фудбал

Јувентус го продава Влаховиќ за 90 милиони евра

Италијанскиот спортски весник „Кориере дело Спорт“, ја пренесува информацијата дека новата управа на Јувентус има намера да го продаде српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.

Црно-белите од Торино се соочуваат со многу проблеми откако беа објавени финансиски малверзации со платите на играчите, по што екипата заработи казна со одземање на 15 бода во Серија А, а најверојатно Јувентус го очекува и едногодишна забрана за настап во Европа.

Поради овие причини, клубот ќе нема можност за плаќање на високите износи на плати кои ги заработуваат фудбалерите. Новата управа е подготвена, може да се каже и принудно да ги прифати понудите на Челзи, Арсенал или Манчестер Јунајтед за српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ, доколку сумата за негов ангажман би изнесувала најмалку 90 милиони евра. Тоа би биле десет милиони евра повеќе од тоа тоа што Јуве пред една година му плати на Фиорентина.

Душан Влаховиќ конечно се опорави од повредата која го мачи во последниов период, поради која играчот нема забележано настап дури од Мундијалот во Катар.


Семењо е нов фудбалер на Борнмут

Репрезентативецот од Гана, Антоан Семењо е нов фудбалер на премиерлигашот Борнмут.

23-годишниот напаѓач Семењо со Борнмут потпиша договор на четири и пол години со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна година.

Претходно Семењо беше член на Бристол Сити каде запиша 125 настапи, и постигна 21 гол и 22 асистенциии.

Семењо имаше настапи за Гана на неодамна завршеното Светско првенство во Катар, во натпреварите од групната фаза против селекциите на Португалија и Гана.


Трабзонспор бара три милиони евра за трансфер на Енис Барди

Во последниот период за нас интересна е ситуацијата со Енис Барди, македонскиот репрезентативец е пред заминување од турски Трабзонспор иако во овој клуб пристигна минатото лето.

Трабзонспор го доведе Барди за сума од три милиони евра, меѓутоа сега клубот сака да доведе нови странци и да ослободи простор затоа што тоа го бараат правилата во турското првенство.

Но, Транзонспор има и услов, нема да го пуштат Барди за сумата под која го доведоа. Три милиони евра плати Трабзон минатото лето на Леванте кој го продаде Барди кога испадна од шпанската Ла Лига.

Претходно Барди се поврзуваше со повеќе клубови пред се од Шпанија: Рајо Ваљекано, Мајорка, Кадиз и Еспањол, а тука се уште француска Ница и италијански Торино.


Интер го сака Кимпембе како замена за Шкрињар

Откако стана јасно дека Милан Шкрињар нема да го продолжи договорот, раководството на Интер ја започна потрагата по негова замена.

Договорот на Шкрињар истекува на крајот на сезоната, а Интер сака да го продаде до крајот на јануари, за да заработи на неговото заминување. „Газета дело Спорт“ пренесува дека прва мета на „нероаѕурите“ е капитенот на ПСЖ, Приснел Кимпембе, кој оваа сезона добива мала минута.

Со доаѓањето на Шкрињар во ПСЖ неговата минутажа додатно ќе се намали, па Французнот е спремен да ја промени средината.

Вредноста на 27-годишниот дефанзивец во моментов е околу 40 милиони евра,а Интер е спремен за неговиот потпис да понуди 30 милиони евра плус бонуси.


Трипие го продолжи договорот со Њукасл

Англискиот фудбалски репрезентативец, Киран Трипие, го продолжи договорот со Њукасл до 2025.година.

Тренерот на Њукасл Еди Хау, изрази задоволство од продолжувањето на соработката со дефанзивецот и има само пофални зборови за играта на Трипие во изминатиов период.

„Беше одличен на теренот и надвор од него. Киран покажа лидерски квалитети во тешки моменти за екипата, сега игра извонредно во тимот кој одлично напредува“, вели Хау.

Трипие пристигна во Њукасл од Атлетико Мадрид во јануари 2021.година. Оваа сезона тој запиша еден гол на 26 натпревари.

Црно-белите во моментот се наоѓаат на третото место во Премиер лигата, и имаат рекордна низа од 15 натпревари без пораз во лигата.


Премирлигашите се распрашуваат за ѕвездите на Торино

Фудбалерите на Торино, Никола Влаших и Саша Лукиќ, влегуваат во радарот на неколку екипи од Англија.

Според одредени шпeкулации, Вест Хем сака да си го врати Хрватот кој настапува како позајмен во Серија А.

Лукиќ, пак, кој добил понуда од Фулам, не крие дека сака да заигра во Премиер-лигата.  Според наведеното, англискиот состав е подготвен да плати 8 милиони фунти.


Јуве бара 20 милиони евра за откуп на Денис Закарија

Јувентус сака да го продаде Денис Закарија, кој во моментов игра на позајмица во Челзи.

После само шест месеци поминати во Торино, Закарија го напупшти кубот и ова лето се пресели во Челзи на позајмица.

Но и на „Стенфорд Бриџ“ не добива минутажа, па „сините“ сигурно нема да го откупат на крајот на сезоната.

Со оглед на фактот дека за Швајцарецот нема повеќе место во тимот на Алегри, Јувентус сака да го продаде и му постави цена од 20 милиони евра.


Страхиња Павловиќ прва опција на одбраната на Јуве

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Салцбург и српски репрезентативец, Страхиња Павловиќ.

21-годишниот дефанзивец игра одличо во Салцбург, а на Мундијалот ја доживеа својата целосна афирмација со добрите партии. Примарна цел на Јувентус на лето ќе биде доведување на дефанзивец, а Павловиќ е на врвот на листата желби.

„Старата дама“ веќе работи на трансферот и сака да ја победи конкуренцијата, а самиот Павловиќ го потврди интересот.

„Вистина е дека постои интерес од Јувентус за мене, но не сум бил во Торино. Јувентус е голем клуб и секогаш е чест кога те поврзуваат со такви гиганти. Ќе видиме што ќе се случи, сега сум фокусиран само на Салцбург“, изјави Павловиќ.


Матеус Нунеш наместо во Ливерпул може да заврши во Челзи

Челзи веќе потроши 180 милиони евра во јануарскиот преоден рок, но „сините“ не мислат да запрат со трансфери.

Челзи сака до крајот на преодниот рок да донесат уште еден играч за врска, а најнова мета е ѕвездата на Вулверхемптон, Матеус Нунеш. Нунеш е голема желба на Јиген Клоп и примарна трансфер цел на Ливерпул, но Челзи ќе се обиде да го „украде“ фудбалерот пред ривалот.

Нунеш минатото лето се пресели во Вулверхемптон од Спортинг за 45 милиони евра и веднаш се етаблираше во Премиер лигата.

Челзи веќе стапил во контакт со неговиот агент и спремен богата понуда за „волците“.


Енцо Фернандез останува во Бенфика и ќе добие бонус за верност

Фудбалерот, Енцо Фернандез, за тоа што остана во Бенфика и не ја прифати понудата на Челзи, ќе добие награда од  клубот.

Според информациите, челниците на португалскиот гигант  ќе му дадат премија од два милиони евра. Тоа е сепак условено, бидејќи „сините“ се уште имаат можност да ги купат неговите права доколку ја платат клаузулата од 120 милиони евра.

Фернандез на последното Светско првенство во Катар ја доби наградата за најдобар млад фудбалер.