feature

Витор Роке од Атлетико Параненсе пред потпис со Барса

Барселона одлучи да ангажира ново засилување за нападот, млад напаѓач кој ќе биде алтернатива за Левандовски.

Каталонските медуми пренесуваат дека Барселона е пред комплетирање на трансферот на големиот бразилски талент Витор Роке. Станува збор за 18-годишен напаѓач на Атлетико Параненсе, кој веќе дебитираше за бразилската репрезентација.

Роке беше на мета на многу европски гиганти, но Барселона ја победи конкуренцијата благодарение на Деко, кој е последник при трансферот.

Според информациите каталонскиот гигант за неговиот потпис ќе плати 40 милиони евра на три рати.


Алегри ги одбил милионите, сака да остане во Јуве

Масимилијано Алегри нема да го напушти Јувентус ниту за милионите од Саудиска Арабија.

Навивачите на „старата дама“ подолг период не се задоволни од работата на Алегри, посебно поради неговиот дефанзивен стил на игра и голем дел од нив бараа негово заминување. Шанса за промена на клупата се појави со понуда од Саудиска Арабија.

Ал-Хилал се обидел со плата четири пати од онаа што ја заработува во Торино да го убеди Алегри да ја напушти Европа, но одоговорот на Италијанецот бил негативен.

Алегри во Јувентус заработува седум милиони евра и имал прилика за многу поголема заработка, меѓутоа одлучил да каже „не“.

Овој втор мандат во Јувентус, Алегри го започна во 2021 година, а сезонава поради казната со одземени 10 бода тимот заврши на седмата позиција и наредната сезона ќе игра во Конференциската лига.


Меси потврди дека нема да игра на СП во 2026 година

Лионел Меси објави дека нема да игра за Аргентина на следниот Мундијал во 2026 година, ваквата одлука Аргентинецот ја најави и по освоената титула во Катар, а сега само потврди.

На следниот Мундијал Меси ќе има 39 години и смета дека нема да биде подготвен да и помогне на неговата репрезентација.

„Нема да играм на следниот Мундија. Ова беше моето последно Светско првенство, ќе видима каква ќе биде ситуацијата, но не верувам дека нешто ќе се промени“, изјави Меси.

Навивачите на Аргентина сепак и понатаму ќе се надеваат дека Меси може да настапи на турнирот на кој Аргентинците ќе ја бранат титулата освоена во Катар.


Винициус е најскапиот фудбалер во шпанското првенство

Винициус Жуниор, е на врвот на десетте најскапи играчи во Ла Лига, според податоците на веб-страницата Трансфермаркт. Вредноста на 22-годишниот напаѓач веќе изнесува 150 милиони евра. Цената на играчот се зголеми за 30 милиони евра во текот на сезоната, што го направи најскапиот играч во шпанското првенство.

Следни во рангирањето се играчите на Реал Мадрид, Родриго и Федерико Валверде, кои се проценети на 100 милиони евра. Иста е вредноста на Шпанецот Педри, кој настапува за вечниот ривал Барселона.

Веднаш по него е уште еден играч на Барса, а тоа е Гави чија трансфер сума е 90 милиони евра. Шести и седми се играчите на Реал Мадрид – Едуардо Камавинга и Аурелиен Чуамени кои се проценети на 85 милиони евра.

На осмата позиција е Френки де Јонг од Барселона, кој во моментов би можел да биде продаден за 75 милиони евра. Десетте најплатени играчи во Ла Лига повторно ги комплетираат играчи на Каталонците и на „кралевите“, како Едер Милитао од „кралевите“ и Роналд Араухо од Барселона чија цена моментално е 70 милиони евра.


Хамилтон ќе го продолжи договорот со Мерцедес

Директорот на Мерцедес, Тото Волф, во изјава за медиумите најави дека седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, би можел да го продолжи договорот со тимот до трката за Големата награда на Канада која се вози претстојниот викенд.

Договорот на Хамилтон со Mерцедес истекува за шест месеци, и веќе се појавија шпекулации дека тој има понуда од Ферари, меѓутоа Волф изјави дека Британецот е на чекор до постигнување договор околу нова соработка.

Очекувањата се дека новиот договор со 38-годишниот возач ќе биде за период од неколу години и дека тој ќе продолжи да настапува во Формула 1 и во иднина.

Ф1 шампионатот продолжува во недела за Големата награда на Канада.


Белингем шест години во Реал Мадрид

Реал Мадрид го официјализира потписот со досегашниот играч на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, кој во кралскиот клуб ќе остане во наредните шест години.

Според објавите од Реал Мадрид, 19-годишниот Англичанец, пред фудбалската јавност ќе биде претставен во текот на утрешниот ден. Белингем ќе биде еден од најскапо платените фудбалери во мадридскиот клуб. Целосната сума која Реал како обештетување ќе му ја плати на Борусија Дортмунд ќе достигне 130 милиони евра.

Белингем за англиската репрезентација има одиграно 24 натпревари и постигнат еден гол.


Џирона е фаворит за потписот на Барди

Енис Барди летово ќе ја промени средината и ќе го напушти турски Трабзонспор.

Подолг период се шпекулира каде Барди ќе игра наредната сезона, а според последните информации во игра влегла шпанска Џирона. Трабзон за Барди на Леванте му плати три милиони евра и сега сака за истата сума и да го продаде. Сепак, иако желбите се такви се најавува дека клубот поради економската ситуација ќе го продаде Барди и за половина од таа сума со цел да заштеди на неговата плата која изнесува 1.5 милиони евра по сезона.

Претходно Барди се поврзуваше со трансфер во МЛС лигата, па и Италија, но засега нема ништо сериозно.


ПСЖ ја купува ѕвездата на Мајорка?

Пари Сен Жермен ова лето ќе започне нов проект во кој ќе назначи нов тренер и би требало да пристигнат нови имиња, а едно од првите засилувања кое може да пристигне е изненадување.

Шпанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ би можел да плати 22 милиони евра за фудбалер кој го носи дресот на Мајорка. Станува збор за Канг-Ин-Ли кој подолго време важи за поголемите фудбалски таленти и беше вистински бисер на Валенсија, но откако не доби вистинска шанса на „Местаља“ си замина во Мајоркја.

Изборот да премине во Мајорка беше вистински погодок за него и почна да го покажува својот талент. Јужнокореецот зад себе има одлична сезона со која го свртел вниманието и на ПСЖ.

„Марка“ и „АС“ тврдат дека во ПСЖ веќе дале зелено светло за трансферот.


Саудиска Арабија е идната дестинација на Стивен Жерард

Стивен Жерард ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Според новинарот Николо Шира, Жерард би го водел Ал-Итифак од Саудиска Арабија. Претходно беше објавено за интерес за англискиот стручњак од грчки Олимпијакос и турски Трабзонспор.

Од Астон Вила, англискиот тренер доби отказ во октомври минатата година и во моментов е без ангажман. Ал-Итифак минатата сезона ја заврши на седмото место на табелата во првенството на Саудиска Арабија. Астон Вила, предводена од Унаи Емери по Жерард, заврши како седма во Премиер лигата.

Стивен претходно го водеше шкотскиот Ренџерс, а пред тоа работеше во младинскиот тим на Ливерпул.


Србинот Самарџиќ е замената за Брахим Диаз во Милан

Лазар Самарџиќ игра одлично во дресот на Удинезе и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

21-годишниот офанзивен играч за врска е роден во Германија, но има српски корени и избра да игра за српската репрезентација. Тој игра одлично во Серија А, а најсилен интерес за неговите услуги покажува Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.

„Росонерите“ се во потрага по офанзивен играч за врска, бидејќи бараат замена за Брахим Дијаз кој се врати во Реал Мадрид.

Пиоли верува дека Самарџиќ ќе биде идеална негова замена бидејќи покажа дека е еден од најталентираните играчи во Серија А.

Медиумите тврдат дека Удинезе за неговата слобода бара 20 милиони евра, сума која Милан е спремен да ја плати.