе биде продаден и „граѓаните“ ќе потрошат значителна сума за негова замена.