feature

Леброн најави предвремена одлука за пензија

Суперѕвездата на НБА лигата, Леброн Џејмс ќе размисли дали да и стави крај на својата играчка кариера по синоќешната елиминација од Денвер во финалето на плеј-офот на Западот со максимални 4:0.

Според извори на доброупатените „Bleacher Report“ и “TNT“, 38-годишниот кошаркар ќе има „многу да размислува“ пред да ја донесе конечната одлука.

Леброн има уште две години од 97-милионскиот договор со ЛА Лејкерс, со опција за последна сезона. Тој влезе во својата 20-та сезона во НБА лигата и прашање е дали ќе ја почне и 21-вата на есен.

„Имам многу за размислување… Кога станува збор за мене лично и за мојата иднина во кошарката, исто така треба добро да размислам“, рекол Леброн.


Сака останува во Арсенал, доби најголем договор во клубот

Напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака го продолжи договорот со клубот. Ова го објави официјалниот сајт на Арсенал.

Терминот на договорот не беше соопштен, но јасно е дека договорот е долгорочен.

„Навистина сум среќен. Се зборуваше многу и помина многу време, но сега сум тука. Мислам дека ова е вистинскиот клуб, вистинското место за да се направи следниот чекор. Тоа е голем клуб – погледнете каде сме. За мене се работи за остварување на мојата лична амбиција, се трудам и давам се од себе на секој натпревар. Опкружен сум со сите вистински луѓе во однос на семејството, а кога доаѓам на тренинзите, моите соиграчи, стручниот штаб се чувствувам како да сум од секогаш овде. Мислам дека имам се што ми е потребно за да бидам најдобриот играч што можам да бидам и затоа сум среќен што останувам овде и ќе бидам тука во иднина бидејќи навистина верувам дека можеме да направиме големи работи“, рече Сака.  

21-годишниот напаѓач, кој се појави на сите натпревари во Премиер лигата во изминатите две сезони, постигна 14 гола во сите натпреварувања во сезоната 2022/2023 и исто така даде 11 асистенции. Досега Букајо Сака има 178 настапи за Арсенал.


Одржана Пинг Понг Бинарна лига Битола под покровителство на КС Гупација

На 22.05.2023 година, под покровителство на Спортските обложувалници Евротип, Голд Слот клубовите и Голд Фелициа од Битола, се одржа завршницата во Бинарната лига на пинг-понг.

На натпреварите кои се одиграа во спортската сала на ООУ„Св.Климент Охридски“, свое учество зедоа екипите кои се натпреваруваат во Бинарната лига: Seavus, Cylindo (3 екипи), X3M Labs, Inellipse и Netcetera (2 екипи).

Во финалето силите ги одмерија натпреварувачи од екипите на Netcetera и Cylindo, а како поуспешна екипа и освојувач на првото место беше Netcetera.

За најуспешните екипи на турнирот, организаторот и спонзорите обезбедија пригодни награди кои се доделија после завршување на натпреварите.

Организаторот на Бинарната лига во пинг понг најавува продолжување на истата и наредната година.


Фабиан Руиз ќе го менува Рабио во Јуве

Јувентус на лето готово сигурно ќе остане без Адриен Рабио, па веќе почна да му бара замена.

Рабио влезе во последната година на договорот и на лето ќе биде слободен агент, а нема најави за негово продолжување. Најголема желба на „бјанконерите“ е Фабиан Руиз, кој не се снајде баш најдобро во ПСЖ и е спремен да ја промени средината.

Шпанецот блескаше неколку сезони во Наполи, па минатото лето за 24 милиони се пресели во ПСЖ.  Меѓутоа, Руиз не се снајде баш најдобро во Париз и во системот на игра на Галтие, па сака да ја промени средината.

Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе во Милано на позајмица со право на откуп.


Тен Хаг пак ќе тргне по Френки де Јонг

Манчестер Јунајтед не се откажува од Фернки де Јонг и повторно ќе се обиде да го доведе на „Олд Трафорд“ ова лето.

Барселона минатото лето се договори со Манчестер Јунајтед за трансфер вреден 85 милиони евра за 25-годишниот фудблер од средниот ред, но тој одби да разговара за трансфер.

За Барселона најголем проблем е високата плата, а поради финансиските проблеми на лето повторно ќе мора да продава играчи.

Манчестер Јунајтед е во потрага по квалитетен играч за врска и најголема желба на Те Хаг е токму Де Јонг.

Сега раборите се променија, Манчестер Јунајтед ќе игра во ЛШ и сака да ја нападне титулата, па Холанѓанецот е отворен за преселба на „Олд Трафорд“.


Матеус: Тухел имаше договор со Јуве пред да потпише за Баерн

Лотар Матеус, во своето последно интервју за германските медиуми, објасни зошто морале да го обезбедат Томас Тухел и да го сменат Јулиан Нагелсман.

Искусниот стратег дојде на местото на Нагелсман, кој немаше добра сезона, па поради опасност дека Тухел ќе биде договорен од тим од Серија А, Баерн Минхен морале да направат радикален потег и на средина од сезоната да го ангажираат Томас Тухел.

„Отказот на Нагелсман не беше изненадување само за нас, туку и за сите околу нас. Нагелсман направи добри работи во Бунделсигата, можеби не беше добар во ЛШ, но годинава ги победи ПСЖ, Интер, Барселона два пати, не беше совршено, но не беше далеку од трофеј. Мислев дека во клубот се шегуваат, но сепак, тоа не беше први април“.

„Тухел имаше пред-договор со Јувентус, а Баерн Минхен беше нервозен поради тоа сознание. Тухел беше слободен и скоро договорен со Јувентус, а не му веруваа 100% на Нагелсман. Но кога сфатија дека мора брзо да реагираат за Јуве да не го обезбеди Тухел, му врачија отказ на Нагелсман“, открива Лотар Матеус.


Артета сака уште еден шампион во Арсенал, Гундоган опција за „топџиите“

Арсенал сака на лето значително да го засили тимот, откако оваа сезона не успеа да стигне до титулата.

„Топџиите“ во текот на целата сезона беа лидери, но на крајот има пад на формата и ја загубија титулата.

Артета сака да го засили средниот ред, а со оглед на потешкотиите да дојде до Даклан Рајс од Вест Хем сега ќе се насочи кон други цели.

Тренерот на Арсенал ќе се обиде да го добие потписот на Илкај Гундоган кој има договор со Манчестер сити до крајот на сезоната.

За Германецот интерес покажува Барселона, но „топџиите“ се спремни да ја победат конкуренцијата со побогата понуда.


Италијанските клубови го сакаат Ансу Фату од следната сезона

Ансу Фати после уште една слаба сезона најверојатно ќе ја напушти Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Агентот на Фати, Жорж Мендеш не е задоволен од третманот кој го има неговиот клиент во Барселона и веќе почнал да му бара нов клуб.

На Барса и се потребни пари да ги среди финансиските документи и Фати изгледа како добра можност за солидна заработка. Најсилен интерес за талентот покажуваат италијанските гиганти Милан, Јувентус и Интер.

„Калчомеркато“ пренсува дека најконкретен е интересот на Милан, кој е спремен да понуди 35 милиони евра за потписот на Фати.


Артур се враќа во Јуве по само 13 минути во Ливерпул

Јирген Клоп потврди дека „црвените“ нема да го откупат Артур Мело, кој е на позајмица од Јувентус.

Бразилецот одигра еден меч за „црвените“, односно само 13 минути во мечот од Лигата на шампионите против Наполи на гости. Артур не се покажа како добро засилување, па поради тоа ќе се врати во Јувентус после истекот на позајмицата.

„Му посакувам се најдобро. Неговиот професионализам и неговите способности се подобро познати на секој кој соработувал со него“, изјави Клоп.

За Артур нема повеќе место ниту во Јувентус, па на лето сигурно ќе си бара нов клуб.


Доживотна забрана за навивачот кој на расна основа го навредуваше Винициус

Челниците на фудбалскот клуб Валенсија, го идентификуваа навивачот кој на расна основа го навредуваше фудбалерот на Реал Мадрид Винициус Жуниор.

Од Валенсија соопштуваат дека на навивачот му изрекле доживотна забрана за доаѓање на стадионот „Местаља“ и следење на натпреварите на клубот. Од клубот потврдија дека соработуваат со локалната полиција која беше од голема помош што побрзо да се пронајде престапникот.

Бразилецот Винициус изрази големо разочарување од расистичките навреди кои се упатени кон него и побара од Ла Лига да преземе порадикални чекори кон спречување на ваквите појави.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека поради ваквите настани фудбалерот ќе побара заминување од Реал Мадрид и напуштање на Шпанија.