feature

„Кралевите“ спремни да понудат 100 милиони за Лаутаро Мартинез

Реал Мадрид е во потрага по врвен напаѓач, кој ќе може да го замени Карим Бензема.

Прв избор беше Килијан Мбапе, но Французинот најверојатно нема да пристигне ова лето, па сега „кралевите“ ќе се насочат кон Лаутаро Мартинез.

Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор до 2026 година, но Интер не ја исклучува можноста за продажба доколку стигне понуда повисока од 100 милиони евра.

Реал веќе стапил во контакт со агентот на Лаутаро и веќе почнал да работи на трансферот.

„Кралевите“ наскоро ќе испратат понуда од 100 милиони евра плус бонуси и ќе започнат преговори со Интер.


Скамака е замената за Ориги во Милан

Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака минатото лето се пресели во Вест Хем, но може експресно да се врати во Серија А.

Скамака со настапите во Сасуоло се етаблираше во еден од најголемите таленти на Апенините, но во Премиер лигата се уште не може да се адаптира.

Ситуацијата будно ја следи Милан, кој покажува сериозен интерес и сака да го донесе на „Сан Сиро“, бидејќи е во потрага по напаѓач.

Милан веќе исппратил понуда до Вест Хем и како дел од трансферот го нуди Дивок Ориги. „Чеканите“ се заинтересирани за Белгиецот, но во моментов не се согласуваат на ваква трампа.


Закарија во Вест Хем за 18 милиони евра?

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Денис Закарија, може да се пресели во  Вест Хем за околу 18 милиони евра иако клубот од Торино бара најмалку 25 милиони за 26-годишниот швајцарски репрезентативец.

Доколку „старата дама“ го реализира трансферот, тогаш парите ќе ги пренасочи за купување на играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Закарија во изминатата сезона беше на позајмица во Челзи. Тој даде еден гол на 11 натпревари.


Стефан Спировски потпиша за кипарски Етникос Ахна

Репрезентативецот на Македонија, Стефан Спировски по епизодата во Пјуник од Ерменија повторно ќе игра на Кипар.

Спировски е нов фудбалер на Етникос Ахна каде што настапува и поранешниот наш репрезентативец, Мартин Богатинов.

На Кипар, Спировски играше во сезоната 2021/2022, тогаш беше дел од АЕК Ларнака. Во кариерата претходно настапуваше за Пелистер, Работнички, Вардар, Ференцварош, МТК, Хапоел Тел Авив и Мариупол.


Хакан Чахланоглу верен на Интер до 2027 година

Откако Интер денес ја објави веста за новиот договор на дефанзивецот Алесандро Бастони, нешто подоцна клубот објави и обновување на договорот со играчот од средниот ред Хакан Чалханолу, кој повторно потпиша договор со финалистот од Лигата на шампионите до летото 2027 година.

Се верува дека турскиот интернационалец ќе добие зголемување на платата која сега ќе биде 6 милиони евра по сезона или еден милион повеќе од досега.

29-годишниот играч од средниот ред пристигна во Интер во летото 2021 година кога се приклучи со слободен трансфер откако му истече договорот со градскиот ривал Милан. Чалханолу веднаш се наметна како стартер во тимот на Симоне Инзаги, со 95 настапи за „нероаѕурите“ досега со 12 гола и 21 асистенција. Во првите две сезони во клубот, тој освои два Купа на Италија и два домашни Суперкупа.


Нелсон добива нов договор во Арсенал

Рис Нелсон ќе продолжи да игра за екипата на Арсенал. 23-годишниот фудбалер од средниот ред потпиша нов четиригодишен договор со лондончани со опција за продолжување на уште една сезона.

На 30 јуни, Англичанецот стана слободен агент, но, ги одби понудите од Серија А, Лига 1 и Премиер.

Тој во 18 натпревари минатата сезона во сите конкуренции постигна три гола и даде три асистенции. 


Ал-Ахли сака да ги спои Фирмино и Мане

По потврдениот трансфер на Роберто Фирмино, саудискиот клуб Ал Ахли сака да доведе уште еден фудбалер од шампионската генерација на Ливерпул. Садио Мане е следната трансфер цел на Ал-Ахли.

Клубот од Саудиска Арабија бара да го купи сенегалскиот крилен напаѓач по трансферот на неговиот поранешен соиграч од Ливерпул. Потпишувањето на Мане е една од приоритетните цели на саудискиот клуб ова лето.

Интерес за фудбалерот на Баерн покажуваат и Ал-Итифак и Ал-Наср.


УЕФА ја одби жалбата на Осасуна, клубот од Памплона остана без Европа

Eвропската фудбалска Унија (УЕФА) денес ја одби жалбата на УЕФА што значи дека шпанскиот тим дефинитивно нема да игра во Европа во новата сезона.

Осасуна беше казнета со исфрлување од Европа затоа што лица од клубот беа вмешани во местење натпревари во период од 2012-та до 2014-та година.

Клубот од Памплона најави дека на одлуката ќе се жали пред Судот за спортска арбитража во Лозана.

Во изминатата сезона, Осасуна заврши на седмото место и така требаше да настапува во квалификациите за Конференциската лига. Место Осасуна, сега таму ќе игра осмопласираниот Атлетик Билбао.


Тухел лично го убедува Кејн да дојде во Минхен

Тренерот на Баерн, Томас Тухел требал лично да го посети капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн за да го убеди да се пресели во Баварија.

Баерн Минхен не се откажува од Кејн, па сега во трката по неговиот потпис се вклучува и екс-менаџерот на Челзи. Кристијан Фалк, кој многу внимателно го следи Баерн Минхен, на својот Твитер пишува дека Томас Тухел го посетил домот на Хари Кејн за да го убеди на преселба во Германија.

Тотенхем бара 100 милиони фунти за Хари Кејн, кои Баерн Минхен во основа не сака да ги плати. Наместо тоа, прагот на сумата за трансфер која можат да ја понудат Германците е 86 милиони фунти.


Два премиерлигаши го сакаат Думфрис од Интер

Челзи и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани за холандскиот репрезентативец и играч на Интер, Дензел Думфрис.

Холаѓанецот минатата сезона се етаблираше во еден од најдобрите десни бекови, па го привлече вниманието на многу европски гигати. Интер има финансиски проблеми, па доколку пристигне понуда од 50 милиони евра е спремен да го продаде ова лето.

Манчестер Јунајтед и Челзи се спремни да ја платат таа сума и веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.

Тен Хаг лично разговарал со својот сонародник и го убедува да се пресели на „Олд Трафорд“.