feature

Џонатан Та прв пик за одбраната на Реал

Луѓето од Реал Мадрид ги направиле првичните контакти со претставниците на фудбалерот, Џонатан Та, пренесоа дел од медиумите во Шпанија.

„Кралевите“ се соочуваат со многу повредени играчи и затоа сакаат да обезбедат квалитетни засилувања. Се претпоставува дека евентуалниот трансфер на фудбалерот на Баер Леверкузен, може да се случи во зимскиот период.

Та во сезонава има одиграно четири средби. Неговата трансферна сума е околу 30 милиони евра.  


Заради фалсификуван пасош Реал губи две титули?

Шпанскиот кошаркарски тим Реал Мадрид се соочува со сериозни проблеми поради нивниот поранешен кошаркар Маркус Слотер, кој наводно играл за екипата со фалсификуван пасош.

Шпанските власти објавиле налог за апсење на поранешниот кошаркар на „кралевите“ во сезоната 2014/15“, а поради тоа Реал би можел да изгуби пехари во Ендеса лигата и Купот на Кралот. 

Медиумите пишуваат дека Слотер би можел да добие и 16-месечна затворска казна доколку на суд се потврди дека е виновен.

Доколку биде потврдена вината на Слотер, тогаш „кралевите“ би можеле да ги изгубат двете титули, кои би ѝ припаднале на Барселона.


Били Барон означи крај на професионалната кариера

Американскиот кошаркар Били Барон објави крај на својата кариера. Берон минатата сезона ја мина во Милано каде поради повреди одигра само три натпревари, а неодамна реши да замине  Шангај шаркс и кариерата да ја продолжи во Кина, но се чини дека нема да остане таму.

Били Берон е син на Џим Барон, познатиот тренер НЦАА тренер и помлад брат на некогаш одличниот бек шуте Џими Берон. Били Берон ја започна својата колеџ кариера во Вирџинија.

Во Европа покрај за Црвена звезда и Милано, играше и за Литвос Ритас, Шарлоа, Мурсија, Ескишехир и Зенит Санкт Петербург.


Алисон скоро два месеци надвор од терените

Ливерпул ќе биде без првиот голман Алисон Бекер до крајот на
репрезентативната пауза во ноември, откако се вратија тестовите за повредата што ја заработи при победата од 1-0 на гостувањето
кај Кристал Палас викендов.
Бразилскиот интернационалец беше принуден да го напушти
натпреварот на Селхурст Парк поради проблем со тетивата.
„Тајмс“ пишува дека поради сериозноста на проблемот тој нема
да се врати на терените до крајот на репрезентативната пауза
следниот месец.
Позитивната вест е дека Алисон најверојатно ќе се врати навреме
за натпреварите од Лигата на шампионите со Реал Мадрид на
„Енфилд“ на 27 ноември и гостувањето кај шампионот Манчестер
Сити на 1 декември.


Баер Леверкузен спрема нов договор за Вирц

Баер Леверукзен ќе ја продолжи соработката со 21-годишниот
напаѓач, Флоријан Вирц, најавуваат денеска медиумите во
Германија.
Елитниот состав од Бундеслигата сака да му понуди на младиот
голгетер нов договор кој ќе биде валиден до 2028 година. Самиот
играч неодамна нагласи дека му се доаѓа кај „фрамацевтите“ и
дека нема намера во догледно време да ја менува средината.
Вирц во сезонава постигна четири голови и направи една
асистенција на шест натпревари.


Зубименди категорички ги одби Пеп и Сити

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, нема намера
да прифати евентуална понуда од Манчестер Сити.
Познато е дека англискиот состав бара соодветна замена за
повредениот, Родри а изборот наводно, паднал на 25-годишниот
играч на шпанскиот тим.
„Мислам дека е најдобро за мене да останам во Реал Сосиедад.
Имам уште многу да му дадам на клубот, уште сакам да растам и
да се развивам тука“, вели Зубименди.


Атлетико го смени името на својот стадион

Атлетико Мадрид го смени името на својот стадион. „Цивитас
Метрополитано“ и отсега ќе го носи името „Ријад Ер
Метрополитано“.
Тоа веќе го пишува на објектот, со тоа што дебито е на 20
октомври кога Атлетико Мадрид ќе го пречека Легањес. Екипата
на Атлетико Мадрид ќе добие 250-300 милиони евра откако ќе
потпишат договор на 9 години со арапската компанија.
Атлетико игра на Метрополитано од сезоната 2017/18. Во
почетокот објектот го носеше името „Ванда Метрополитано“,
потоа беше променето во „Цивитас Метрополитано“.


Кун Агуеро поднесе тужба против Барселона

Иако имаше договор на две сезони со Барселона, сепак постигнаа
договор да му биде исплатена само првата сезона, а
„каталонците“ планираа тие три милиони евра да ги покријат од
осигурувањето кое го имаат фудбалерите.
Сепак, осигурувањето одби да го плати тоа, обвинувајќи го
фудбалерот и неговиот менаџер дека знаеле за срцевите
проблеми и не го известиле клубот кога потпишале, нешто што
категорично беше негирано.
Сега Агуеро се обидува да ја „седне“ Барселона на маса и да се
договорат, па затоа е покренат судски спор, а целта е вонсудски
да се договорат.
Фудбалерот е подготвен да прифат и исплата на рати, со што
парите би ги добивал во рок од пет години.


Клоп се враќа на работа, ќе биде шеф на групацијата Ред Бул

Трофејниот германски тренер Јирген Клоп ќе биде „Раководител
на фудбалот“ во Ред Бул, пренесува Sky Sport.
Според изворот, 57-годишниот Германец ќе биде одговорен за
развојната стратегија на РБ Лајпциг, Салцбург, Њујорк Ред Булс и
други тимови од франшизата. Клоп ќе започне со работа на 1
јануари 2025 година.
Германскито фудбалски стручњак ќе има и опција да го раскине
долгогодишниот договор доколку добие покана да стане селектор
на германската репрезентација.
Клоп летото го напушти Ливерпул, кој го водеше од октомври 2015
година. Со премиерлигашот еднаш го освои шампионатот, ФА
Купот и Суперкупот, Лигата на шампионите и Суперкупот на
Европа.


КС Групација ја спроведе 13-та крводарителска акција

Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа и Премиум Сејфти Солушн кои се дел од КС Групацијата денес успешно ја спроведија 13-та по ред крводарителска акција на која се собраа голем број на крвни единици.
Крводарителската акција се одржа во канцелариите на КС Групација во Битола и беше со отворен карактер. Оваа крводарителска акција како и сите предходни поттикна голем интерес кај вработените од Битола, но и кај вработените од другите градови. Кон оваа крводарителска акција се приклучија и вработените од Минт Финтек Груп.


Редовното организирање на крводарителските акции е составен дел на работењето на сите компании од КС Групацијата кои со личен пример сакаат активно да допринесат за зголемување на свеста кај останатите компании кон дарувањето на крв кое е од витално значење за спасување на човечките животи.

Од менаџерскиот тим на групацијата порачаа дека организирањето на крводарителските акции ќе продолжи и во иднина бидејќи хуманоста е еден од главните постулати на програмата за општествена одговорност на самата групација.