feature

Одегард: Готово е, сега ги загубивме надежите за титула

Еден од најдобрите фудбалер на Арсенал оваа сезона, Мартин Одегард призна дека неговиот тим сега веќе „нема надеж“ да ја освои титулата во Премиер лигата.

„Топчиите“ загубија со 0-3 од Брајтон и го ставија Манчестер Сити на прагот на титулата, на кој му е потребна само една победа во последните три натпревари за да ја одбрани шампионската титула и оваа сезона.

„Сега ќе биде многу тешко, мора да бидеме искрени. Не е добро чувството во моментов. Начинот на кој игравме, особено во второто полувреме, не знам што се случи да бидам искрен. Сега се чувствувам како да нема надеж“, рече капитенот на Арсенал.


Едвардс потврди дека ќе игра за САД на Мундобаскетот

Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс може да биде именуван во тимот на САД за претстојното Светско првенство во 2023 година, кое започнува кон крајот на август.

„Тој би можел да игра на Светското првенство во 2023 година за тимот на САД пред Олимпијадата во 2024 година“, објавија извори од клубот.

САД на Мундобаскетот се дел од групата Ц. Тие ќе се соочат со Грција, Јордан и Нов Зеланд.


Младиот Уругваец Мурињо пред потпис со Атлетико Мадрид

Сантијаго Мурињо како што стојат работите ќе биде најновото засилување во одбраната на Атлетико Мадрид.

Станува збор за млад Уругваец роден 2002 година кој настапува за Расинг од Монтевидео, а според информациите преговорите помеѓу двете страни се во завршна фаза. Атлетико нема скапо да плати затоа што неговата вредност според „Трансфермаркт“ изнесува пола милион евра.

Интересот на Атлетико за младиот Мурињо го потврди претседателот на клубот, Вашингтон Лизандро.

„Атлетико е најмногу заинтересиран. Беа во игра повеќе заинтересирани клубови, но Атлетико е најблиску“, изјави претседателот на клубот.


Османи ја заврши својата четврта епизода во Шкендија

Шкендија и досегашниот тренер на тимот Ќатип Османи, по вчерашниот последен меч ПМФЛ ја завршуваат соработката. По мечот со Работнички, Османи во изјава за клупскиот сајт истакна дека овој меч за него беше последен како тренер на Шкендија.

“Ова беше мој последен меч како тренер на Шкендија. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите во клубот, за сета поддршка што ја имав од играчите, фановите, рајоводството и спонзорот. Им благодарам“ изјави Османи.

Од клубот го потврдија неговото заминување. Инаку, Османи ја презеде Шкендија во август минатата година.


Томас Милер демантира дека заминува во пензија

Германските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер ја демантира веста во која се вели дека тој на крајот од сезоната ќе си замине од клубот.

Весникот Билд пред неколку дена објави дека Милер на крајот од сезоната сака да го напушти Баерн и дека германскиот репрезентативец размислува да стави крај на играчката кариера.

33-годишниот Милер е член на клубот од Минхен од 2000 година. Тој за Баерн има одиграно 664 натпревари и постигна 235 гола. Со клубот има освоено вкупно 31 трофеј.


Погба после 390 дена се врати на теренот, но повторно се повреди

Францускиот играч за врска во редовите на Јувентус, Пол Погба, после 390 дена повторно се врати на фудбалскиот терен во победата над Кремонезе во Серија А.

Меѓутоа, Погба веќе во 21.минута беше принуден да го напушти теренот поради повреда. 30-годишниот фудбалер го пропушти поголемиот дел од тековната сезона поради проблеми со коленото, и не учествуваше на Мундијалот во Катар.

Погба имаше кратко враќање на терените во февруари против тимот на Рома, но и тогаш многу брзо ја обнови повредата.

Прашање е дали поради бројните повреди францускиот репрезентативец ќе остане во Јувентус и наредната сезона, иако неговиот актуелен договор е со важност на уште три години.

На три кола пред крајот на сезоната на Јувентус му е потребен уште еден бод за да го завери пласманот во Лигата на шампионите.


Ричарлисон ќе биде замената за Влаховиќ во Јуве?

Италијанските медиуми шпекулираат дека Душан Влаховиќ би можел да го напушти Јувентус во летниот преоден рок, а веќе се најавува и кој би можел да биде негов наследник.

„Калчомеркато“ пренесува дека една од опциите е Бразилецот, Ричарлисон кој како што стојат работите ќе го напушти Тотенхем. Ричарлисон има разочарувачка сезона во Тотенхем, иако се очекуваше да биде големо засилување, па сака да го напушти клубот.

Тотенхем исто така е спремен да слушне понуди, а најсилен интерес за него покажува Јувентус.

„Старата дама“ сака да го продаде Влаховиќ за 60 милиони евра, а за Бразилецот е спремна да понуди 50 милиони плус бонуси.


Реал ризикува службен пораз по голем пропуст на дуелот со Хетафе

Реал Мадрид вчера го победи Гетафе со минимални 1-0, единствениот гол на натпреварот го постигна Асенсио, меѓутоа оваа средба „кралевите“ би можеле службено да ја загубат.

Каталонскиот весник „Спорт“ потенцираше грешка поради која Реал може да остане без победата. Едуардо Камвинга го напушти теренот во 84. минута, а тогаш на негово место влезе Алваро Одраизола

Планот на Анчелоти првично бил Одраизола да влезе на местото на стрелецот Асенсио, но ситуацијата се променила кога се повреди Камaвинга.

Одриозола влегол во игра на местото на Асенсио, и во истиот момент од клупата на Реал му рекле дека тој останува во игра, а го повлекле Камавинга кој беше повреден.

„Измените ќе бидат ефективни кога резервата ќе влезе на теренот. Од тој момент, фудбалер кој го напушта теренот станува заменет играч, а резервата станува актуелен играч и може да почне да игра“, гласи официјалното правило.

Правилото стапило на сило кога во Реал се предомислија и место Асенсио од игра го извадија Камвинга.


Фиорентина се согласи да го пушти Амрабат во Барса

Фиорентина разговарала со Барселона за цената на отштетата за трансферот на играчот од средниот ред Софијан Амрабат, објавија неколку медиуми во Италија.

Според изворот, раководството на Виолетовите сака да добие 20-25 милиони евра од продажбата на нивниот фудбалер. Се известува дека сопствениците на италијанскиот тим нема да се мешаат во заминувањето на мароканскиот играч за врска. Клубот ќе му ја пружи сета можна помош на играчот и неговите претставници во преговорите со Барселона. Сезонава Амрабат има 45 натпревари за „виолетовите“ на сите турнири, на кои имаше една асистенција.

Договорот на играчот со клубот од Фиренца е со важност до крајот на јуни 2024 година (договорот има опција за продолжување на уште една сезона). Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт е 25 милиони евра.


Скариоло има понуда да се врати во НБА лигата

Серџо Скариоло е прв избор на раководството на Реал за тренер на екипата за идната сезона, но Италијанецот има и други понуди на маса.

Можно е да се врати во НБА лигата, но сега како главен тренер, првпат во својата професионална кариера. За него е заинтересиран Торонто Репторс кој неодамна се раздели со тренерот Ник Нурс и е во потрага по негова замена. Скариоло веќе работеше во Репторс, од 2018 до 2021 година, но како помошник на Нурс по што се врати во Европа и го презеде Виртус.

Италијански медиуми тврдат дека претседателот на Репторс, Масаи Уџири и генералниот менаџер Боби Вебстер пред неколку дена имале состанок со Скариоло во Болоња на кој му ги изнеле своите планови и понудата да го преземе тимот. Одговорот од искусниот стручњак не е познат, но тој ќе треба наскоро да ја донесе конечната одлука.

Иако има договор со Виртус на уште една година, извесно е дека Скариоло ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона, а ќе го наследи Андреа Тринкиери кој си оди од Баерн.