feature

Голманот Ромеро предизвика хаос на дербито во Буенос Аирес

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро е во центарот на вниманието по инцидентот на трибините по Суперкласикото меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс. По последниот судиски свиреж Ромеро упадна на трибините на стадионот.

Натпреварот заврши со победа на Ривер Плата од 1:0, откако единствениот гол го постигна Мануел Ланцини во 20. Минута. По натпреварот настана хаос на трибините на стадионот кога видно исфрустриран Ромеро влезе во тунелот. Следувало викање и фрлање предмети, при што голманот не можел да се држи настрана и се вратил да се пресмета со навивачите.


ЕХФ го објави тимот на сезоната 2023/24

По состанокот на Извршниот комитет, Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави потесниот список со ракометари и ракометарки за наградата за најкорисен играч (МВП) во сезоната 2023/2024.

Во конкуренција на ракометари тоа се Дика Мем (репрезентација на Франција, член на Барселона), Емил Нилсен (Данска/Барселона) и Магнус Саугструп (Данска/Магдебург), а за наградата МВП за ракометарки кандидатки се Стине Офтедал (Норвешка/Ѓер, се пензионира на крајот на сезоната 2023/2024), Клое Валентини (Франција/Мец) и Лине Хаугстед (Данска/Ѓер, сега членка на Есбјерг), пишува ЕХФ.


Улрих се исповеда за допингот во професионалната кариера

Поранешниот велосипедист Јан Урлих даде коментар за документарниот филм во кој призна дека користел допинг во текот на неговата кариера.

Германецот победи на трката „Тур д Франс“ во 1997 година, но сега откри дека морал да помине низ пекол во животот.

„Алкохолот и дрогата ме турнаа во дупка. За малку ќе завршеше ужасно. Го видов пеколот, тогаш си реков дека следната недела ќе бидам мртов или ќе си го вратам животот. Љубовта на моите деца ме спаси“, откри Улрих.


Одредени двојките за четвртфиналето на Дејвис Купот

Извлечена е жрепката за пласман во финалната фаза од Дејвис Купот што ќе се одржи во Малага од 19 и 24 ноември.

Бранителот на титулата Италија во четвртфиналето ќе се соочи со Аргентина, а според најавите, актуелните шампиони ќе бидат засилени со светскиот рекет број 1 Јаник Синер и Лоренцо Музети, кои ја прескокнаа групната фаза во Болоња.

Победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе игра против победникот од пресметката меѓу САД и Австралија.

Германија за пласман во полуфиналето ќе игра против Канада, а домаќинот Шпанија ќе се соочи со селекцијата на Холандија.


Дика Мем ќе го прескокне Светското клупско првенство

Десниот бек имаше проблем со рамото, а деталните прегледи само ги потврдија стравувањата дека повредата е сериозна. Според информациите Дика Мем има мало изместување на десното рамо и ќе мора да пропушти неколку натпревари на Барса.

Конкретна прогноза околу паузата не беше наведена, но каталонските медиуми објавија дека Мем нема да може да настапи на претстојното светско клупско првенство, што од 27 септември до 3 октомври ќе се одржува во Каиро, Египет.


Алегри опција за Јунајтед ако Тен Хаг добие отказ

Манчестер Јунајтед се подготвува за можна тренерска промена. Англиските медиуми пишуваат дека раководството на Јунајтед веќе некое време го има намета италијанскиот стратег Масимилијано Алегри како можна замена за Тен Хаг.

Италијанецот го напушти Јувентус на крајот од минатата сезона, иако во два мандати на Јувентус му донесе пет шампионски титули. Тој и претходно беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, но конкретни преговори никогаш не се одржаа.


Чаби Алонсо ќе го наследи Анчелоти во Мадрид

Шпанскиот стратег Чаби Алонсо се етаблираше во еден од најдобрите млади тренери, но сепак ова лето одлучи да остане во Леверкузен и да игра во Лигата на шампиони.

Според информациите „кралскиот“ клуб има договор со Чаби Алонсо да го преземе кормилото од 2025 година, пренесуваат медиумите блиски до Реал Мадрид.

Анчелоти ја минува последната година на кормилото на Реал, а Алонсо на лето ќе дојде како негов наследник. Притоа, Шпанецот сака со себе во Мадрид да ја доведе и ѕвездата на Леверкузен, Флоријан Вирц.


Камавинга започна да тренира, наскоро се враќа на терените

Едуардо Камавинга следната недела ќе почне да тренира со соиграчите од Реал Мадрид, соопшти тренерот на европскиот клупски шампион Карло Анчелоти.

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид е повреден од натпреварот од Суперкупот на Европа меѓу Реал и Аталанта во средината на август, каде победи Реал Мадрид со 2:0.

„Тој се чувствува добро и е многу важен за нашиот тим. Преку него ќе можеме да ротираме во нашиот среден ред. Очекувам Камавинга да продолжи со тренинзите следната недела“, изјави Анчелоти за медиумите во Шпанија денес.

21-годишниот француски репрезентативец првично требаше да паузира најмалку шест недели. Реал Мадрид е домаќин на Еспањол во натпревар од Примера во сабота навечер.


Саудијците сакаат да го купат Атлетико Мадрид

Саудискиот инвестицски фонд од Саудиска Арабија се обидел да го купи Атлетико Мадрид, но како што стојат работите тоа нема да се случи.

Имено, Саудијците сакале да го искористат тоа што „Ријад Ерлајнс“ е главен спонзор, а директорот на Атлетико Гил Марин има пакет акции во атлетико во последните 20 години.

Сепак како што објави „Мундо Депортиво“ неформалните разговори за продажба на клубот завршиле неуспешно. Наводно, од Атлетико им соопштиле дека немаат намера да го продадат клубот, барем не во наредните три години.


Флензбург го купува најдобриот светски ракометар?

Како што пренесува германскиот весник „Билд“, најдобриот светски ракометар за 2023 година Матијас Гидсел, би можел да ги засили редовите на Фленсбург од 2026 година.

Ракометарот  од Данска има валиден договор со актуелниот вицешампион во Бундеслигата, Фиксе Берлин до летото 2028 година.

Заминувањето на одличниот десен бек секако би било голема загуба за „лисиците“, но и Фленсбург би требало да понуди голема сума на пари, што веројатно би претставувало рекорден трансфер во светот на ракометот.