feature

Англиската елита лицитира за Деклан Рајс од Вест Хем

Одличните игри на Вест Хем оваа сезона ги воодушевија фудбалските фанови ширум планетата. Тимот на Дејвид Мојс игра многу добро и се бори за место кое води во Европа следната сезона.

Најголемата ѕвезда на тимот и стандарден репрезентативец на Англија Деклан Рајс е клучен играч на „чеканите“. Клубот од Лондон одбива да го продаде, но јасно е дека Рајс порано или подоцна ќе го напушти „Аптон Парк“ и ќе заигра во еден од најголемите англиски клубови.

Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс изјави дека Рајс во моментов чини 100 милиони фунти и дека не планираат да преговараат со клубови кои не се подготвени да одвојат толку пари за него.

За Челзи и Манчестер Јунајтед цифрата од 100 милиони не е недостижна, па двата клуба покажуваат голем интерес да го доведат одличниот играч за врска во своите редови.


Еден Азар разочаран од тренерот Анчелоти

Според извори блиски до Реал Мадрид, играчот од средниот ред на екипата, Еден Азар е разочаран од односот на тренерот Карло Анчелоти.

Сепак, Азар јавно не го искажува незадоволството и се обидува да одржува пријателска атмосфера во соблекувалната, се вели во информацијата.

Азар речиси и да нема минутажа во тимот, со 17 натпревари, 1 гол и 2 асистенции во сите натпреварувања оваа сезона.

Играчот од средниот ред има договор со Реал до 2024 година, но веројатно ќе го напушти клубот ова лето. 


Германката Пехштајн испиша историја со настап на својата деветта Олимпијада

Германката Клаудија Пехштајн стана највозрасната жена која некогаш настапила на едни Зимски олимписки игри.

49-годишната натпреварувачка во брзо лизгање се појави во трката на 3.000 метри во Пекинг, со што стана само вториот спортист, а првата жена, која осум пати се натпреварувала на Зимски Олимписки Игри. Пехштајн, која освои девет олимписки медали во кариерата, се изедначи со јапонскиот ски-скокач Нориаки Касаи по бројот на настапи на Зимските олимписки игри.

Интересно е тоа што Клаудија Пехштајн ќе наполни педесет години два дена по завршувањето на ЗОИ во Пекинг, трката ја заврши за 4:17.16 минути, што е речиси 20 секунди побавно од олимпискиот рекорд (3:57.70), кој сè уште го поседува од Игрите во Солт Лејк Сити во 2002 година. Пехштајн своите први медали ги освои на ЗОИ во Лилехамер во 1994 година.


Обамејанг: Барса е шансата на мојот живот

Пјер-Емерик Обамејанг едвај чека да заигра за Барселона. Тој пристигна од Арсенал како слободен играч откако Британците го раскинаа неговиот договор на последниот ден од пазарот. „Барса е шансата на мојот живот. Едвај чекам да се разбудам наутро. Како дете сонував да играм во Шпанија. Не размислував 2 минути откако дојде понудата“, рече тој.

Сепак, 32-годишниот фудбалер не е на теренот од 6 декември.

„Не сум играл некое време, но се ми е јасно во главата. Наскоро ќе бидам подготвен да помогнам и полека да се вратам на врвот. За мене сега е шанса да ја освојам Лигата на шампионите бидејќи никогаш не сум го направил тоа. Барса мора да го освои турнирот бидејќи е голем клуб и затоа сум тука. Мораме да направиме се за да се вратиме на турнирот и да триумфираме“, инспириран е репрезентативецот на Габон.

Договорот на Африканецот со Каталонците е до летото 2025 година, но може да биде раскинат во летото 2023-та на барање на двете страни. Неговата ослободителна клаузула изнесува 100 милиони евра.


Сенегал подготвен за титулата во Африканскиот куп на нации

Селекторот на репрезентацијата на Сенегал, Алиу Сисе се надева дека ќе го освои Африканскиот куп на нации во неговиот трет обид.

45-годишниот Сисе досега има две неуспешни финалиња со Сенегал на турнирот, едното како фудбалер во 2002 година и второто како селектор во 2019 година, кога Сенегал загуби од Алжир со 0:1.

Во обидот да дојде до трофејот, Сисе денес во финалето ќе се сретне со селекцијата на Египет.

„Имам исклучителен тим. Со овие момци работам шест години и за прв пат имам комплетна екипа со менталитет и карактер“, изјави Сисе.


Јунајтед и Сити во битка за потписот на Араухо од Барселона

Влијателниот шпански весник Марка, пренесува дека градксите ривали од Манчестер, Сити и Јунајтед, ќе се борат за потписот на дефанзивецот од Барселона Роналд Араухо.

Договорот на 22-годишниот уругвајски репрезентативец истекува следното лето и двата гиганти од Манчестер се подготвени да го доведат во своите редови, бидејќи го сметаат за еден од најперспективните млади играчи.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола неодамна беше забележан на вечера со менаџерот на играчот што дополнително ги подгреа гласините за трансферот на Араухо.


Цела европска елита го сака Гнабри од Баерн Минхен

Четири од најголемите клубови во Европа ја следат ситуацијата околу една од ѕвездите на Баерн, Серж Гнабри.

Вчера се појави информација дека крилниот напаѓач и Баварците не се многу блиску до договор за продолжување на договорот на играчот со германскиот гигант. Договорот на Гнабри со Баерн истекува во летото 2023 година.

Според информациите кои доаѓаат од Германија, Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул и Манчестер Јунајтед ја следат ситуацијата, но се очекува Гнабри да остане на „Алијанц Арената“. Фудбалерот сака иста плата како Кингсли Коман и Лерој Сане, кои можат да се пофалат со бруто плата од 15 милиони евра, без бонуси. Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман сака Гнабри да остане во тимот.


Ренова го претстави Мевљан Мурати

Како и што беше најавен во претходните денови Мевљан Мурати вториот дел од сезоната ќе го помине во Ренова.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија ќе го носи дресот на „гипсарите“ како позајмен фудбалер од Шкендија. Денес покрај Мурати Ренова го промовираше и Кахирмановиќ и се очекува и двајцата да бидат одлични засилувања во продолжение од сезоната.

Мурати во клубот пристигнува како засилување на десната бековска позиција.


Џердан Шаќири ја продолжува кариерата во Америка

Швајцарскиот репрезентативец, Џердан Шаќири,размислува за повторна промена на клубот.

30-годишниот футбалер, пред помалку од шест месеци направи трансфер од Ливерпул во Лион,  каде очекуваше борба за титулата во француското првенство.

Меѓутоа Лион се наоѓа на седмата позиција од табелата и Шаќири веќе веќе размислува за заминување од Франција. Како негова следна дестинација се споменува американската МЛС лига и клубот Чикаго Фајр.

Џердан Шаќири во својата кариера настапуваше за екипите на Базел, Баерн Минхен, Интер, Стоук, Ливерпул, и сега за Лион. За репрезентацијата на Швајцарија одигра 100 натпревари и постигна 26 гола.


Новицки: Не можам да одам од болки, можеби не требаше да играм толку долго

Легендата на Далас Маверикс и германската кошарка Дирк Новицки откри вознемирувачки детали за неговото здравје. Шампионот на НБА од 2011 година во интервју со фудбалската ѕвезда Тони Крос изјави дека има денови кога не може да се движи поради болки во стапалото. Како што е познато, Новицки е еден од играчите со најмногу сезони поминати во НБА – 21 година помеѓу 1998 и 2019 година.

„Враќајќи се назад, се прашувам дали требаше да ги одиграм моите последни две сезони во НБА. Можеби ако не ги одиграв, мојата нога немаше да ми прави такви проблеми сега. Ќе можам да шутнам топка со децата, што е невозможно во моментов. Моето стапало е во лоша состојба. Има денови кога не можам доволно да се движам поради болки. Не знам дали моите последни две години вредеа затоа што не постигнавме што било како тим. Ме тера да размислувам одвреме-навреме“, изјави Германецот.

Во последните две сезони, на кои Новицки се фокусираше во своето интервју, тимот не постигна никаков успех, па дури и не успеа да се пласира во плеј-офот. Во 2017/18 година тимот заврши со биланс од 24 победи и 58 порази, што пак му овозможи на тимот да ја добие сензацијата Лука Дончиќ од драфтот, а во 2018/19 година Маверикс заврши со скор од 33 победи и 49 порази.