feature

Роналдо објави кога ќе ја заврши професионалната кариера

Кристијано Роналдо им порача на раководството на Ал Наср дека има намера кариерата да ја заврши во редовите на овој клуб.

Тој е под договор до 30 јуни 2025 година и тоа би можело да биде датумот кога ќе заврши една од најголемите кариери досега, иако постои можност таа да трае уште подолго. Медиумите од Саудиска Арабија наведуваат дека Португалецот веќе ја соопштил оваа одлука до раководството на клубот.

Легендарниот напаѓач е под договор со оваа екипа до 30 јуни 2025 година. Тоа, според сите проценки, може да биде датумот кога ќе заврши една од најголемите кариери во историјата на фудбалската игра.

Роналдо по одличната партија и двата гола против Ал Ахли испрати силна порака до сите во светот на фудбалот.

„Сакам да постигнувам голови и да победувам. Сакам да го правам ова додека нозете не ми кажат дека е доста. Велат дека Роналдо е готов, но јас продолжувам да им докажувам дека грешат. Уживам во фудбалот и најважно е тимот да победи “, рече КР7.


Интер до крајот на годината добива нови сопственици

Интер до крајот на 2023 година би можел да добие нови сопственици, пренесуваат медиумите од Италија.

Инвеститорската банка „Рејн груп“ пронајде заинтересирана странка од Блискиот Исток која беше подготвена да го купи Интер и тоа според условите кои ќе ги побара актуелниот сопственик, Стивен Жанг. Според информациите, Жанг е спремен да го продаде Интер за нешто над една милијарда евра.

Жанг има долг за враќање кон инвестицискиот фонд „Оуктри“ со рок до мај 2024 година. Долгот на кинескиот бизнисмен изнесува околу 275 милиони евра или околу 400 милиони со каматата од 12 отсто.

Меѓутоа се пишува и дека Жанг сакал да ги почека промените на ФИФА и УЕФА кои ќе ја донесат новата Лига на шампиони со поголеми приходи која треба да биде пандан за идејата за Суперлигата. Одлуката треба да биде донесена во следните два месеца.


Белингам неизвесен за мадридското дерби

Џуд Белингам во овој момент игра во најдобра форма во тимот на Реал Мадрид и постигна неколку голови со кои донесе важни бодови, токму затоа последната вест е загрижувачка за „кралевите“.

На последните шест натпревари Белингам постигна шест гола и донесе бодови во првенството, но и Лигата на шампионите кога беше стрелец на единствениот гол за неговиот тим против Унион Берлин. Фудбалерот од средниот ред, летово дојде од Борусија Дортмунд и веднаш се наметна како одлично засилување.

Претходно беше потврдено и дека Винисиус Жуниор ќе го пропушти овој натпревар.


Клоп го сруши Роџерс и „раситна“ педесет победи во Европа

Тренерот, Јирген Клоп, дојде до педсесетта јубилејна победа во европските купови со екипата на Ливерпул.

Неговиот состав вчера славеше кај Ласк Линц со 3-1 и ги освои првите бодови во групната фаза во Лига Европа. Германецот со неговиот ефект на клупата на „црвените“, успеа да се наметне како еден од најуспешните менаџери кои работеле во Англија.

Ќе потсетиме дека Клоп пристигна  на „Енфилд“ во 2015 година кога го замени Брендон Роџерс.


Шмајхел: Невозможно е некој во Англија да се споредува со Сити

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел, проценува дека Манчестер Сити е главниот фаворит за освојување на трофејот во тековнава сезона во англиската Премиер лига.

„Мислам дека никој не може да се бори со Сити за титулата. Ако има таков тим, тогаш тоа е можеби Арсенал. Невозможно е некој да се споредува со Сити“, изјави поранешниот голман.

„Граѓаните“ по пет кола имаат максимален ефект. Веднаш до нив се Ливерпул, Арсенал и Тотенхем кои имаат по 13 бода.


Сериозно се повреди јануарското засилување на Барса

Виктор Роке, тинејџерската сезонација од Бразил игра одлично во Атлетико Параненсе.

Напаѓачот е во овој клуб до крајот на сезоната бидејќи е се договорено и потпишано околу неговиот трансфер во Барселона идното лето. Познато е и дека доаѓа за оштета од 40 милиони евра, две години веднаш по 17-ot роденден Атлетико го доведе од Крузеиро за пет милиони евра.

Роке сезонава е одличен. На 41 натпревар постигна 20 и намести осум голови. Меѓутоа на последниот натпревар во 11. минута против Интернационал тешко се повреди. Од теренот беше изнесен во солзи, а според бразилските медиуми го чека долга пауза.


Мурињо: Оваа Рома мора да игра подобро

Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, се осврна на вчерашната победа во Лига Европа на теренот на Шериф. Португалецот кој уште ја одработува казната од УЕФА, мораше да го следи мечот од трибините.

„Не ми се допадна првото полувреме, бевме премногу бавни и немаше агресивност. Првиот гол го постигнавме среќно а потоа не направивме ништо иако ја контролиравме играта. Во вториот дел ми се допадна реакцијата на тимот кога Шериф изедначи. Заслуживме да победиме“, изјави „специјалниот“.


Дали Шарапова најавува враќање на тениските терени

Русинката, Марија Шарапова, иако се повлече од професионалните води пред три години, деновиве, изјави, дека тренира напорно за да го одржи телото во добра состојба.

На нејзината изјава реагираше Дарија Севил, која некогаш настапуваше за Русија а сега ги брани боите на Австралија.

„Јас очекувам уште едно враќање на Марија на терените. Никој не тренира како таа, можеби тоа значи дека сака да се врати на турнирите“, вели Дарија.


Бруно Фернандеш застана во одбрана на Онана

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, кој направи голема грешка на дуелот со Баерн Минхен во Лигата на фудбалските шампиони, доби поддршка од тренерот, Ерик тен Хаг и играчот од средниот ред Бруно Фернандеш. 

„Тој е одличен голман и не треба да презема никаква вина за ништо. Верувам дека Онана ќе има многу добри одбрани и ќе ни донесе многу бодови“, беа зборовите на Фернандеш.


Родриго ќе биде замената за Салах во Ливерпул

Јирген Клоп ќе мора да го засили својот тим во зимскиот преоден рок со некој квалитетен фудбалер.

Според последните информации, Клоп има тешка мета – Родриго од Реал Мадрид. Бразилецот има договор со „кралевите“ до 2025 година. Според бритнаските медиуми, Ливерпул е спремен за Родриго на Реал да му исплати сума од 100 милиони евра.

Најавите се дека Родриго би го заменил Салах кој во овој преоден рок остана, но неговата приказна со Саудиска Арабија изгледа не е затворена.

Родриго во Реал Мадрид одигра 171 натпревар и постигна 38 голови, додека за репрезентацијата на Бразил на 16 натпревари постигна четири гола.